|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   исхрана на недоносените бебиња
24.6.2009 9:13:09   
mami
Исхраната е многу важна за подигнување на предвреме роденото бебе. При тоа, треба да се знае дека недоносеното бебе со помала тежина (под 1 800 грама) нема развиен рефлекс за цицање и за голтање, така што нив мора да ги храни добро подготвен средно-медицински персонал.
Предвреме родените деца се хранат со сонда која им се става во желудникот. Доколку е развиен рефлексот за голтање, можат да се хранат со лажичка или пипета, а ако е развиен и рефлексот за цицање, тогаш можат да се дојат или да се хранат со шише.

Доколку не се води сметка за овие рефлекси, многу лесно доаѓа до внесување млеко во белите дробови на бебето, а тоа претставува огромна опасност и по самиот живот на истото ( аспирациона пневмонија ). Друг важен момент е давањето соодветна храна уште во првите 24 часа од раѓањето. Најдобро е тоа да биде мајчиното млеко или млекото од друга доилка.
Бидејќи можноста од закиселување на организмот ( ацидоза ) е поголема кај предвремено родените бебиња, се препорачува хипертонична гликоза уште во текот на првите 24 часа. На овој начин се спречува и настанувањето на хипогликемија односно намалување на шеќерот во крвта.

Во извесна мерка, мајчиното млеко претставува и “разблажена” храна за порано родените бебиња. Имајќи предвид дека ним им е потребна богата храна ( со белковини, витамини и минерални соли ) заради брзо напредување и раст, се препорачува додавање на некој белковински препарат.
Покрај мајчиното млеко, особено ако го нема во доволни количини, може успешно да се применува и некое млеко во прав. Бројот на оброци, се препорачува да биде исто како и кај навреме родените деца. Тоа значи дека бебето треба да се храни на секои три часа во текот на првиот месец, односно седум пати во текот на 24 часа ( и ноќе ). После првиот месец, бројот на оброци се намалува на 6, а подоцна и на 5 пати.

Со правилна нега и правилна исхрана, а особено со заштита од инфекции, на овие деца им се обезбедува правилен развој.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: исхрана на недоносените бебиња
1.10.2009 11:56:16   
nelka
nasata kerkicka se rodi predvreme i dodeka bevme vo bolnica ja hranea so spric.od koga dojdovme doma jas snemav mleko ,no nekoe vreme se izmolzuvav i i davav preku sise,no toa ne bese dovolno pa kupivme prehip hrana taa e za nedonoseni ima i od drugi firmi.no i pravese mnogu zapek pa preminavme na aptamil i seuste e na nego.mnogu e dobar.inaku nasata kerkicka e rodena predvreme vo 8 mesec.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: исхрана на недоносените бебиња
1.10.2009 16:15:15   
mis.
И внук ми е роден 2 дена пред снаа ми да влезе во 9 и се смета како пред време и пиеше пренан и одлично го прими и добро напредуваше.

(Одговор на членот nelka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: исхрана на недоносените бебиња
8.10.2009 7:03:53   
Јаре
Нас ни го препорачаа ПреИмпамил. Тешко се раствораше но ефектот негов беше топ. Знам и дека тешко се наоѓаше по аптекве. Инаку Прехип е топ за после тоа. Кај нас не јавуваше запек, и мислам дека од млеко не може запек да се добие. Аптамилот има скроб ( зошто не знам ) кој детето неможе да го свари во желудникот. Аптамилот е одамна напуштен во Хрватска баш поради скробот.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: исхрана на недоносените бебиња
8.10.2009 8:51:33   
mami
И ние користевме Аптамил кога тргнав на работа и немаше никаков проблем...ако и другите неможам да ги дојам ке си земам пак Аптамил..

(Одговор на членот Јаре)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: исхрана на недоносените бебиња
8.10.2009 9:08:54   
Mamicka3
Дали Аптамилот е само за предвреме родени деца или може да се дава и на доносените деца и дали од Аптамилот се фаќа запек,зошто јас на моето му давам Хумана1 и маки мачиме со запекот

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: исхрана на недоносените бебиња
8.10.2009 9:12:03   
mis.
Скоро сите производители на вештачка храна за бебиња имаат и млеко кое е адаптирано за предвреме родени бебиња и обично имаат префикс ПРЕ.
http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%90%D0%B4%D0%B0%D0%BF%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%BE/m_16214/tm.htm
Тука имаш нешто за адаптираното млеко.Доколку има запек мислам да се обидеш со некое друго.


