Hopeful RR
|
Квиско, се согласувам со сите овие совети. Две недели се многу малце за да се регулира лактација, и без нервози, ќе си дојде се на место. Само ставај го почесто на цице, менувај страни секогаш кога ќе ти изгледа дека е готов, пробувај и кога не си сигурна дали е гладен, не чекај ни да заплаче. А тоа што остава во шишенцето е добро, тоа значи дека е најаден. Одмолзувај се после секој подој и тоа млекце дај му го после следното цицање. Јас така правев, и исто како Лола - двајца со по 2кг и нешто, со дохрана, па стигнавме до период во кој цицаа по пола саат секој и им беше доволно. Е сега кај мене дека двајца, кога пркнаа секако мораше дохрана, но тоа е друг муабет Исто така, додека да се научи солидно да цица, не му ставај цуцла - ако си почнала, тргни ја овој период.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|