miana
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina Помош мамички. Пред некој ден малата ја каснало нешто на окце (односно до окце на долниот капак) вчера беше ок црвено но не беше страшно, денес и потече Прашав една комшика патронажна ми рече ќе помине само од себе, ама пуста грижа ме изеде....... потечено и црвено е а и тврдо е местото, окцето е ок нормално како другото но под окото потечено се паничам многу звонев и на докторката но касно беше изгледа не работат... Да одам ли во аптека да прашувам? Инаку 3 месеца сме и ми е страв до око да ја мачкам........ Дилина еве ти мое искуство Керками на 04.10 значи пред десет дена ја имаше каснато ( ваљда комарец ) под веѓата.. И отече местото дури окото и се затвори.. Ја однесов на лекар, и направија крвна слика, резултатот беше супер, ми препишаа ТОБРАДЕКС маст , да го мачкам местото и рече докотрката дека и да влезе во око не е страшно.. И ми даде сируп АЛВОТАДИН ( сличен на Лоратадин ) еднаш дневно по една лажича ( тоа според возраста, керками има 6,5 години , а за малата 2,5 години обично од овој сируп ми даваат по 2,5 мл ) Такада во секој случај најдобро е да дадеш нешто вакво против алергија ( Лорадатин, Аериус или Алводатин ) или јави се на ало докторе и ке ти објаснат . Поздрав
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
|