Посни крофни
Автор:
Редакција Рингераја
За вашата ужина
Подготовка
Квасецот се става во водата да скисне заедно со шеќерот и 2-3 лажици брашно. Брашното се просејува и се замесува тесто со квасецот, солта и маслото. Ако сакате благи крофни тогаш се ренда и кора од лимон, а ако сакате да бидат солени изоставете го лимонот. Тестото се остава да стаса, а потоа на набрашнета маса со чаша се вадат крофни. Стасани крофните се пржат на не многу врело масло додека заруменат од двете страни.Топли се поросуваат со шеќер во прав.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3
Состав
500гр брашно
300 мл топла вода
9 лажици зејтин
1 квасец
1/2 лажица сол
2 лажици шеќер
1 лимон
50 гр шеќер во прав за посипување
500 мл масло за пржење
-
забава Бремените
Автор: bobik Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Анкета
Jana9
Dali pravite zimnica?
Da (100%)
Ne (0%)
Malce (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

