|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Соја во нашата исхрана
23.10.2009 13:09:11   
ripce
Колку сојата е застапена во вашето секојдневно мени?
Кои производи од соја најчесто ги употребувате?

Според многу истражувања сојата е комплетен продукт и природен лек во спречување на многубројни болести, на пример, тие што се врзани за холестеролот. Дејствува дури и подобро од лек: некои нејзини белковини ги активираат рецепторите на ,,лошиот" холестерол и го подобруваат неговото отстранување. Но, најинтересните новости се однесуваат на жените. Во сојата се откриени состојки што се добри во менопаузата: ги намалуваат и ублажуваат типичните тегоби, од бранови на топлина до промена на расположението и несоницата. Билните хормони од сојата ја надополнуваат намалената активност на јајчниците, а со тоа го намалуваат губењето на коскената маса. За тоа е доволно само 50г соја на ден. Сојата е максимално искористена во вегетаријанската исхрана како замена на месо, месни продукти, млеко и млечни продукти.


< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:32:50 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Соја во нашата исхрана
23.10.2009 15:05:18   
mis.
Многу ја сакам сојата иако  не ја користам многу често.Најчесто правам соја шницли,супа со соја трошки,соја трошки ставам и во ќофтето,ќофте од тиквица......ммммммммм

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:35:25 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Соја во нашата исхрана
24.10.2009 1:05:06   
nadica
најчесто ги конзумираме шницлите и печена соја обожавам за друго не сум пробала

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:35:44 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Соја во нашата исхрана
24.10.2009 16:22:27   
Bogdancanka
Јас само за шницли ја користам за друго не сум пробала а и незнам како се приготвува нешто друго со соја па ако имате некои рецепти напишете па ќе пробам.

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:36:02 >

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Соја во нашата исхрана
24.10.2009 16:31:48   
barbi
Ja obozavam sojata na koj bilo nacin dali vo supa ili kako snicli.A isto taka se stava i vo sarma i drugi jadenja kako zamena za meso.

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:36:28 >

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Соја во нашата исхрана
24.10.2009 20:31:25   
srekna mama
ми се свиѓа многуЧшницли,трошки,печена соја,а додека бев бремена пиев млеко од соја,а и сега си пијам-супер е

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:36:57 >

(Одговор на членот barbi)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Соја во нашата исхрана
24.10.2009 20:38:55   
mami
пробав млекоод соја и не ми се допаѓа, ми е како празно, не толку маслено како битолското, но затоа наместо смоки, кикирики и сл си грицкаме со мм печена соја, во ќофтињата задолжително ставам пола месо пола соја трошки, не сум пробала шницли додуша, ама ке биде и тоа еден ден...

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:37:47 >

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Соја во нашата исхрана
26.10.2009 14:59:27   
Saturn
Најчесто користам соја трошки (и тоа оние што се со розевкаста боја, како месо) за мусака, ќофтиња, полнети пиперки, полнети тиквици, лазањи. Правам понекогаш и похувани соја шницли, но не често бидејќи ми се многу мрсни. А од млекото пијам чоколадно млеко од соја. Сум пиела и јогурт, на почетокот ич не ми се свиѓаше, а сега ми е баш ОК, ама не го купувам често бидејќи го немам во околина, а ако одам до некој подалечен супермаркет можам да земам само еден поради краткиот рок на траење. Понекогаш ручам и во Биона разно разни соини специјалитети. Едно време земав и од оние грицките печени зрна од соја. Ау да, и соја мајонез имам користено и соја сос user posted image  А не сум некој прокламиран вегетаријанец, едноставно ме влече таквата исхрана, некако се лепам на се што е со префиксот „здрава храна“. Месо ретко јадам (сега малце повеќе бидејќи сум трудна, а иначе воопшто не го  ни готвев).

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:38:23 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Соја во нашата исхрана
27.10.2009 11:04:29   
ostoun
I jas mnogu ja sakam sojata vo razlicni oblici troski, snicli za grickanje, brasno itn. Edinstveno sto ne mi se dopaga e mlekoto od soja. Pred izvesno vreme procitav deka ima soja koja e stetna bidejki ima GMO no ne e sekoja soja takva.

