Чизкејк од Нутела
Автор:
Редакција Рингераја
Чоколохолици, ова слаткo крем изненадување, едноставно мора да го пробате. Покрај тоа што ќе ја подготвите за рекордно време, нема многу ниту да се намачите, бидејќи можат да ја подготват и мали деца
Подготовка
Во сад, измешајте го путерот исечен на коцки и една лажица нутела. Загрејте ја смесата во микробранова печка, само малку, колку да се растопат состојките. Бисквитите сомелете ги, а потоа помешајте ја смесата од путер и Нутела. Промешајте ги сите состојки и истурете ја во округол плех, кој претходно сте го намрсиле со путер. Во посебен сад, изматете го крем сирењето со шеќер, а потоа додадете го остатокот од нутелата. Изматете со миксер, за сe да се соедини убаво. Истурете ја смесата врз смесата со бисквити, убаво оформете и ставете во фрижидер да се "стегне", пред да послужите.
Време на подготовка од: 15
Време на подготовка до: 25
Kомплицираност: 3
Состав
250 гр бисквити
100грама Путер
400 грама нутела
500 грама несолено сирење (како на пример Маскарпоне)
? чаша шеќер во прав
-
забава Бремените
Автор: bobik Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Анкета
dragana_vane
dali vi se dopaga imeto Anika?
da (47%)
ne (53%)
Број на сите гласови: 119
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

