|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници, што јадевте денес?
30.12.2014 18:56:16   
gina
na stanuvanje casa sok od ceden portokal i limin i nekolku suvi slivi, edno brazilsko orevce nekoj mi imase pisano deka ne se koristele ama pak sodrzat mnogu selen
dorucek mleko so musli so voda nemozam
edna mandarina i kiva
rucek mangja so boranija i svinsko meso so tursija od morkov,karfiol.zelen patlizan
edno jabolko,kakao
moze pokasno caj
vecera moze od boranijata ili nesto drugo

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.1.2015 14:00:35   
Hopeful RR
Гледам сите скромно сме си поминале за празниците, никој не се исповеда user posted image

Еве да почнам - иако вегетаријанец, забегав деновиве, посебно со млечни производи и благо, тоа што најмалку ми годи. За дочекот на Нова Година јадев компир салата, кифлички, сирење, кашкавал, свежа и туршија салата, ајвари, чоколади... што се не. Следните денови дојадуваме по дома што имаме, плус по гости на ручеци, кај што претежно истите работи ги јадев. Се трудев да јадам многу свежа салата и овошје одсабајле, и барем да пијам многу вода, ама на вага не се качувам user posted image

Бадник ми е омилен баш дека е посен - правев 'ржан леб со мелени бадеми и семки, и секако со паричка, и ок излезе. Покрај тоа, правев и фелафел (кој излезе ептен добар), имавме и гравче, риба (тоа за мм, јас дека не јадам), свежи салати и туршија, и за благо правев raw бомбици од урми и бадеми, ги знаете.

Од денес се враќам во нормала - сабајлево убаво си почнав со масло од лен, банана, јаболко и чај од коприва, а потоа и овес со семки, суво и јаткасто овошје. За ручек си направив фелафел бургер - две фелафелчиња во чиабата лепче, со зелка салата и свеж патлиџан, и излезе ептен добро. Сега мскам манчмелоу на биро, ме фати стрв user posted image , а дома којзнае, веројатно ќе го дојадеме гравчето и фелафелот.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.1.2015 14:24:31   
Mihaela 2010
Ufff za praznicive od se si probav,povekje bevme po gosti i na meni imase,kiflicki so ordeverce,sarmi meso....

i ja od denes se vrakjam i normala
cajce,banana jabolko do 11 casot
vareno jajce,dvopek,sirence i puter
kafe
nekolku suvi smokvi
pa dve mali parcinja tikva za uzinka
za rucek imam grasak ,bez leb ke go jadam i zelka salata
sigurno ke sledi nesto blagicko,paketcinjata treba da se izedat neliuser posted image ...se razbira vo umereni kolicini

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.1.2015 15:07:09   
Bethany
Празниците прерипувам, ништо не јадев user posted image

Мада и денес не сум поарна...

Турско кафе пиев, без овошје :/
Појадок: 3 проја мафини, јајце пржено на путер, сирење, маслинки и јогурт

Во град испив едно макијато.
Дома се налив пола литро сок и три парчиња чиз кејкот со малини и боровинки (ете овошје user posted image )

За ручек највероватно тавче гравче да го дојадеме, со туршија.

Ќе се обидам во меѓувреме да се натерам овошје да јадам (деновиве многу слабо), моите исплакани портокали стојат се уште user posted image

За вечера сигурно ќе јадам пак од чиз кејкот user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Трудници, што јадевте денес?
9.1.2015 11:11:51   
Mihaela 2010
caj za dobro utro
dve mandarini
mesavina od leblebii,suvo grozje i indiski orevcinja
za dorucek,malo kiselo mleko na sutas,so dve parcinja dvopek namackani so zdenka i 3 trkalca cajna

sega tursko kafe
podocna od mesavinata ke si grickam ,imam i ovosje ako mi se prijade

za rucek doma,supa, salata zelka i orivce so pilesko
za vecera kako ke se cuvstvuvamuser posted image


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Трудници, што јадевте денес?
9.1.2015 12:26:22   
Hopeful RR
На станување масло од лен и банана, а кога дојдов на работа две јаболки.
Сега пред малце изедов едно интегрално печиво со маслинки и едно варено геврече заедно со салата од марула, патлиџан и морков, си на носев од дома.
За подоцна не знам, ќе видам. Вечер сме на гости кај едни пријатели, па ќе видам од приложеното user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Трудници, што јадевте денес?
6.2.2015 0:12:07   
Hopeful RR
Ааа гледам си ја запоставуваме најбитната тема! user posted image По месец дена пауза пишување тука, да си заведам дека малце се опуштив и не пазам многу многу, барем по мои критериуми. Еве денес:

- бев во лабораторија сабајле, па си ја скокнав утринската доза цеден лимон, мед со семе од коприва и јаболко, па тек кога дојдов на работа јадев овошна салата од јаболко, портокал и киви
- за ран ручек на работа каснав две гевречиња со павлака, и за десерт интегрални колачиња со мед и какао
- за ужина каснав чоколатце и мед со коприва
- за вечера супа од тиква, омлет од две јајца со обезмастена урда, две лепчиња, авокадо и зелка салата

