elenak
|
Да речеме дека се снаоѓам некако. Со оглед на тоа дека само една година имам зад себе како родител и немам баш некое големо искуство, само како минува времето, т.е како ми расте детето секојдневно се прашувам како ќе успеам да се снајдам понатаму, дали сум и ќе бидам добар родител... Знам дека ќе дадам се од себе, во тоа сум сигурна, а ,,ќе работам,, по примерот на моите родители затоа што сметам дека сум израсната во воспитано и културно дете, секако со прилагодување кон условите на денешното време и со некои промени кои јас ги сметам за нивни пропусти кај мене. Во принцип, самокритична сум, не самобендисана, но сепак би сакала условите и начинот на кој сум растена јас да ми бидат репер. Нормално, тука е и мм со потполно право како родител да внесе и свој удел со своето животно искуство. Досега, во одгледувањето и воспитувањето на детето не дозволувам мешање од надворешни фактори, кој сака да помогне во смисла да ја причува на кратко, да си поигра, бујрум, а за ,,солење памет,, не ми треба никој, тоа на сите околу мене им е јасно. Кога треба да се спие, кога и што треба да се јаде одлучувам само јас и никој друг, сите останати работат по инструкции Забелешки прифаќам ако се на место, и тоа најчесто од мм затоа што сметам дека за некои работи има поголемо познавање од мене. Досега сме согласни за се и мислам дека и понатаму нема да имаме конфликти околу воспитувањето затоа што имаме иста визија за ,,правиот пат,,. Но не е се така едноставно. Досега беше лесно, не разбираше ништо, работите си ги теравме како ние сакавме. Но од ден на ден сфаќаме дека пред нас стои личност, со сопствен карактер а не робот кој ќе го програмираме по наш терк. И знам дека патот нема да биде секогаш прав, понекогаш ќе биде и трнлив, но ќе се трудиме со сите сили да останеме во колосек. Нашата борба допрва започнува. Се надевам дека еден ден ќе можам да кажам дека сум ГОРД РОДИТЕЛ. Тоа е мојата најголема желба.
< Поракaта ја уредил elenak -- 22.1.2013 0:45:17 >
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
(Одговор на членот miana)
|