|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Денес поддржете ги лицата со Даунов синдром

Редакција Рингераја, 21.3.2015
Денес е Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Денес облечете шарени чорапи и поддржете ги лицата со Даунов синдром

/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Бројките кои го означуваат денешниот датум 21.3. претставуваат ознака за хромозомот кој е единствен за лицата со Даунов синдром. Во пренаталниот период се применува комбинација на неизванзивни тестови, со кои се утврдува зголемена можност за раѓање на дете со Даунов синдром, за со понатамошни испитувања (амниоцентеза, биопсија на хорионските ресички), да се утврди дали дошло до аберација во клетките на плодот.

Со рана интервенција, која подразбира работа со дефектолог и други стручни лица, насочени на децата до третата година од животот, во значајна мера  може превентивно да се делува на стимулација на психо-моторниот развој. Посебно значајни активности кои припаѓаат на процедурата на рани интервенции, се однесуваат на давање на поддршка на цело семејство, во вид на информирање, советодавна работа и практична обука.  Повеќето деца со Даунов синдром во периодот на раното детство, ретко остваруваат интеракции со родителите и слабо одговараат на поттик. Но, истрајноста во желбата за нивно вклучување во секојдневните активности на семејството, има исклучително позитивни ефекти.

Начинот на кој детето со Даунов синдром е прифатено во семејниот круг, позитивно влијае на развојот на комуникацијата, усвојувањето на дневните животни вештини и успешното вклопување во социјалното опкружување. Поддршката на пошироката  заедница е исто така неопходна, со цел на детето да му се овозможи да оствари социјални интеракции и надвор од семејниот круг. Децата со Даунов синдром можат да бидат вклучени во преучилишни установи во рамките на развојни групи за деца со пречки во развојот, или редовни групи со поддршка од дефектолог. Некогаш овие деца, како и децата со пречки во развојот од друга етиологија, посетуваа исклучиво училиште за деца со пречки во развојот. Денес постои можност да се вклучат во воспитниот процес во редовните училишта, но само ако може да им се обезбеди добро прилагодување и адекватна поддршка. Без наведените предуслови, нема да се развијат сите потенцијали на детето, а можно е  да се појават и негативни последици од социо-економска природа.

Затоа – облечете шарени или различни  чорапи. Не мислете дека ќе изгледате смешно. Запомнете, тоа е еден од начините да дадете поддршка во борбата на лицата со Даунов синдром и нивна интеграција во општеството.

Погледнете го видеото во кое лицата со Даунов синдром испраќаат порака до идните мајки на деца со Даунов синдром.

 

1

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку често треба да се тушираме?
Туширањето е важен дел од личната хигиена, но не постои една идеална бројка на туширања што важи за сите.
6
Маслиново масло во бебешката кашичка
Кога започнува воведувањето цврста храна кај бебињата, родителите сакаат само најдоброто, хранливи, безбедни и природни ...
4
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
4
Програма на приватната детска градинка Амичи
Приватната детска градинка Амичи работи веќе осум години и успешно се рангира на високо место кога станува збор за квали...
3




Анкета

GALENA
elence

dali vi se dopagja imeto Galena? (ima preubavo znacenje)

da, mnogu e ubavo (27%)

da (17%)

nisto posebno (25%)

ne (19%)

nikako ne (12%)


Број на сите гласови: 111

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!