|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Хранливи материи препорачливи во бременоста
12.7.2009 8:43:07   
Палешка РР
Олеснувачки фактори во врска со исхраната за време на бременоста
 
Познато е дека, зачнувањето или неколку недели потоа е период кога ембрионот е најмногу чувствителен, бидејќи се создаваат неговите органи и системи. Причината за правилно консумирање на хранливи материи за време на бременоста е особено важна бидејќи енергијата, потребна за создавање на видовите системи, произлегува од енергијата и хранливите материи од циркулацијата на мајката од внатрешниот ѕид на матката.
За време на првата фаза од бременоста плацентата сеуште не е формирана. Поради тоа ембрионот сеуште нема заштитен механизам од дефициенции, кои што може да бидат својствени за циркулацијата на мајката. Затоа консумирањето точни вредности на хранливи материи и енергија за време на бременоста е особено важно.
Еден од проблемите кои претставуваат потешкотија за бремената жена е дека недостатокот од фолна киселина предизвикува дефекти на нервните туби. Кај жената која во својот организам има 4 мг фолна киселина поради дополнително консумирање на истата, 3 месеци пред породувањето, ризикот од дефекти на нервните туби кај фетусот значително се намалува. Денес, ова е подржано од Министерството за здравство на Обединетото Кралство, кое што дневно препорачува консумирање на фолна киселина од 400 мг.
Внесувањето на ретинол, во исклучителни случаи, се поврзува со децата со вродени мани и абнормалности. Како и да е, правилното внесување на ретинол не се смета за штетно. Забележано е дека порција од 100 гр. џигер, може да содржи голема вредност на ретинол. Затоа за време на бременоста, најдобро е да не се консумира секојдневно. Преголемата доза на ретинол има штетно влијание слично како прекумерената консумација на алкохол.

Хранливи материи, препорачливи за време на бременоста
 



Хранлива материја
Препорака
Дневно препорачлива Максималана/Тотална вредност

Енергија
Зголемување на 200 килокалории (840 килоџули) дневно, само во последното тримесечје
препорачлива дневна доза

Протеини
6 гр.повеќе од препорачливата дневна доза
51 гр. дневно

Тијамин
Зголемување на вредноста во согласност со енергијата, зголемена доза за 0,1 мг. дневно
0,9 мг. дневно

Рибофлавин
Потребен за развој на ткивата, 0,3 мг. повеќе од препорачливата дневна доза
1,4 мг. дневно

Нијацин
Правилно дополнително консумирање. Нема потреба од зголемување на вредноста.
препорачлива дневна доза

Фолат
Одржување на нивото на плазмата, 100 микрограми повеќе од препорачливата дневна доза
300 микрограми дневно

Витамин Ц
Надоместува за дренираните резерви на мајката, 120 мг. повеќе од препорачливата дневна доза
50 мг. дневно

Витамин Д
Надоместок на нивото на Витамин Д со 10 микрограми дневно
препорачлива дневна доза

Калциум
Нема потреба од дополнително консумирање
препорачлива дневна доза

Железо
3 мг. повеќе од дневно препорачливата доза
препорачлива дневна доза

Магнезиум, Цинк и бакар
Нормално дополнително консумирање
препорачлива дневна доза

Јод
100 микрограми повеќе од препорачливата дневна доза
250 микрограми дневно

< Поракaта ја уредил Палешка -- 12.7.2009 8:46:15 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
13.7.2009 13:53:01   
caci8
paleska  site ovije raboti sto gi napisa mozem sama dasigi kupam ili moram da go prasam doktorot  i kaj se kupuvat te molam kazimi zosto jas samo pijam  tifol i aspirin protekt dr mi gi napisa 

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
26.7.2009 10:49:38   
mami
цаци8 за внесување на било какви витамини екстра од она што го добиваш преку храната, би било добро да се консултираш со својот гинеколог и тој да ти каже што и како и во колкава количина треба да земеш. Мојот на пример ми правеше крвна слика и по резултатите ми даде да пијам магнезиум, железо, ц витамин и нормално- мамавит 

