Hopeful RR
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		 Леле немојте вегета да ставате, преполна е со презерванси и што се не! Јас ни сол не планирам да дадам, а не па вегета... Вкусот на бебето му е убав, навикнато е на блуткави вкусови и се му е таман. Од зачини, смее само цимет, и евентуално после 10-11 месец нане, босилек, ама ова треба да се провери, не сум сигурна. Сол ни под разно. Комбинирајте со самите зеленчуци, како што вика и Сандриана - со целер, пашканат, кромид и лук може секакви комбинации. Додавам и јас путер - домашен несолен, или маслиново. Ептен ако не го јадат, додавам кисело млеко или јогурт.       Во однос на варењето на житарките - јас сите ги варам со повеќе вода и ги чекам да се разварат и да впијат се убаво, па ги цедам. Не сакам да остане нешто недоварено.       Гина, какањето може да е од храна, но не би требало од кисело млеко, тоа е пробиотик. Нека се среди се, па пробај елиминирај намирници.    Тоа што го поминав е хорор, пола глава ми е побелена од тој ден, ама важно нека се здрави и живи, не ми се ризикува ништо. Се уште блендирам се, но еве интегралниот ориз не го блендирам до крај и генерално гледам да ги правам погусти кашичките, не течни, па да им дојде погуста текстура за џвакање. 
			
			
  < Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 8.3.2016 16:28:34  >					
			
			 
  _____________________________
  Обиди 2,5 години   HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)    2015           
				  	
		  
		  
		  
		 |