Ајде девојки, активирајте се user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Трудници, што јадевте денес?
6.2.2015 8:51:50   
Felly RR
Ај и јас да пишам за прв пат во темава - на сабајле јас само мед си каснувам по една лажичка, и пиев чај со маџун и лимон,
па потоа лепче со павлака и сирење, па кафе
за ручек грашок
омлет со салата зелка за вечера(Исто ко Хоупфул, ама во скратена варијанта),
и ужинка, една банана, едно јаболко, сок од цеден портокал, и една чоколадна тортица од М (не можев да им одолеамuser posted image )

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Трудници, што јадевте денес?
14.2.2015 19:05:09   
Mihaela 2010
Dur idev na rabota povekje kontrola imav vrz hranata no vaka sedejki doma nekako ko da se opustiv no moram da priznam deka i apetitce mi se kaciuser posted image
Sabajle edna banana, kafe nes, za dorucek dve mali mekici ( napraveni od majka mi) so sirenje i casa jogurt, rucek sarmicki , tri isleri, kafe tursko i sakam da ne veceram ili ovosje da potkasnam.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Трудници, што јадевте денес?
15.2.2015 11:06:31   
Hopeful RR
Вчера почнав со масло од лен, цеден лимон и јаболко, па потоа и овес со јатки, семки и суво грозје, со вода. За некоја ужинка каснав мал сендвич со кашкавал и павлака, а за ручек рижото со вргањ, шампињони и шафран. За вечера пуканки со јогурт.

Денес почнав исто - масло од лен, цеден лимон, јаболко, мед со коприва и Хемовит сируп. Сега пијам вода, па се мислам дали да си направам овес... За ручек ќе имам грашок и салата, а за вечера ќе видам нешто полесно, најдоцна до 19.30ч бидејќи утре сабајле пак мерам шеќер.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Трудници, што јадевте денес?
30.3.2015 8:18:25   
Dothy
Добро Утро и од мене, во ум имам за доручек некако најмногу ми се слади периодов:
-Планински чај (го обожавам) засладен со мед
-2 парчиња р`жан леб со путер и парче сирење
Омилено ми е..
Бидејќи сакам грицки многу (нажалост) успеав некако да ги заменам со муслите од виталија со чоколадо..јаболка
-ручек најверојатно ќе биде грашок со праз и пилешко(домашно) салата марула со младо кромидче и лукче
-вечера овошје

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Трудници, што јадевте денес?
30.3.2015 11:22:16   
kika25
Dothy мед во бременост не се препорачува, зошто се смета за алергенс. Се сто е мед и на база на мед прополис матичен млеч и тн не се препорачува.

(Одговор на членот Dothy)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Трудници, што јадевте денес?
30.3.2015 12:16:38   
Hopeful RR
Мед може да се ограничи само во првиот триместар, но потоа може да се јаде, посебно ако е од проверен извор.

Инаку одамна не сум пишала овде - во последно време се разјадов теста и печива, чудо едно. Исто, некако се фокусирав на праски во конзерва, јес да имаат многу шеќер, ама барем не се чоколадо. Гледам да намалам на млечни, и јадам и многу житарки, мешункасти плодови и јајца. Денес на пример, јадев банана, па печиво со јогурт, сега имам овошен јогурт за на работа, а после за ручек/вечера ќе одиме кај мајка ми на роденден, и на нејзиниот специјалитет - посно гравче со свежа салата.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kika25)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Трудници, што јадевте денес?
7.8.2015 8:13:16   
Bea
Баш ја читав темава вчера и гледам Меланија ставила линк :)
Јас сум 11+2 и искрено последнава недела малку забушавам со исхраната. Со овошје сум добра, ама зеленчукот слабо ми оди.

Наутро секој ден пијам смуди во кое обавезно ставам сок од цеден портокал и лимон, една рака бејби спанаќ, пола банана или авокадо, а останатото различно - јаболка, вишни, сега има свежи бобинки по пазарите па секогаш кога ќе начекам ставам капини, малини, боровници, рибизли... Зависи што имам дома.
За доручек вчера имав 2 мали пецива со сирење
Ужина 1: 1 банана
Ужина 2: 2 праски и рака бадеми (ми се пријадува околу 14-15h, па си имам и втора ужинка :)
Ручекот вчера ми беше пица
Вечера: диња и 2 парченца леб со сирење, маслинки и јогурт.
Значи вчера денот катастрофа, зеленчук нула! Си дадов задача тоа веднаш да го поправам, па ќе ве известам за напредокот.