(Одговор на членот caci8)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
26.7.2009 18:22:43   
caci8
da mami prasav mi kaza uste nisto da ne zimam dodatni vitamini samo folna kiselina nisto drugo utre ke odam na exo za srceva reakcija

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
26.7.2009 19:11:03   
Палешка РР
caci8, оваа листа е за витамини кои се примаат ИСКЛУЧИВО преку исхраната. Немој никако на своја рака да земаш ништо што не ти препишал лекар. Поздравче и уживај во бременоста user posted image  user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот caci8)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
26.7.2009 19:28:54   
JULCE
da vi kazam deka za folnata kiselina e preprecliva prvite 3 meseci toa e ok,i posle ovi vitamini so gi kupuvame A,B,B1,C,MAGNEZIUM,ZELEZO,I SLICNI,site tie gi ima vo ishranata najpoke vo ovosjeto i cvekloto probajte so cveklo ke vidite kakvi se rezultatite od mesec do mesec,,nema vrska kakvo mozi i zivo ili konzervirano,i caj nema vrska kakov poubavo zdravje od sokcinja gusti so nemat vrska so vitamini,,prirdno samo,,pozz

_____________________________

koj saka neka mi pisi .

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
1.8.2009 0:31:10   
alex_mo
Jas sum 12 nedela ,dr. mi rece da gi dozemam tabletite Folna(uste 10) i da prestanam da gi pijam.Go zaprasav dali potoa ke treba nekoi vitamini,mi rece deka ke mi kaze ako treba,a obavezno da jadam dinja zatoa sto sodrzela prirodna folna kiselina.Malku mi dojde cudno zatoa sto na mojata prijatelka vednas posle 3 mesec i preporaca Pregnacare, a mene ne.Moze zatoa sto site ne sme isti ....neznam....

(Одговор на членот JULCE)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
17.8.2009 15:46:24   
lili26
Jas bremenosta ja pominav so mnogu svezo ovosje i zelencuk,leb mnogu malku.Nekade vo osmiot i devetiot mesec jadev i varena pcenica,deka bilo ubavo za mozoceto na bebeto.Piev i mnogu sokovi,ne gazirani,pojadokot mi bese najcesto mlecen(zitarki so mleko ili jogurt)
Jas se zdebeliv 12 kila,bebeto se rodi 3640.Krvta mene mi bese na poragaj12,a na bebeto 14(hemoglobinot)

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
2.9.2009 16:43:41   
Палешка РР
Јас од секогаш многу јадам лешници - непечени.
Ги јадам и во бременоста бидејќи содржат доста важни витамини.
 
Нутритивен состав
Постојат мали разлики во составот на различни јаткасти плодови. Генерално сите содржат:

