Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Садови за готвење, хранење и чување на храната 16.5.2014 18:25:30
Melanija RR
Искуства, дилеми, совети за садови за готвење на бебешка/детска храна како што се разни тенџерчиња за готвење на пареа, таџирчиња за хранење,садови за чување и замрзнување на свежа или приготвена храна, садови за носење на приготвена храна кога ќе се излезе на прошетка.......
Толку многу помалку или повеќе потребни нешта за секој дневна употреба при хранење на нашите најмили
RE: Садови за готвење, хранење и чување на хр... 16.5.2014 23:54:49
Defne90 RR
Јас немам некои посебни тенџериња за готвење на пареа за децата.Имам неколку мали тенџерчиња обични си се во кои готвам храна само за нив дека ми се практични.За хранење имам неколку помали росвајтни танјирчиња и неколку пластични и во нив ги хранам.И тие ми се ептен така практични затоа што се помали па според нив си имам и мерка колку јадење да им ставам.За замрзнување на одредена храна како што е случај со брокулата или со карфиолот кога замрзнувам ги ставам во кеси за замрзнување по малку колку за еден оброк и го вадам и го ставам цело.А ако сме етe некаде излезени и децата не се јадени храната им ја ставам обично во пластични мали садови со поклопец или во мали тегличиња.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Садови за готвење, хранење и чување на хр... 17.5.2014 0:39:14
deluxe
И јас како Дефне,немам специјални тенџериња,садови .За децата готвам во истите тенџериња како и за нас,само имам неколку помали што се за помала количина на храна.Замрзнувам во најлонски кеси.Додека приготвената храна ја јаде од порцелански чинии(малечки кои ми се и некоја мера ) Кога излегуваме,домашните кашички или друго,го пакувам во мали теглички(од кашичка,не ги фрлам сите си ги чувам за вакви ситуации)
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
RE: Садови за готвење, хранење и чување на хр... 23.5.2014 9:23:36
Felly RR
Додека беше мала М и готвев во обично мало тенџерче, а за јадење имавме собрано цел комплет од ХИП мали чинии што ги даваа гратис со кашичките. За чување на храната исто како Делукс ги користев стаклените теглички од купените кашички. Тие ми беа баш мера за еден оброк.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Садови за готвење, хранење и чување на хр... 23.5.2014 10:27:37
Mihaela 2010
Imam dve pomali tendjercinja koi najcesto gi korista koga i gotvam na M,radi kolicinata koga pravam samo za nea Od priborot za jadenje taa si ima eden komplet porcelansko tanjirece ,dlabokoto ni se skrsi i casa so mini maus,inaku imame plasticni neli i casi i tanjircinja eden kup Za cuvanje na hranata -primer za sirenje, imam kupeno od top shop stakleni sadovi sto se vo povekje golemini i mi se tie VRV,epten prakticni i dobro iskoristeni
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Садови за готвење, хранење и чување на хр... 23.5.2014 13:21:11
Melanija RR
Готвар во теџерче за М купено мало практично обично,а ручка во чинија длабока како за супа заоблена и баш си има мерка до линијата а лажиче од они пластичните посебни за бебиња и уште не сме смениле
Во фрижидер се чувам зеленчук во кеси за замрзнување, значи тиквица,блитва, морков... а викаат најдобро била храна во фрижидер да се чува во стаклен сад.Што мислите?
Друг активен проблем е јадење надвор а времето ете го се стопли.Досега го правев дома и во пластичен сад го носев, но сега со топлово.Теглички од купечки имам ама во големата 190гр не ми собира ќе треба две.Како правевте во лето?Зборав за домашни каши. Во Супер тинекс најдов многу убави ,но тешки стаклени садови со пластичен капак .Правоаголен 150 ден и квадратен 130 ден
Мислам да купам од Џамбо оние торбите што се за темтература како изолатори, вреди ли тоа или сомнително?Некоја друг предлог?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Садови за готвење, хранење и чување на хр... 23.5.2014 14:10:55
sandriana RR
Зеленчукот и овошјето што стојат во фрижидер - моркови, тиквици, домати, краставици се кај мене или во кесе, или во фиоката најдолна, јагоди ден - два во пластичен сад, исто и сирење во пластична кутија чувам со капак. Што се однесува до храната готвена за надвор -Меланија, сигурно нема да излегувате по жештините, па да мора да носите од кашите за ручек (зеленчукови и месни) надвор. Ако веќе мора, ќе одбереш соодветна комбинација на храна за тој ден, и јас сум презадоволна од оние стаклени садови со зеленкаст капак пластичен што ги има во Тинекс.
RE: Садови за готвење, хранење и чување на хр... 16.12.2014 8:48:34
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
и јас сум презадоволна од оние стаклени садови со зеленкаст капак пластичен што ги има во Тинекс.
И додека се натокмам веќе 2-3 месеци ги нема во Тинекс.Двете величини беа баш како што барав.Најдов и во Рамстор маркет ама мали се.Во Џамбо се високи како за кафе/шеќер.
Каде низ СК може да се најдат стаклени садови со пластичен капак,големина од прилика за детски оброк да речеме 400гр?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни