|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   сончаница
10.5.2009 20:49:18   
mami
Како да спречите и како да излечите сончаница?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: сончаница
11.5.2009 9:28:23   
mami
Сончаницата може да ја спречите така што ке се движите или седите под сенка и задолжително со капа каде и да сте..исто така многу е важно и да пиете доста течности, ладни по можност.
Се манифестира со вртоглавица, бледило, губење на сила и свест и тогаш треба лицето со сончаница да го тргнете по сенка, да му ставате ладни облоги и да го терате да пие течности

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: сончаница
5.6.2009 21:20:27   
mami
уште едно потсетување- Секогаш ставајте му капче на малото кога сте на сонце.отпрвин може и нема да оди толку лесно(како кај нас на пр.) ама тоа му е каква таква заштита од продирање на сонцето директно на неговото нежно главче..

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: сончаница
14.6.2010 9:22:04   
Rossana
Вардете се од топлотен удар - сончаница

Izvor:

За годишните одмори кога престојуваме на езеро или море имаме голема желба директно да се изложуваме на сончевите зраци за да "поцрниме". Многумина водат сметка изложувањето на сонце да не биде претерано и се сончаат постапно и во одредено време. Луѓето понекогаш сметаат дека директното сонце и во период кога е тоа најсилно е главната цел на одморот во летниот период што е погрешно бидејќи човекот може да поцрни и во сенка. Во денешно време како последица на разни збиднувања се создадоа "озонски дупки" во стратосрефата, така што агресивноста на сончевите зраци во периодот од 10 часот наутро до 17 часот попладне е толку голема што може да ни донесе многу несакани последици на кожата и воопшто за здравјето. Топлотниот удар и исцрпеноста на организмот познати кај народот како сончаница настанува кога телото го изложуваме на сонце и висока температура предолго во погрешно време.

Исцрпеноста заради изложување на нашето тело на прекумерната топлина се карактеризира со слабоста на организмот, вртоглавица , мачнина и грчеви во мускулите заради губиток на течноста и на солите. Преголемото изложување на сонце во "критичните "часови може да доведе до трајно оштетување на мозокот и други тешки последици по здрвајето.

Симптомите на топлотниот удар се: отсустство на потење, висока телесна температура, забрзан пулс, главоболка, конфузност во однесувањето, дрхтење и губење на свеста. Една од главните пораки од конгресите и симпозиумите на дерматовенеролозите е - вардете се од сонцето.



Прва помош

при сонЧаница

Прва помош во случаи на топлотен удар или сончаница е човекот да го тргнеме од дејството на сончевите зраци, да му овозможиме одмор, да му дадеме доволно течности и да го завиткаме во студен и влажен чаршав.

Човекот треба што поскоро да се префрли во болница заради натамошен медицински третман, особено ако е во шок што се гледа по дрхтењето на телото и по конфузното однесување. Во вакви случаи важно е на тие луѓе да им се дадат течности кои содржат електролити ( калциум, калиум, натриум, магнезиум и воопшто неопходни минерали), бидејќи при топлотниот удар истите брзо се исфрлаат од телото.

Иако постојат соодветни напитоци наменети за вакви случаи ние можеме директно да им помогнеме на загрозените од топлотниот удар давајќи им да се напијат раствор од лимон или сок од липа, зелени сокови, минерална негазирана вода или солена вода.

Изгореници од втор и трет степен што често се јавуваат при топлотниот удар може да се премачкаат со гел од алоја како прва помош што ќе помогне кожата делумно да се рехидрира.

Во науката за исхрана познато е дека извонреден извор на минерални состојки кои мошне брзо се апсорбираат и искористуваат- влегуваат во клетките е свежото овошје, консумирано на празен желудник.

Во вакви случаи за време на летните годишни одмори овошјето треба да биде консумирано наутро, на празен желудник. Истовремено треба да се испие една природна лимонада без шеќер. Пред секој од наредните четири оброци во текот на денот треба да се зема свежо овошје најмалку 20 минути пред јадењето, а не по јадење како што обично погрешно прави нашиот народ - по обилниот оброк консумира овошје. Со витамините и минералните материи во органска форма организмот ќе го снабдиме и брзо ќе ги надополниме загубите од нив кога консумираме свеж зеленчук како салати од повеќе видови сезонски зеленчуци, зачинети со лимон, сол и со маслиново масло.



Свежо исцедени

сокови и "лесна" храна

Уште побрзо надополнување на загубите од минералните материи ќе постигнеме кога консумираме сокови од свеж исцеден зеленчук малку разводнети и зачинети со лимон, малку сол и со маслиново масло. Свежо исцедените сокови овој пат ќе ги земаме барем десетина минути пред оброците за нивната апсорпција да биде оптимална.

Во летниот период оброците треба да бидат составени од лесно сварлива храна, во која не е задолжително месото. Наместо месото треба да биде застапена рибата, која е покорисна и полесно сварлива од месото. Термички обработената храна треба да претставува една третина од оброкот додека две третини треба да бидат од свежо овошје и свеж зеленчук.

Храната треба да ја консумираме во пет или најмалку три оброци од осум часот наутро до 20 часот навечер, кога е оптимална активноста на панкреасот. Ако сакаме да јадеме некоја храна ноќе тоа не треба да биде скара туку овошна салата или некој овошен сок. Нив може да ги консумираме најмалку три часа по вечерата, за да не го дополнуваме желудникот туку овошјето да го внесуваме на празен желудник.

Најлошата работа која може да им ја направиме на луѓето што имаат топлотен удар е да им понудиме некој алколен напиток за да се "освежат". Познато е дека при топлотен удар организмот ја губи течноста (дехидрира) што е многу опасна работа. Консумираниот алкохол во такви случаи уште повеќе го дехидрира ткивото на човекот и може да доведе до мошне сериозни последици по здравјето и по животот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?