  • Малку заситени масти.
  • Многу мононезаситени и полинезаситени масти.
  • Не содржат холестерол.
  • Содржат фитохемикалии, како што се фитоестрогени и фенолни состојци, елагична киселина и флавоноиди.
  • Содржат влакнести материи.
  • Содржат квалитетни растителни протеини, вклучувајќи ја аминокиселината аргинин.
  • Витамини Е, В6, нијацин и фолна киселина.
  • Важни минарали како магнезиум, цинк, железо, калциум, бакар, селен и калиум.
Ви препорачувам и вас, само не претерувајте ако сте сами, ако е маж ви тука можеuser posted image  user posted image  user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот lili26)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
12.11.2009 16:12:15   
Палешка РР
Исхрана во бременоста
user posted image
Бременоста е деликатна фаза од животот на секоја жена. Телото трпи промени, умот трпи промени, логично е и исхраната да трпи промени. Мит е дека треба да јадете како за двајца, но факт е дека менито мора да изобилува со здрава храна.
За да не мора да лутате и да се прашувате што смеете, а што не смеете да ставите во уста, направивме водич за вашата 9 месечна исхрана.
Храна што треба да ја консумирате!
Во текот на бременоста, одредени хранливи состојки се трошат премногу брзо. Едноставно се исцрпуваат за градење на новото суштество. Тука мислиме на:
Фолната киселина се препишува на самиот почеток на бременоста. На природен начин можете да ја земете преку темните зеленчуци, а по вештачки пат преку готовите таблети кои ги има во секоја аптека.
Зеленчукот и месото се извор на железо кое не смее да варира во бременоста. Месото е поголем извор за разлика од зеленчукот, но недостатокот е многу подобро да се надомести преку готов суплемент, отколку да изедете дупла доза месо. Сепак мора да се внимава и на мастите, а особено на холестеролот.
Калциумот и витаминот Д се неопходни и за мајката и за детето. Детето за да се развие, ќе ги црпи сите резерви од мајката. Но, ако мајката остане без калциум може да има проблеми со забите и да заболи од остеопороза. Затоа освен млеко, добро е да пиете и калциум преку таблети.
Преку овошјето и зеленчукот ќе ги задоволите потребите од останатите витамини и минерали, како витаминот А и Ц. Значи не постои зеленчук и овошје од кој треба да се откажете.
Храна што треба да ја избегнувате!
Нормално дека на прво место е алкохолот. И минималните количества алкохол може да предизвикаат предвремено породување или деформации на плодот.
Ограничете го количеството на кофеин. Дневната доза не смее да биде повеќе од 300 милиграми. Истото правило важи и за теинот. Што значи дека не смеете да претерувате и со пиењето чај. Една шолја чај во денот е сосема доволно.
Ограничете го холестеролот на 300 милиграми дневно. Од вкупно внесените калории во текот на денот, само 30 % треба да бидат масти. На пример, ако дневното внесување на калориите изнесува 2000, 65 грама треба да бидат масти.
Не секоја риба се препорачува на трудниците. Ајкулата, сабјарката, и рибите од овој тип содржат висок процент на амалгам кој може да биде штетен.
Избегнувајте меки сирења и фета. Тие не се високо пастеризирани и може да предизвикаат инфекција. Тврдото сирење , кашкавалот и јогуртот се добредојдени.
Храна што треба да ја консумирате кога не се чувствувате добро!
Утринските мачнини, дијареата, тврдата столица се вообичаени симптоми на бременоста. Под дејство на хормоните секоја жена различно реагира. Некои не можат да сопрат со јадење, додека други немаат никаков апетит.
За утринските мачнини јадете: солени бисквити, житарици или переци. Во текот на денот консумирајте послаби, но почести оброци. Избегнувајте мрсна и пржена храна.
За тврдата столица јадете: поголеми количества зеленчук и овошје. Пијте повеќе вода и јогурт.
За дијареа јадете: повеќе производи кои содржат пектин, како банани, ориз, варен компир, овес и двопек.
За срцебиењето јадете: чести, но слаби оброци. Пред секој оброк пијте чаша млеко, и исклучете го кофеинот дури и оној кој го има во кока колата.
Храна што треба да ја консумирате ако сте вегетаријанец!
Вегетаријанскиот начин на исхрана може да продолжи и за време на бременоста. Но, морате двојно да ги зголемите хранливите состојки. Што значи повеќе протеини и калории, дупли дози на овошје и зеленчук. Недостатокот од месо може да се надополни преку витаминот Б12 и фолната киселина. Но, ако сакате детето правилно да се развие не смеете да ја избегнувате секоја храна од животинско потекло. Млекото и јајцата се неопходни во бременоста.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
12.11.2009 18:04:18   
ripce
јас во почетокот земав фолна киселина, потоа ми препишаа feroglobin пошто бев анемична, па кон крајот на бременоста пошто не ми се подобруваше крвната слика ми препишаа ампули tothema... инаку во текот на целата бременост земав prenetal. Пошто од почеток до крај се' што ќе изедев одма ќе го повратев, хранливите материи од храната очигледно дека не се задржуваа, па морав да земам витамински таблети

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
6.1.2010 0:16:58   
ripce
Витамините во текот на бременоста и доењето се важни како за мајката така и за растот и развојот на плодот и за растот и развојот на новороденото.

