Рафаело торта
Автор:
Редакција Рингераја
Многу поголемо задоволство од малите бомбици!
Подготовка
Загрејте ја рерната на 100 степени и премачкајте го садот за готвење со путер. За да ја направите кората на тортата, измешајте ги брашното, кокосот, кафеавиот шеќер, солта и стопениот путер. Мешајте сe додека не се соединат целосно и потоа рамномерно поставете ја смесата во садот за готвење. Печете 12 – 15 минути, или сe додека не добиете златна кора, а потоа тргнете ја настрана да се олади и ставете ја во фрижидер додека не ви притреба повторно. За да го направите филот, сипете го кокосовото млеко заедно со 80-те грама изрендан кокос во тенџере со средна големина и варете на тивок оган. Гответе 30 – 40 минути или сe додека кокосот не го впие целото кокосово млеко и не заборавајте повремено да мешате. Потоа додадете го белото чоколадо и мешајте сe додека не се стопи и соедини целосно, па префрлете ја мешавината во друг сад, покријте ја површината и ставете ја во фрижидер додека не се олади. Откако мешавината ќе се олади, изматете ги маскарпонето и шеќерот во прав, па додадете ги заедно во мешавината со чоколадо и кокос. Одвојте 1/4 од филот и разнесете ја рамномерно на кората, па наредете ги врз неа црешите. Покријте со останатиот дел од филот и на крај, сипете го и останатиот изрендан кокос.
Време на подготовка од: 90
Време на подготовка до: 120
Kомплицираност: 4
Состав
140 грама брашно
130 грама кафеав шеќер
100 грама исушен кокос
125 грама несолен путер, стопен
Прстофат сол
За филот:
400 милилитри млеко од кокос
80 грама кокос, изрендан
200 грама бело чоколадо, ситно исечкано
50 грама маскарпоне
60 грама шеќер во прав
85 грама цреши
За декорација:
80 грама кокос, изрендан
2,3 цреши
-
забава Бремените
Автор: bobik Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Анкета
Jana9
Dali imate pomos od roditelite vasi koga treba da se cuvaat decata?
Da (40%)
Ne (40%)
Ponekogas (20%)
Број на сите гласови: 5
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

