Чизкејк
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Подготовка
Подготовка: Во поголем сад помешајте ги мелените бисквити, шеќерот, путерот и се убаво соединете, на крај додадете го и сокот од вишни. Откако ќе добиете хомогена смеса втиснете ја на подлогата на калапот. Желатинот растворете го во ладна вода според упатството на ќесичката и оставете го да набабри. Крем сирењето матете го со шеќерот во прав, а во друг сад изматете ја павлаката во шлаг. Потоа изматената павлака додавајте ја во филот со сирењето. Загрејте го желатинот да се стопи и додадете го кон целиот фил. Матете со миксер уште некоја минута и филот распоредете го низ целата бисквитна кора. Овошниот микс заедно со шеќерот и водата ставете го да зоврие. Откако ќе почне да врие, намалете ја темературата и нека остане на оган уште 3 минути. Додадете го желатинот (кој претходно сте го оставиле да бабри па сте го стопиле). Откако филот ќе се олади распоредете го врз белиот крем и оставете ја тортата во фридижер неколку часа добро да се стегне. Уживајте во овој прекрасен спој на вкусови! Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 70
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
Состав
Бисквитна кора:
• 400 гр мелени бисквити
• 100 гр шеќер во прав
• 200 гр путер
• 50 мл сок од вишна
Фил:
• 20 гр желатин
• 400 гр крем сир
• 200 гр шеќер во прав
• 500 мл слатка павлака
Прелив
• 600 гр овошна мешавина од црвени плодови
• 5-6 лажици шеќер
• 2 лажици вода
• 10 гр желатин
-
забава Бремените
Автор: bobik Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Задржување течности или масно ткиво
Промените во телото често создаваат дилема, дали станува збор за задрж...
Анкета
izabelicka
koga vaset_o dete pocna da zboruva
1 godina (80%)
1,5 godini (0%)
2 godini (0%)
2,5 godini (20%)
Број на сите гласови: 5
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