Витамин А е липосолубилен (растворлив во маснотии). Главна функција му е за видот на човекот. Недостигот од него се изразува на ретината, но и на гликопротеинската синтеза и е промотер на растот и диференцијацијата на различните ткива. Се наоѓа во зелено и жолто обоено овошје и зеленчук. Дневна доза е 800 микрограми и е истата и во текот на бременоста. За време на лактација, дневната доза е 1.300 микрограми. Рутинска дополнителна дохрана не се препорачува. Алфа-каротен (прекурсор на витаминот А) не е тератоген.

Витаминот Б1 (тиамин) е хидродолубилен (водорастворлив) и е потребен за ослободување на енергија од клетките. Извори се млеко и сиров мешункаст зеленчук. Дневната доза е 1,1 мг, за време на лактација и бременост потребите се 1,5мг дневно. Со балансирана исхрана нема потреба од дополнително внесување.

Витаминот Б2 (рибофлавин) е водорастворлив, а е потребен за ослободување на енергија од клетките. Извори се зелени зеленчуци, млеко, јајца, риба и сирење. Дневната доза е 1,3 мг, а во тек на бременост се зголемува на 1,6 мг за најмногу да е во период на лактација - 1,8 мг. Со балансирана исхрана, во бременост и лактација дополнително внесување не е потребно.

Витаминот Б6 (пиродоксин) е водололубилен витамин и е потребен за метаболизмот на протеини, јагленохидрати и липиди (масти). Извор е зеленчукот, а дневната доза е 1,5 мг. Во тек на бременост и лактација потребите се зголемуваат на 2,2 мг, а во време на лактација 2,6 мг.

Витаминот Ц (аскорбинска киселина) е водорастворлив. Ги редуцира слободните радикали и помага во создавање на проколагенска синтеза. Извор се овошје и зеленчук, дневната доза е 60 мг, во бременост 90 мг и во лактација 95 мг.

Витаминот Е е маснорастворлив, потребен како антиоксиданс. Извор се анимални протеини и масти. Дефицитот предизвикува хемолитична анемија и кај новороденото. Дневна доза е 8 мг, во бременост 10 мг и во лактација 12 мг.

Витаминот К е растворлив во масти, потребен е за синтеза на факторите за коагулација VII, IX и X. Извор се зелени лисести зеленчуци, домати и јајца. Во текот на бременост транспортот на витаминот К од мајката кон плодот е ограничен. Дневната доза е 60 мг, а во тек на бременост и лактација 65 мг.

Фолната киселина, хидросолубилен витамин од групата на Б-комплекс, е важен е за ДНК-синтезата и репликацијата на ДНК. Извор се лисести зеленчуци, свежи или суви, грашок и грав. Дефицит кај бремената доведува до мегалобластна анемија и дефект на феталната неврална цевка. Дневна доза 0,2 мг, за време на бременост 0,4 мг и лактација 0,2 мг.

Ниацинот, хидросолубилен витамин, влегува во метаболизмот на енергијата во клетките. Извор се живина, риба и јаткасти плодови. Дневната доза е 15 мг, во бременост 17 мг и за време на лактација е 20 мг.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
15.1.2010 23:23:51   
mica
devojki ve molam za pomos,kazete sovet za hemoglobinot,momentalno mi e 101 sto da pravam dali da pocnam so koristenje na tableti ili da pocnam po priroden pat,sto mi preporacuvate da napravma i sto da jadam najvise.?pozz

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
15.1.2010 23:43:17   
ripce
сок од цвекло, моркови и јаболка!

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
7.3.2010 1:32:39   
nadica
5 ОДЛИЧНИ УЖИНИ ЗА ТРУДНИЦИТЕ

Бременоста е време кога, повеќе од кога било предходно, морате да внимавате на тоа што јадете.Порано се велеше дека во бременоста жената мора да јаде за двајца.Денес знаеме дека тоа не е така и дека на жените во бременоста им се потребно само 300 калории повеќе.Но, важно е добро да избереме што ќе јадеме.
Истражувањата велат дека на бремените жени им е доволна една ужина повеќе за да ги задоволат своите потреби и потребите на детето.Но потешкиот дел е да се одлучи каде да се добијат тие 300 калории повеќе, односно која ужина би била најсоодветна.Еве и неколку практични и хранливи идеи кои можат да бидат од помош:

КРЕКЕРИ И СИРЕЊЕ.Ова е одлична комбинација бидејќи истовремено добивате протеини и влакна.Можете на крекерите од интегрални житарки да ставете сирење.

ЈАТКАСТО ОВОШЈЕ.Вреќичка со ореви секогаш е добредојдена во торбата на секоја бремена жена.Едноставно е не е потребно посебно да се приготвуваат ниту замрзнуваат.Секој вид на јаткасти плодови служат како мала фабрика за протеини и доволно енергија за да ве придвижи.

СВЕЖО ОВОШЈЕ.Јаболкото, бананата,крушата,праската, или портокалот, се се тоа одлични и здрави избори кои не бараат посебна подготовка.

ТВРДО ВАРЕНИ ЈАЈЦА.Тоа е компактна ужина која може да ја понесете со себе, но мора да ја чувате во фрижидер или да ја изедете во разумен рок.

СОСОВИ И СТАПЧИЊА.Стапчињата морков и целер се одлична ужина.Можете да користите и цветови брокула.Дополнителен плус се сосовите, пробајте со сос од грав,или слични хранливи сосови.

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.3.2010 1:37:00 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
12.6.2010 17:39:36   
keti84
Сега сум во 4 недела и за 2-3 недели треба да одам на преглед за да ја видиме срцевата активност. Многу се плашам да не ми се случи истото како пред 2 години кога во 7 недела немав срцева активност и морав да абортирам. Ве молам кажете ми дали исхраната има врска со појавувањето на срцевата активност и што треба да примам за тоа?
Сега пијам фолна, витамин Ц и магнезиум 250мг.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
13.6.2010 12:12:10   
arh_diz
keti84 nemisli na losi raboti , toa sto bilo pominalo vremeto ne mozeme da go vratime nazd. Ishranata mislam deka nema vrska so srceva reakcija poveke ima tvoeto raspolozenie zatoa opusti se
Ajde pa cekame da ni pises kako si go videla bebceto i si slusnala srceva reakcija

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот keti84)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
7.7.2010 16:01:00   
zanka
Jas bi vi go preporacala Vivatap filterite za voda koi ja podobruvaat vodata so prirodni minerali koi se isklucitelno vazni za zdravjeto majkata.

< Поракaта ја уредил Тања -- 20.8.2010 15:47:10 >

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
20.8.2010 15:30:34   
vezilka RR
За време на бременоста, исхраната мора да биде разновидна и урамнотежена, така што на тој начин се чува здравјето, како на мајката, така и на детето. Исхраната е од посебно значење за бремените жени кои страдаат од дијабетес. Дијабетесот може да се појави и во бременоста, па правилната исхрана превентивно ќе делува на неговото престанување.

Енергетските потреби, како и потребите за основните хранливи материи се слични како и кај здравите трудници. Најдобро би било да се изгради индивидуален здрав план за правилна исхрана. Во секој случај, треба да се придружувате кон некои општи правила.

