Martins mom
|
OOoo честито стан, само убави моменти во него!!! Леле од 16 часот сум на работа, ама некако ич не ми се оди Башка како сум нервозна од синоќа, уште се тресам Па добро бе луѓе, дали познавате на овој свет баба и дедо што воопшто не сакаат да го чуваат внучето ни на саат време и во 2 и пол години што никогаш не го извадиле да го прошетаат. Ете јас тие монструми ги имам дома И плаќам на бабарогава 5000 месечно да ми го чува по 7 саати дур сум на работа и ме чекаат на кривина да си дојдам и дирекно примопредаја, ни секунда повише. Размислував и прекувремено да платам, да можам некогаш да излезам, ама нејќе Ај вие мамички што немате баби за чување, како се справувате со желбата да излезете некогаш со сопругот сами...што советувате? Ваљда не сум многу себична што сакам еднаш во 5 месеци да излезам навечер?!
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
(Одговор на членот Annet)
|