Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Преубав и вкусен начин на подготовка на сутлијаш
Во подлабок сад се става водата и една чаша млеко да зоврие. Во зовриената течност се додава оризот и се остава да се вари со повремено мешање околу 15 минути.Одкако ќе ја впие течноста се додава и втората чаша млеко и шеќерот и се остава да врие додека се свари(со постојано мешање) Сварениот сутлијаш се остава да се олади. Кесичката шлаг крем од ванила се мати по упатството и кон шлагот се додаваат кокосот и изренданата бела чоколада.Кон оваа кремаста смеса се додава половина од оладениот сутлијаш и убаво се мати додека се изедначи. Кесичката шлаг крем од чоколада се мати истопо упатството и се додаваат оревите,чоколадата и втората половина од сутлијашот. Во калап се става најлонска фолија и се истура белиот дел од сутлијашот.Се реди еден ред од кекс и над него се истура делот со чоколадниот сутлијаш. Пак се реди еден ред кекс и се затвара калапот со фолијата. Се остава во фрижидер 3-4 часа а потоа се превртува од калапот, се наросува со рендана чоколада и се сече на парчиња.
Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3
1 чаша ориз
1 чаша вода
2 чаша млеко
1 чаша шеќер
1 пакетче шлаг крем од ванила
100гр кокос
50 гр бела чоколада
1 пакетче шлаг крем од чоколада
100гр мелени ореви
50 гр рендана црна чоколада
200гр кекс
забава Бремените
Автор: bobik
Доењето е една од најубавите работи за поврзување, природен и прекрасе...
Пролетни алергии кај деца. Како да се справите?
Со доаѓањето на пролетта природата се буди, но за многу деца ова е и п...
Неколку интересни факти за спермата
Спермата е тема што често се поврзува исклучиво со плодноста, но зад н...
Како да се справите со страв од разделување кај бебето?
Многу родители се соочуваат со момент кога нивното бебе почнува да пла...
Може ли мајката да пренесе кариес на бебето?
Кариесот како болест не се наследува, но бактериите што го предизвикув...