< Поракaта ја уредил mis. -- 8.10.2009 9:13:59 >

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: исхрана на недоносените бебиња
8.10.2009 9:14:19   
srekna mama
mamicka3 аптамил може да се дава и на доносени-од раѓање.Ние пиевме Hipp,арно ама не го сака,па ај земавме Аптамил,па и тоа не го сака.Хумана немаме пробано

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: исхрана на недоносените бебиња
8.10.2009 9:19:35   
mami
слободно може и на доносени, јас на Лука почнав на 4 месеци да му давам аптамил. Ако има запек од еден вид, пробајте со друг вид млеко, можеби не му годи она што сте го пробале, секое дете различно ги прифака

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: исхрана на недоносените бебиња
4.12.2009 10:40:40   
Еца
предвреме родените бебиња треба често да се хранат иако тоа може да значи дека најголем дел од времето мајката ќе го помине во доење или хранење со формула. Децата родени пред време имаат мал желудник и имаат потреба да јадат на секои 2 до 3 часа. Способноста доволно ефикасно да цицаат е исто така за нив голем проблем земајќи ги во предвид нивната големина, снага и функционална незрелост. За нив сериозен проблем претставува и координацијата меѓу цицањето, голтањето и истовременото земање на воздух т.е. дишењето. Оваа состојба на недоносените деца треба да биде соодветно "респектирана”. Заради оваа реална ситуацијата, мајките треба уште во породилиштето да бидат едуцирани и практично адатирани за да бидат подготвени и во домашни услови правилно да се снајдат со доењето. Цицањето може да не биде доволно ефикасно и затоа на нив им треба многу повеќе време за еден подој отколку на терминските бебиња. Кај децата кои се недоволно активни при доењето и често заспиваат, постои можност мајката да го додава нејзиното измолзено млеко (со лажичка) како дополнение на подојот. Начинот и динамиката на хранењето треба да ги спроведувате според упатствата на педијатарот кој е задолжен за следење на вашето дете.

  > Потребно е дополнително додавање на мултивитамински препарати според препорака од педијатарот. Децата родени пред време имаат поголем ризик од од недостаток на витамини отколку терминските бебиња и им треба дополнителен нивен внес. Исто така, овие деца многу побзо од терминските, ги трошат резервите од железо во организмот што од своја страна доведува до развој на слабокрвност, најчесто манифестна по вториот месец. Од таа причина најновите препораки вклучуваат додавање и на препарати на железо со соодветно периодично следење на крвните параметри кај недоносените деца.

> Не брзајте со воведување на немлечна храна (овошје, зеленчук, житарки и др.). Треба да се почне со воведување на ваква храна, но тогаш кога организмот на детето е спремен за тоа, 5-6 месеци корегирана возраст.

< Поракaта ја уредил Еца -- 4.12.2009 10:45:09 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: исхрана на недоносените бебиња
4.12.2009 10:57:14   
mother 29
Исхраната е многу важна за подигнување на предвреме роденото бебе. При тоа, треба да се знае дека недоносеното бебе со помала тежина (под 1 800 грама) нема развиен рефлекс за цицање и за голтање, така што нив мора да ги храни добро подготвен средно-медицински персонал.


Предвреме родените деца се хранат со сонда која им се става во желудникот. Доколку е развиен рефлексот за голтање, можат да се хранат со лажичка или пипета, а ако е развиен и рефлексот за цицање, тогаш можат да се дојат или да се хранат со шише.

Доколку не се води сметка за овие рефлекси, многу лесно доаѓа до внесување млеко во белите дробови на бебето, а тоа претставува огромна опасност и по самиот живот на истото ( аспирациона пневмонија ). Друг важен момент е давањето соодветна храна уште во првите 24 часа од раѓањето. Најдобро е тоа да биде мајчиното млеко или млекото од друга доилка.
 
Бидејќи можноста од закиселување на организмот ( ацидоза ) е поголема кај предвремено родените бебиња, се препорачува хипертонична гликоза уште во текот на првите 24 часа. На овој начин се спречува и настанувањето на хипогликемија односно намалување на шеќерот во крвта.

Во извесна мерка, мајчиното млеко претставува и “разблажена” храна за порано родените бебиња. Имајќи предвид дека ним им е потребна богата храна ( со белковини, витамини и минерални соли ) заради брзо напредување и раст, се препорачува додавање на некој белковински препарат.
 
Покрај мајчиното млеко, особено ако го нема во доволни количини, може успешно да се применува и некое млеко во прав. Бројот на оброци, се препорачува да биде исто како и кај навреме родените деца. Тоа значи дека бебето треба да се храни на секои три часа во текот на првиот месец, односно седум пати во текот на 24 часа ( и ноќе ). После првиот месец, бројот на оброци се намалува на 6, а подоцна и на 5 пати.

Со правилна нега и правилна исхрана, а особено со заштита од инфекции, на овие деца им се обезбедува правилен развој.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: исхрана на недоносените бебиња
3.2.2010 19:29:28   
Тања РР
Јас Јана ја хранам со измолзено мајчино млеко. Кога ја отпуштија од болница ми рекоа дека може да цица од мене но детето сеуште не координира цицање, голтање и дишење па цицањето многу тешко и оди. Пробав да ја хранам со шприц за да не се навикне на шишенце но помакотрпна работа од тоа не можете да замислите. 20 часа од 24 јас и капев млеко во устата и на крај успеваше да испие се на се 90 мл. На крај поминавме на шишенце и сега си пие на секои 3 часа. Дали некогаш ќе научи да цица од мене или не не знам но тоа ми е  помалку важно. 

