Нутела тирамису
Автор:
Редакција Рингераја
Нутела тирамису - десерт кој ќе го обожаваат и најпребирливите
Подготовка
1. Ставете ги жолчките заедно со шеќерот во длабок сад. Матете додека добро не се соединат, а потоа додадете ја павлаката и ванилата. На крајот додадете го маскарпонето и нежно измешајте со лажица додека не добиете убав бел крем. 2. Обичното млеко ставете го во тенџерче на оган и додадете 1 лажица Нутела. Мешајте додека млекото не се загрее и не се соедини со кремот. Тргнете го настрана добро да се олади. 3. На кратко, потопете ги бисквитите еден по еден во течноста и наредете ги на дното од садот. 4. Врз наредените бисквити, намачкајте слој од белиот крем со павлака. 5. Остатокот од Нутела кремот додадете го во течноста во која ги потопивте бисквитите. Добро промешајте и истурете ја целата смеса врз првиот бел слој од тирамисуто. 6. Врз ова нанесете го остатокот од белиот крем. Добро измазнете и посипете со какао. 7. Оставете го добро да се олади пред да ги вкусите залчињата тирамису со Нутела.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 3
Состав
2 шолји слатка павлака за готвење
2 шолји маскарпоне
Ванилин шеќер или екстракт од ванила
2 жолчки
2 лажици шеќер
2 шолји Нутела
2/3 шолја полномасно млеко
12 бисквити
Какао во прав за горниот слој
-
забава Бремените
Автор: bobik Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Анкета
Jana9
Dali imate pomos od roditelite vasi koga treba da se cuvaat decata?
Da (40%)
Ne (40%)
Ponekogas (20%)
Број на сите гласови: 5
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

