|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   кога бебчето ќе го замени денот со ноќта
11.4.2013 16:33:50   
bebcemaljo
Драги корисници, не знам дали оваа тема е присутна на формумов, но решив да ви се обратам за помош
Моето бебче спие дење, а ноќе не, и тоа ме измачува и ме исцрпува физички.
Ги испробав сите можни начини, и со капење покасно, и со капење порано, но сеуште е тврдоглаво бебче.
За некој ден полниме два месеци.
Мајки, какво е вашето искуство, help!
user posted image user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: кога бебчето ќе го замени денот со ноќта
12.4.2013 12:06:33   
masa
Јас за ова читав уште пред да се породам и почнав да го практикувам уште првиот ден кога си дојдовме дома.Наутро,еве да речеме од 7-8 часот се креваат ролетни,во собата каде што е бебето да е светло,без разлика дали ќе сакате да поспиете уште малку или не.Во текот на денот да има бука,не бебето спие и сите на прсти да одат.Пуштав тв и сериозна музика,има на youtube за бебиња, додека спие во текот на денот.Обавезно стоевме на прозор и зборував дека е ден па сонце да не фати.Сега е веќе топло може и да излегувате надвор,на прошетка,ако не на тераса или во двор кога се буди во текот на денот.Навечер во собата само пригушено сверло,тв,музика се исклучено и да биде тишина.Ние се бањавме кај 19 часот,цивање и спиење и многу брзо ми фати ритам ден ноќ.Сега ќе почнат и гости да ви доаѓаат и тогаш бебето во спална,јас ако треба и цел саат сум седела во спална,ама бебе со нас не седело зошто малку треба да се поремети редот.Се надевам дека ќе ти помогне моето исклуство.И исто сега ќе се стопли јас и среде лето во 20 часот бев дома со бебето,ќе го успијам,па после ако излегуваме сами.

(Одговор на членот bebcemaljo)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: кога бебчето ќе го замени денот со ноќта
12.4.2013 16:04:02   
Maria
Доста ми е познат проблемов...ние го имавме со поголемото синче и да ти кажам пробав СЕ,но за жал ништо не помогна.Така бевме до два ипол месеци,па потоа почна повеќе да биде буден преку ден и самиот си ја промени навиката.Потполно те сваќам,многу е тешко така...сега кога ќе ми текне...уффф косата ми се крева...ноќе будни,дење тој си спие ти...user posted image

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: кога бебчето ќе го замени денот со ноќта
13.4.2013 16:46:52   
diarmami
Спиењето е еден од главните проблеми кои ги имаат младите родители.
Мајки не се замарајте многу со ова проблематичност, најверојатно неговиот внатрешен часовник се уште не е усогласен со промените на денот и ноќта. Исто така, бебето огладнува на неколку часа па затоа се буди неколку пати во текот на ноќта.
Потоа битно е преку ден да не го оставате многу да спие,посебно неколку часа пред ноќното спиење, и што е главно да не спие гладен/гладна

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: кога бебчето ќе го замени денот со ноќта
15.5.2013 15:01:50   
bebcemaljo
Ете конечно се средивмеее...фала ви за советите. Дамјанче за чудо едно си доведе сам ред и тоа преку ноќ...Беше доста тешко, но сега нанка со неколку пати станување и ни е супер. Фала женскиuser posted image

(Одговор на членот bebcemaljo)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: кога бебчето ќе го замени денот со ноќта
15.5.2013 22:30:07   
Палешка РР
Миа беше ноќна птица откако се роди, па се до седум месеци user posted image
Спиеше на рати до 23 часот навечер и кога ќе почнеше да плаче во 23 часот не престануваше до 3-4 часот наутро. Некогаш и до 7 часот наутро не спиеше. Денот и ноќта и беа комплетно заменети user posted image
Неколку пати месечно со мм не фаќаше паника дека не се само грчеви во прашање, се сомневавме на уво, грло или некоја друга болка и ја носевме нон-стоп наутро на педијатар во првиот сон заспана. Беше комплетно здрава на сите прегледи, а рикаше небаре ја колиш. Марио некогаш не одеше на училиште, не беше способен, по цели ноќи не спиевме. Тоа плачење престане накаде кај четвртиот месец, ама ноќниов живот продолжи со исто темпо. А` дојдеше 23 часот таа очите ко филџани ги отвораше...и си гугаше после до 4 наутро....Многу често и изгрејсонцето со гугање го дочекувавме user posted image
Кога за прв пат заспа во два часот - некаде на шест месеци, јас мислев сум најсреќна мајка на свет...иако сите малку забегана ме мислеа user posted image
По седмиот месец си фати ред и до 12,30 беше заспана...ретко се случуваше до еден часот да биде будна.

И сега е таква, пред 11,30 не легнува.

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 15.5.2013 22:32:07 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот bebcemaljo)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?