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:38:42 >

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Соја во нашата исхрана
6.12.2009 9:57:28   
ripce
Сојата влијае на плодноста кај мажите

Неодамна беше објавено дека мажите кои секојдневно користат соја во исхраната, можат да бидат помалку плодни од оние кои не ја користат. Но завршената клиничка студија, вели дека е прерано да се донесуваат такви заклучоци и дека мажите воопшто не треба да го менуваат својот начин на исхрана, барем кога сојата е во прашање.


Најновата клиничка студија опфати 99 парови, кои имаат проблем со зачнување на дете. Мажите донираа примероци на сперма и пополнуваа прашалници за нивниот начин на исхрана во последните три месеци.

Научниците кои беа вклучени во студијата, предводена од доктор Jorge Chavarro од Харвардскиот универзитет, заклучија дека мажите кои секојдневно јадат соја или конзумираат млеко од соја имаат помал број на сперматозоиди во својата семена течност. Ваквата појава посебно е воочлива кај дебелите и гојазни мажи. Но научниците сепак тврдат дека ова е прелиминарна студија и резулатите не мора да се така драматични како што изгледаат.

Иако е утвредно дека бројот на сперматозоиди, кај оние мажи кои конзумираат соја е намален, сепак бројот е во границите на нормалното. Токму заради тоа се тврди дека нема потреба од менување на начинот на исхрана за зголемување на плодноста кај мажите.

Во текот на клиничкото истражување, исто така е забележано дека бројот на сперматозоиди не зависи од возраста, времето на апстиненција пред давањето на примерок, внесената количина на кофеин и алкохол и никотинската зависност.



< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:39:05 >

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Соја во нашата исхрана
9.12.2009 19:51:32   
ripce
Тофу - сирење од соја

user posted image

Сојата е добар извор на протеини. Таа обезбедува големи количини на висококвалитетни растителни протеини. Во продавниците за здрава храна може да се набави тофу, соино млеко, колачи од соја, тептех. 

Тофу се нарекува и сирење од соја, бидејќи се произведува слично како и сирењето, со згрутчување на протеините во соиното млеко. Поради богатиот протеински состав, тофуто е одлична замена за месо. На пазарот може да се најде свежо тофу, разни намази и мајонез од тофу.Азиското сирење од соја - тофу сè повеќе и кај нас станува дел од омилените јадења. Се користи за мачкање, а вегетаријанците го користат како замена за месо.

Професот Хадемар Банкхофер вели дека тофуто го зајакнува срцето и го намалува ризикот од рак.

Луѓето кои внимаваат на својата телесна тежина со задоволство јадат тофу, а причина за тоа е што ова сирење од соја има малку калории и воопшто нема холестерол. Иако името лесното се помни, малкумина знаат што навистина значи. Доаѓа од два кинески збора „то" за зрно и „фу" за сирење, бидејќи тофу се прави од зрна на соја. Тофуто е многу вкусно кога добро ќе се зачини. Зачинетото тофу може да се динста, вари или пржи и да се јаде со зеленчук.

Тофуто како и сите производи од соја позитивно влијае врз здравјето. Докажано е дека тофуто може да го намали високиот крвен притисок и високата вредност на LDL-холестеролот. Тофуто го зајакнува срцето и крвотокот.

Сојата содржи фитоестрогени кои имаат антиканцерски ефекти кога е во прашање ракот на дојката, на простатата, на дебелото црево, на белите дробови и на желудникот. Изофлавоните на сојата го имитираат дејството на тамоксифенот (лек кој се дава кај хормонско- зависен рак на дојка).

Се смета дека тофуто може да го намали и ризикот кај жените од рак на дојка, а кај мажите го намалува ризикот од рак на простата. Овој заштитен ефект на тофуто се објаснува со фактот што протеините од сојата во човековиот организам се претвораат во антиканцерогени супстанци.

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:39:29 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Соја во нашата исхрана
10.12.2009 12:57:14   
mother 29
Освен сојата за грицкање друго слабо!