Во првата половина на бременоста, некои посебни измени во исхраната не се потребни. Жените кои имаат дијабетес пред бременоста, веќе знаат кои намирници и во кои количини треба да ги консумираат. Заради честите тешкотии и повраќања во почетокот на бременоста, исхраната би требало да се состои од чести мали оброци. Малите чести оброци се препорачуваат и во подоцната бременост, затоа што го одржуваат стабилно нивото на глукоза во крвта и спречува од напад на глад. Доколку постојат тегоби, препораката е наутро непосредно по будењето да се изеде некој кекс или двопек.

Во другата половина од бременоста, особено после шестиот месец, бебето интензивно расте па се зголемуваат и потребите за храна. Иако трудниците често мислат дека треба да се јаде за двајца, енергетската потреба треба да се зголеми за 300-350 kcal.

Правилната исхрана треба да обезбеди пред се белковини. Тоа се постигнува со консумирање на млеко и млечни производи, риби, мешунки и повремено консумирање на јајца. Освен белковините, овие намирници за организмот ќе обезбедат и калциум, железо и витамин Д. Посебно внимание би требало да посвети на внесот на јаглените хидрати. Јаглените хидрати се надоместува со јадење интегрални житарки и нивните прозиводи, како и овошје и зеленчук. Со внесувањето на сложени јаглени хидрати, се внесуваат и билни влакна, кои се значајни за одржување на стабилното ниво на шеќер во крвта, но, и витамини и минерали, посебно витамин Ц и витамин Б комплекс. На овој начин се спречува брзиот напад на глад.

Иако во бременоста се појавува потреба за внесување прости јаглени хидрати, ние би требало да ги исклучиме и кај здравите трудници, а посебно кај оние кои што страдаат од дијабетес. Треба да се консумира леб, тестенини и печива од бело брашно, како и компир.

Кога се во прашање мастите, предност треба да се даде на ладното цедено масло (сончогледово, маслиново), а да се намали внесувањето на заситените масти (маргарин, павлака и кајмак).

Со правилната исхрана се одржува идеалната телесна маса, така што до крајот на бременоста, трудницата не би требало да ја зголеми својата телесна маса со повеќе од 9-12 килограми.

(Одговор на членот zanka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
20.8.2010 15:32:16   
vezilka RR
Консумирањето чоколадо во текот на бременоста е добро за детето, се покажало во истражувањата на финските научници, од Универзитетот во Хелсинки. Истражувачите побарале од 300 трудници да го бележат нивото на стрес и количеството чоколади што ги јадат, и според тоа забелажале дека консумирањето чоколадо за време на бременоста, позитивно дејствува на однесувањето на детето.
Исто така е забележано дека децата на воздраст од 6 месеци, чија што мајка за бременоста секојдневно консумирала чоколадо, почесто се смееле и биле повесели.
Истражувачите кои го спровеле истражувањето признаваат дека неможат со сигурност да тврдат дека чоколадото и однесувањето на децата не се поврзани и со некои други фактори. Но исто така претпоставуваат дека забележаните дејства произлегуваат од хемикалиите во чоколадото, што се поврзува со позитивното расположение, кое се пренесува на новороденчето во матката.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
20.8.2010 15:37:13   
vezilka RR
Извор на магнезиум во храната

Блитва - идеална за подготовка на лесни јадења, а освен со магнезиум, богата е и со калиум, железо, минерални остатоци, витамин Ц. Една шоља варена блитва задоволува и до 50% од дневната потреба за магнезиум.
Спанаќ - се вбројува во нутритивно најбогатиот зелен зеленчук. Една шоља варен спанаќ задоволува 40% од дневната потреба за магнезиум.
За надоместување на магнезиумот треба почесто да се грицкаат бадеми, ореви, лешници, кикирики или уште подобро, семки од тиква и сончоглед. Една четвртина шоља бадеми задоволува речиси 70% од дневните потреби за магнезиум, а истата количина на семе од тиква дури 85%
Помеѓу другите страни, сојата е позната и како богат извор на магнезиум. Уште повеќе магнезиумот се содржи во сирењето од соја, тофу. Половина шоља задоволува околу 40% од дневните потреби за овој минерал.
Јогуртот во 100 гр. содржи околу 20 мг. магнезиум.
Во 100 гр. чоколадо има околу 230 мг. магнезиум, што претставува 75% од дневните потреби за овој минерал.