(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Трудници, што јадевте денес?
7.8.2015 14:26:05   
Hopeful RR
Важно овошје си јадела, добра си user posted image

Него, те читам и ти завидувам на малините, капините, портокалот и лимонот, работи што јас сега не смеам да ги внесувам, така што ти само продолжи така, искористи до максимум додека можеш user posted image
Само во врска со свежиот спанаќ во смуди - зеленилата менувај ги секој 2-3 ден, немој секој ден истото затоа што се таложеле некои состојки, не знам што точно. Се препорачува да ротираш спанаќ со свежа блитва и други зеленила.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.8.2015 13:01:26   
Bea
Hopeful, me zamisli so spanakjot. Ke promenam so nesto drugo. Citav edna kniga za zeleni smudija, ama epten advanced mi se vide - so gluvarcinja, samoniklo bilje i sto sve ne. Jas bi krositela marula, blitva, kelj eventualno, ama tie za visok TSH ne gi preporacuvaat.
Ma ne znam vekje...valjda se sto e vo umereni kolicini ne smeta.
Inace sabajlevo lapnav ovesni so jogurt, edno kance kapini svezi i praski. Sega so rucekot spremam grcka salata so maslinovo. A za vecera verojatno taratur - kiselo mleko i krastavicki. I plus uzinki.


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.8.2015 14:24:56   
Kvisko
Bea ти ептен внесубаш овошје немаш гајле за витамини.
Јас нешто малку забегаб во бременоста од она што нормално го јадев. Овес на пример ми се одјаде па сега повремено го јадам а претходно секој доручек ми беше овес со кисело млеко. Авокадо исто јадев многу а сега ми се гади од него.
Како и да е обично доручек ми се две парчиња интегрален леб со путер или евентуално млечен намаз или мајонез. Со тоа сирење или кашкавал и домат и краставица. Најново воведоц и чаша баланс јогурт. Ужина ми е овошје некакво. Ако ручаме покасно втората ужина знам да ја зезнам и јадам нешто грицки понекогаш. Ручек зависи што има на пример вчера летна манџа имавме па со тоа пак јадев леб (иако ич не ми прави ќејф да јадам леб за ручек). За ручек нормално имаме салата најчесто домат и краставица ама гледам да јадам и цвекло заради крвна слика (спанаќ и слично ми прави запек отсекогаш било така па вака одржувам крвна слика). Потоа попладневната ужина ми е лубеница или диња. Вечера ако јадам е пак нешто тесто. Немам ич идеја за вечера. Пред бременоста не вечерав сега некако ми треба понекогаш вечера. Е сега проблем ми е и благото што пак почнав да го јадам ама гледам да припазам.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.8.2015 14:45:10   
Hopeful RR
Девојки, супер се храните!
Kvisko, еве предлог за вечера - една од моите омилени комбинации: сецкано свежо овошје (праски, јаболки, сливи, малини), сецкано суво овошје (кајсии се супер за крв, суви сливи, суво грозје, брусница), разни семки (тиква, лен, сончоглед) и јатки (ореви, бадеми, лешници), сето тоа потопено во ацидофилен јогурт. Ова е витаминска бомба, башка превкусно user posted image Ако ти се јаде солено, тогаш истото со зеленчук - рендана краставица, морков, цвекло, семки и јатки, со јогурт, како еден вид таратор. Супер е за лето user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Трудници, што јадевте денес?
21.1.2016 1:06:53   
Melanija RR
Како потсетување за user posted image и поттик да пишуваат во оваа тема која лани беше многу активна и полна со здрави оброци


ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

5 ОДЛИЧНИ УЖИНИ ЗА ТРУДНИЦИТЕ

Бременоста е време кога, повеќе од кога било предходно, морате да внимавате на тоа што јадете.Порано се велеше дека во бременоста жената мора да јаде за двајца.Денес знаеме дека тоа не е така и дека на жените во бременоста им се потребно само 300 калории повеќе.Но, важно е добро да избереме што ќе јадеме.
Истражувањата велат дека на бремените жени им е доволна една ужина повеќе за да ги задоволат своите потреби и потребите на детето.Но потешкиот дел е да се одлучи каде да се добијат тие 300 калории повеќе, односно која ужина би била најсоодветна.Еве и неколку практични и хранливи идеи кои можат да бидат од помош:

КРЕКЕРИ И СИРЕЊЕ.Ова е одлична комбинација бидејќи истовремено добивате протеини и влакна.Можете на крекерите од интегрални житарки да ставете сирење.

ЈАТКАСТО ОВОШЈЕ.Вреќичка со ореви секогаш е добредојдена во торбата на секоја бремена жена.Едноставно е не е потребно посебно да се приготвуваат ниту замрзнуваат.Секој вид на јаткасти плодови служат како мала фабрика за протеини и доволно енергија за да ве придвижи.

СВЕЖО ОВОШЈЕ.Јаболкото, бананата,крушата,праската, или портокалот, се се тоа одлични и здрави избори кои не бараат посебна подготовка.

ТВРДО ВАРЕНИ ЈАЈЦА.Тоа е компактна ужина која може да ја понесете со себе, но мора да ја чувате во фрижидер или да ја изедете во разумен рок.

СОСОВИ И СТАПЧИЊА.Стапчињата морков и целер се одлична ужина.Можете да користите и цветови брокула.Дополнителен плус се сосовите, пробајте со сос од грав,или слични хранливи сосови.



_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 219
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste popustliv roditel?

Da (50%)

Ne (50%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!