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:41:01 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Соја во нашата исхрана
22.1.2010 10:10:43   
mami
жени ај вие што правите соја шницли кажете ми како ги подготвувате? сакам да пробам да направам деновиве

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:47:52 >

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Соја во нашата исхрана
22.1.2010 13:08:34   
Матеа
Јас многу пијам млеко од соја и воопшто многу сакам соја, ми се допаѓа и храна со соја. Многу е хранлива и корисна за организмот. Еве и на user posted image му зедов соја да си пие

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:48:21 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Соја
22.1.2010 13:09:34   
profesorica
воопшто не ја конзумирамеuser posted image user posted image user posted image ние сме месари ТУТО КОМПЛЕТОuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Соја во нашата исхрана
22.1.2010 13:10:26   
mis.
па ги варам околу еден час во коцка супа ги исцадувам убаво и ги похувам во јајце и презла и ги пржам мммммммммм

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:48:35 >

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Соја во нашата исхрана
22.1.2010 13:42:22   
mami
ооо па уште денес ке правам, ако воопшто стигнам по снегов накај домаuser posted image

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:49:13 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Соја во нашата исхрана
22.1.2010 21:54:06   
Bogdancanka
Состојките на сојата познати под името генистеин поволно делуваат на коските на жените кои имаат зголемен ризик од остеопороза.

Во истражувањето учествувале скоро 400 жени со остеопенија. Првите чекори на студијата биле на жените да им ја измерат густината на коските, по што следувала исхрана со низок удел на масти низ период од еден месец.Потоа следувала поделба на жените во две групи. Првата група добивала таблети кои содржеле генистеин, калциум карбонат и витамин Д.Другата група добивала слични таблети, но без генистеин. Жените земале една таблета дневно во период од две години.По две години, во групата која земала генистеин е утврдено и значително зголемена густината на коските, додека во другата група густината на коските само се намалила.Хемиската структура на генистеин наликува на естроген, женски хормон кои ги штити коските, а неговата концентрација се намалува по менопаузата.Токму поради сличноста со естрогенот, при земање на генестеин потребно е да се внимава, особено кај жените со зголемен ризик од рак на дојката.


< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:40:36 >


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Соја во нашата исхрана
22.1.2010 21:55:34   
Bogdancanka
Соја на стерилноста

стерилност тофу соја сој естроген сперма наслаги милилитар харвард консумација Регуларна исхрана во која има дури и умерени количини на јадење што содржат соја, можат да ја преполоват концентрацијата на сперма во организмот, покажува новото истражување на Харвард.
Во истражувањето објавено во журналот "Human Reproduction," во кое испитаниците консумирале по една порција храна со соја секој втор ден, резултатите покажале дека во еден милилитар семе од испитаниците имало по 41 милион сперматозоиди помалку. Според авторите причина за ова е што растителниот естроген во храна како тофу, соја или млеко од соја може да им пречи на хормоналните сигнали. Претходните испитувања покажаа дека големите количини на хемикалии од соја во храната можат да влијаат на плодноста, меѓутоа други студии кои ја истражуваат консумацијата кај луѓето, даваат спротивни резултати. За студијата на универзитетот Харвард биле анализирани диетите на 99 мажи кои посетувале клиники за плодност. Лицата биле поделени на 4 групи во зависност од тоа колку соја јадат и потоа била споредена концентрацијата на нивната сперма. Помеѓу двете најоддалечени групи, оние кои јаделе најмногу соја и оние кои консумирале најмалку, имало значителна разлика. Просечниот број на сперматозоиди кај мажите се движи од 80 до 120 милиони по милилитар, просекот кај оние мажи кои барем еднаш на два дена консумирале јадење со соја бил намален за 41 милион. Др. Хорхе Чаваро кој ја водел студијата, смета дека хемикалиите наречени изофлавони кои се наоѓаат во сојата, најверојатно влијаат на производството на сперма. Овие хемикалии можат да имаат сличен ефект на човековиот хормон естроген. Др. Чаваро порачал дека дебелите и прекумерно тешките мажи се уште повеќе подложни на овој ефект , што може да се должи и на фактот дека високите нивоа на масни наслаги во организмот можат да доведат до зголемено производство на естроген кај мажите. Од друга страна, во студијата се истакнува дека консумацијата на соја во повеќе делови во Азија е далеку повисока дури и од највисоките нивоа најдени кај овие волонтери.



< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:40:09 >


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Соја во нашата исхрана
8.2.2016 11:18:02   
AneLav RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

Сојата е погодна за исхрана поради релативно малкуте калории кои ги содржи. Во себе содржи растителни влакна и други корисни супстанци. Поволно е тоа што таа може да ги замени намирниците од животинско потекло, како што се месото и млекото. Се препорачува умерено користење на сојата во исхраната, два до три пати неделно, додека секојдневната употреба може повеќе да му наштети на организмот отколку да му користи.

Сојата и нејзините продукти, можат да се користат самостојно во исхраната или во комбинација со другите житарки и зеленчук или со разни сосеви и преливи. Сојата може да се комбинира и со месо и месни преработки во помала мера, бидејќи тогаш престанува да биде диетална храна.
Но од друга страна пак Сојата содржи високо ниво на фитинска киселина, која ја спречува апсорпцијата на малциумот, магнезиумот, бакарот, железото и цинкот. Потопувањето во врела вода и бавното, долго готвење на сојата не ја елиминираат фитинската киселина.
- Исхраната богата со фитинска киселина драстично го забавува растот кај децата.
- Растителниот естроген којшто е пронајден во сојата, наречен фитоестроген, штетно влијае врз функцијата на бубрезите, а предизвикува рак на дојките кај возрасни жени.
- Вештачкото млеко за бебиња на соина база предизвикува автоимуни заболувања на штитната жлезда.
- Соините производи содржат високо ниво на отровниот алуминиум, кој негативно влијае на нервниот систем и поттикнува појава на Алцхајмерова болест.
Јас понекогаш знам да зготвам соја за ручек и ептен ми се допаѓа нејзиниот вкус.До пред 7,8 години редовно ја конзумирав кога и да бев на диета.Но после овие истражувања и работи што ги слушам и читам за сојата во последно време,некако сум скептик дали да продолжам да ја употребувам во исхраната.Вие употребувате ли соја и колку често.Дали и вие сте на мислењето дека таа повеќе му штети на организмот отколку што му користи.


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

I jas kako tinejdjer mnogu jadev soja vo kombinacija so zelencuk, zasto non stop drzev dieti. Veke ne ja gotvam zasto nikoj ne saka da ja jade doma i taka mi stoi edno kese otvoreno. Em pisuva deka e bio. I jas isto procitav mnogu negativni raboti za sojata kako i proizvodite od soja i zatoa ne sakam da se izlozuvam na nepotreben rizik nitu jas nitu moeto semejstvo. Ima eden kup drugi zdravi raboti sto mozat da se jadat i sto se dokazano korisni i ne se stetni.


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Ne voopsto ne ja upotrebuvam sojata stetna e za stitnata zlezda posebno kaj onie bolni. so namalena funkcija a I na pazarot najcesto se prodava genetski modificirana soja za zal I devojcinja pod 12godini ne preporaclivo da ja koristat



ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

На децата воопшто не им давам ни да ја пробаат,така кога и да сум готвела соја на децата секогаш им правам посебно јадење.Но маж ми ич ја неќе последниот пат кога зготвив соја не сакаше ни да ја помириса па јас самата јадев.Инаку имав слушнато дека не е добра за здравјето и дека е повеќе штетна отколку корисна,а сега кога прогуглав ми излегоа еден куп статии што го потврдуваат тоа.И јас не дека многу често и готвевсоја ама отсега па натаму воопшто нема да биде присутна во нашето мени.Туку што правиме со другите продукти во кои што е присутна сојата а ги има се повеќе на пазарот.Ете на пример прееска кога отидов да им купам житарици на децата читам по кутиите во сите има соја.Една не најдов без соја.Дали и тие производи можеме да ги сметаме за нездрави поради присуството на соја во нив.


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Sojata stvara nedostatok na vitamin d



< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.2.2016 11:33:33 >


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 20
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?