Пудинг торта
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Подготовка
Од 1л млеко одземате 200 мл и во него го мешате прашокот од 3те ќесички пудинг. Останатите 800 мл млеко го ставате во длабок сад на оган и во нив додавате 6 лажици шеќер. Претходно растворениот пудинг го додавате кон млекото на оган и мешате додека се згусне и свари пудингот. Откако ќе се свари, се дели на два дела. Во едниот дел се додава 150 гр претходно растопено чоколадо. Двата дела се оставаат да се оладат. На страна се мати 250 гр путер со 150 гр шеќер и се дели на два дела кои се додаваат на двата дела од пудингот. Секој дел се мати поединечно. Двете ќесички шлаг се матат поединечно според упатството на ќесичката. Во правоаголен плех се редат 2 реда бисквити претходно натопени со млеко. Потоа се става филот од пудингот со растопеното чоколадо. Врз него се реди еден ред бисквити па врз нив се става изматениот шлаг. Повторно се редат бисквити, па потоа вториот дел од пудингот. Врз готовиот колач се ренда чоколадо или се декорира по ваша желба.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3
Состав
• 3 ќесички пудинг од чоколадо
• 1 л млеко
• 250 гр путер
• 200 гр чоколадо за готвење
• 600 гр бисквити
• 150 гр шеќер + 6 лажици
• 2 ќесички шлаг пена
-
забава Бремените
Автор: bobik Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Задржување течности или масно ткиво
Промените во телото често создаваат дилема, дали станува збор за задрж...
Анкета
sanimani85
koe e najubavo ime?
Nikola (38%)
Matej (29%)
Luka (21%)
Grigorij (12%)
Број на сите гласови: 146
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