Од огромно значење за здрајето и нормалното функционирање на организмот претставува внесувањето на потребните количини на магнезиум. Овие потреби зависат од општата состојба на организмот, возраста, полот, бременоста, доењето и прехрамбените навики.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
20.8.2010 15:39:31   
vezilka RR
Каде е најприсутен калциумот?

Калциумот е најприсутен во: млеко (1 грам на 1/4литри), млечни производи, сирење, јогурт, лиснат зелен зеленчук, кељ, овошни сокови, кргушки од риба, сардини, лосос, брашно од костен, кикирики, ореви, бадеми, семки од сончоглед и црн пипер.
Најмногу калциум има во листовите на растенијата.
Глодањето коски, особено од пилешки копан од мисирка, е многу кориснско кога станува збор за калциум, бидејќи врвовите на тие делови на коските содржат големо количество на калциум.
Апсорбцијата на калциумот ја помагаат: витамините А, Ц, Д, Ф, железо, магнезиум, хлороводородна киселина, лактоза, белковини (големо внесување), неомицин, циклосерин и фенолфталин.
Апсорбцијата на калциумот ја одмогнуваат: недостиг на хлороводородна киселина, стрес, недостиг на магнезиум, недостиг на витамин Д, хексафосфорна киселина (фитати, зрна од житарки), оксалати (оксална киселина: чоколадо, спанаќ...), фенитоин и примидон.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
20.8.2010 16:08:27   
vezilka RR
Протеини

Многу бремени жени не знаат колку се важни протеините како за нивното, така и за здравјето на нероденото бебе. Бремените жени треба да внесуваат поголемо количество протеини, затоа што тие се неопходни за растењето на бебето.

Препорачани дневни потреби: 71g.

Извори на протеини: кревко црвено месо без маснотии (јагнешко, телешко), јајца, риба, месо од живина, млеко и млечни производи, ореви, лешници, бадеми кикиритки и семки, грав, печурки..

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
20.8.2010 16:13:26   
blue_blue
Кети,

Јас колку што знам од она што го имам читано и од консултација со лекар спонтан до 12 недела, или немање срцева акција до 12 недела нема врска со твоето здравје и со твојата исхрана туку со исфрлање на плод поради тоа што има некоја аномалија т.е. тоа е некој природен начин на организмот да не дозволи да се доноси бременост на дете со некои големи аномалии. Е сега, ова не знам колку е до крај точно пошто има и деца родени со големи вродени аномалии, а и ма па и деца од мајки кои се однесувале најнерздраво на свет (пиење, пушење, лоша исхрана) итд, атка што мислам дека колку е тоа можно треба да се опуштиш, да си мислиш на убави работи и да си водиш здрав живот па се ке биде ОК. Поздравче идна мамичке!


ИЗВОРНА ПОРАКА: keti84

Сега сум во 4 недела и за 2-3 недели треба да одам на преглед за да ја видиме срцевата активност. Многу се плашам да не ми се случи истото како пред 2 години кога во 7 недела немав срцева активност и морав да абортирам. Ве молам кажете ми дали исхраната има врска со појавувањето на срцевата активност и што треба да примам за тоа?
Сега пијам фолна, витамин Ц и магнезиум 250мг.

(Одговор на членот keti84)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Хранливи материи препорачливи во бременоста
21.8.2010 0:44:19   
nutelizza
Кети немој да пиеш, пушиш и да се нервираш тоа најпрво. А здрава храна со чести јадења во текот на денот нормално дека се препорачани

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali preferirate da odite vo teretana?

Da (17%)

Ne (67%)

Ponekogas (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!