Некои од производите кои доилката ги конзумира можат да предизвикаат проблеми кај детето, додека други ја поттикнуваат лактацијата
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Доколку вашето дете реагира чувствително на одредена храна, најдобро е некое време да ја исфрлите од исхраната. Храна која може, но не мора да предизвика проблем кај детето , како што се грчеви, болка во стомакот и црвенило на газот се:
- Цитрусните плодови и други кисели намирници: (ананас, киви, оцет, домати). Некои мајки приметиле дека при конзумирање на портокали, киви или лимон, газето на бебето се вцрвенува. Обидете се да го исфрлите цитрусното овошје на одреден период од вашата исхрана, за да видите дали тие се причина за црвенилото кај вашето дете.
- Грав, зелка, кељ, кромид, праз. Кај многу бебиња овие намирници предизвикуваат грчеви. Бебињата после цицање плачат, додека не успеат да го сварат млекото во нивниот организам. Карфиолот и брокулата се полесно сварливи и ретко создаваат такви проблеми. За да ја намалите можноста од грчеви кај бебето при готвењето користете зачин како што е коморача.
- Какао и чоколада: Исто како и кафето и пијалоците со кофеин и чоколадата може кај некои бебиња да предизвика грчеви.
- Лути зачини: чили, папар, лук, можат да предизвикаат црвенило на газето или да го променат вкусот на мајчиното млеко и бебето да не сака да цица.
Имате ли малку млеко?
Одредена храна ја поттикнува лактацијата, но пред се за доволно млеко да имате најважно е да внесувате многу течности, треба да бидете смирени, да обезбедите мирен сон, како и често доење од двете гради.
- Коморача и анасон се дел од составот во чаевите за долики, а помага и чајот од коприва.
- Сусам
- Житарици, просо, зоб и јачмен
- Бадеми и останати јаткасто плодови (внимателно со оревите, бидејќи тешко се варат и кај некои бебиња можат да предизвикаат грчеви)
- Пивски квасец
За доењето неповолно влијае:
- Недоволно внесување на храна и течност
- Стрес, нервоза
- Пушење
- Чај од нане
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
НЕ ПАНИЧЕТЕ: 6 нормални реакции кај бебиња...
Кога бебињата стари неколку месеци ја примаат првата вакцина, може да се појават несакани ефекти. Погледнете што можете ...
4
Лековито дејство на солта
Терапија во солена соба се препорачува за децата и возрасните. На болните заради лекување, а на здравите превентивно, би...
4
Бебешки плач, како да препознаете што значи?
Плачот е првиот и најважен начин на комуникација на бебето. Тоа не плаче без причина. Секој звук има порака. Со време ќе...
3
Сe за сите, ништо за себе: тивкиот предизв...
Во периодот по раѓањето на детето, многу мајки несвесно влегуваат во образец каде сопствените потреби стануваат последни...
3