Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Зошто јадеме и кога не сме гладни? 30.9.2009 10:51:16
profesorica
Вашето тело очекува појадок, ручек и вечера во ист дел од денот кога сте го навикнале. Зошто чувствувате глад токму во тие периоди? Затоа што во тоа време сте јаделе во последните 100 или 1.000 денови.
ИMATE ЖЕЛБИ Колачи, торти… И покрај обилниот ручек вие сте подготвени за големо парче десерт. Според Ана Габо, диететичарка од Њујорк, тоа е сосема нормално. Нејзин совет е со месото да јадете и салата. Можеби на тој начин ќе ја задоволите потребата за слатко.
ИМАТЕ ОЧИ Кога гледате храна која ја сакате и храна која не ја сакате, вашиот мозок реагира сосема спротивно. Доволен е еден поглед на вашето омилено јадење и веднаш да почнете да ја бришете вашата уста. Секако дека ќе навалите, иако не сте гладни.
ВИНОВНА Е ПИЈАЧКАТА Иако научно не е докажано дека алкохолот отвора апетитет, теоретски е докажано многу пати. Дури и ние од редакцијата на Гурман™ можеме да го потврдиме тоа. Две пива или две чаши вино се доволно да ви се помати разумот. Секоја жена ќе ви каже дека е тешко да се придржувате кон диета ако испила еден или два аперитива во ресторан.
ЛАДНО ВИ Е Сигурно сте забележиле дека во зимскиот период јадете повеќе. Кога телото нема гориво, односно храна, метаболизмот се забавува. Кога ќе се најадеме, повторно се забрзува. Тој физиолошки закон мудро го користат добрите угостителите. Намерно ја одржуваат температурата во своите ресторани пониска, за гостите да нарачуваат повеќе храна.
ВИНОВНА Е ХЕМИЈАТА По обилниот оброк полн со јаглехидрати, телото само по неколку часови повторно ќе бара храна. Тестенините, лебот и слатките предизвикуваат пад на шеќерот во крвта. Затоа стануваме нереално гладни. ●
извор:Гурман
< Поракaта ја уредил profesorica -- 30.9.2009 10:52:02 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Зошто јадеме и кога не сме гладни? 27.12.2009 8:56:02
ripce
Според нутриционистите, најголемите грешки што ги прават луѓето е јадењето кога не сме гладни. Кога сите би јаделе само кога навистина се гладни, во светот не би постоеле дебели луѓе. Доктор Рис Каусман веќе цела деценија се занимава со контрола на телесната тежина, и тој смета дека доколку го контролираме јадењето нема да имаме прекумерна тежина. Ако ја ограничиме количината на храната кога не сме гладни, а јадеме нормално кога сме навистина гладни, тогаш ќе изедеме многу поразновидна храна, па дури и висококалорична храна, а сепак ќе имаме нормална тежина. Каусман предлага техника за стекнување на таква навика. Кога ќе посакате да изедете нешто помеѓу оброците, застанете една секунда, и кажете си:”Ако сакам, можам и смеам да го изедам ова. Но, дали навистина сакам, и дали навистина имам потреба, или можам да почекам уште малку”. Ако луѓето си го поставуваат ова прашање некогаш ќе си дадат потврден одговор, некогаш негативен, но сепак количината на храна што ја внесуваат ќе биде контролирана и добро измерена.
RE: Зошто јадеме и кога не сме гладни? 27.12.2009 10:52:06
arh_diz
пред да забременам јадев многу малку сите се цудеа како со таа храна живејам. Ама сега надокнадувам за тогаш да се јадело волку како јас сега просто неможам да верувам и пак гладна
RE: Зошто јадеме и кога не сме гладни? 27.12.2009 11:56:36
Боцко
се јаде и од досада. и тоа оние најлошите грицки, смоки, слатки... но постојаниот глад би можел да укаже на потреба а се прегледа тироидата. особено ако некој нон-стоп јаде а не се дебелее.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.