ripce
|
Лековити својства на тиквата Плодот и семето од тиквата имаат лековито дејство.Семето од тиква има висок процент на масло(50%) во кое доминираат есенцијални масни киселини(н-6 и н6 фамилија) кои човечкиот организам не може да ги произведе. Маслото е богато и со протеини(35-45%), витамини А, Б1, Б6, Ц, Д, Е и К и минерали, посебно фосфор и цинк. Како добар извор на есенцијални незаситени масни киселини кои се неопходни на организмот за нормален раст, развој и бројни други функции, вклучувајќи ја тука и репродуктивната, спаѓа во нутритивните највредни масла. Есенцијалните н-3 масни киселини кои ова масло ги содржи во висок процент, го штитат организмот од инфекции, го јакнат имунитетот,го штитат сцето и крвните садови, снижувајки го нивото на триглицериди а зголемувајкји го нивото на ХДЛ честичките (добар холестерол). Маслото од тиква делува стимулативно на целиот организам:урогенитално, дигестивно, кардиоваскуларно, ендокрино, нервно како и на коските, мускулите, зглобовите и кожата. Заболувањата на кои тиквиното масло би можело да делува се : повишен крвен притисок, заболувања на срце, пречки при мокрењето кај зголемена простата, дијабетис, реуматизам, остеопороза, различни заболувања на кожата. Маслото од тиква има исклучително пријатен вкус,па во кујната може да се искористи во вид на прелив за салати, варени јадења со зеленчук, ориз, печурки, , теста, смеси за пецива и колачи.
(Одговор на членот ripce)
|