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: исхрана на недоносените бебиња
5.5.2010 12:15:39   
dostickage
Mamicki so predvreme rodeni decinja moze li da mi kazete so kakvo mleko gi hranevte vasite bebinja posle inkubator?Ovde mislam na kakvo adaptiano bidejki jas nema da mozam voopsto da go hranam so moeto poradi terapiite?
p.s. pogore ste pisuvale za Aptamil ,mislite na aptamil premature ili obicnoto Aptamil1 da se koristi za predvreme rodeni?

Thanks

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: исхрана на недоносените бебиња
5.5.2010 13:14:46   
mamasane
dostickage, I jas ne go doev Nikola od pricina sto 2,5 meseci bese vo inkubator pa tamu preku sonda go hranea so adaptirano mleko. Koga go zemavme doma od Klinika ni rekoa da go hranime so adaptirano mleko Novalac 1 do 6 meseci, a potoa do 12 meseci so Novalac 2. Go ima vo Zegin, oni se uvoznici i retko moze da se najde na drugo mesto. Nikola odlicno napreduvase so ova mleko, a posle godina pa eve se do sega mu davam Nestle junior i ova isto mnogu ubavo go prifati. Ako uste nesto te interesira, slobodno prasaj

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: исхрана на недоносените бебиња
5.5.2010 13:55:23   
dostickage
mnogu fala mamasane:-)
samo neka pomine se kako sto treba kje imam mnogu prasanja sigurno :-)
backi do maliot nikola:-*

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: исхрана на недоносените бебиња
5.5.2010 14:09:53   
mamasane
fala mnogu, i bidi sigurna deka se ke pomine kako sto treba a posle mozes da prasuvas za se sto te interesira

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: исхрана на недоносените бебиња
5.5.2010 14:28:16   
Тања РР
Dostickage еве и јас да ти одговорам. На ГАК додека Јана беше во инкубатор ја хранеа со ПРЕНАН на Нестле. Јас потоа продолжив со мајчино но од контактите со други мајки чии деца лежеа с Јана знам дека тие продолжија со Пренан до 3 кг па потоа поминаа  на НАН 1.
Секое добро тебе и на твоето сонце, па да споделуваме информации и понатаму user posted image

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: исхрана на недоносените бебиња
11.5.2010 23:19:39   
dostickage
mnogu fala na informaciite,navistina se korisni.
pozzzicuser posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: исхрана на недоносените бебиња
24.8.2011 15:54:46   
Melanija *
Melanija e predvreme rodena vo 31 va nedela i 2 meseci bese vo inkubator. od koga izleze do denes koga ima 3 meseci sme na pre nan i uste edna kanticka pa odime na nan 1. Od pocetokot dobro go podnesuvase i sekoj den imase stolica, a sega gledam na 2 dena i toa tvrdo, zapek. Strav mi e da i smenam mleko, na klinika mi rekoa deka po preporaka na doktor se menuvalo mleko. A ima i mnogu grcevi. Moe mleko ne fati zasto drastisnomi se namal koga dojde, a i taa togas nemase sila. Sega e zbuckana, ama se maci so zapekot i grcevite. Nikoj ne mi kazuva dali mlekoto i e vo red a taa si go saka user posted image user posted image user posted image  

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: исхрана на недоносените бебиња
24.8.2011 23:04:57   
mila 3
melanija nemam iskustvo so koristenje na adaptirano mleko bidejki moeto bebence iako predvreme rodeno cica taka da za toa neznam sto da ti kazam.no vo vrska so stolicata user posted image menuvaat, sega ke pocne i da preripuva nekoj den ne e strasno. i moeto pravese taka nemase da kaka 2 dena, se macese so tvrda stolica pa po nekoj den se se vrakase vo normala i samo menuvav peleni.a za grcevite mu kupuvav caj imas vo sekoja apteka za bebinja protiv grcevi, jas go kupuvav i na bekutan od anason i na hipp od komoraca, poveke go piese od bekutan posladok e.nemoj da se plasis da i dades, davaj i po 2-3 lazicki pred obrok, taka mu davav jas. maticnata mi rece posle jadenje ama togas mi zaspivase pa mu davav pred.

neznam kolku gi citas i drugite temi od forumov(osven za predvreme rodeni deca) ama tamu imas dosta pisuvano od iskustvata na drugite majki i za adaptirano mleko, i za grcevi, i za toa kolku pati kakaat bebencata itn. bez ogled na toa sto nivnite user posted image se navreme rodeni.
jas na pocetokot citav samo za predvreme rodenite user posted image i posle toa si vika zosto go dvojam moeto bebce i toa e isto kako drugite user posted image i sega citam i primenuvam se ona sto smetam deka e korisno

(Одговор на членот Melanija *)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: исхрана на недоносените бебиња
1.9.2011 13:45:31   
bebence1
Melanija i moive se predvreme rodeni i nie neznam uste koe mleko ne probavme ama sega imame skoro 6 meseci koregirani 5 i sme na Novalak AC toa e protiv grcevi i pievme kapki Espumisan se dodavaat vo mleko 2 do 3 pati ainaku so ednoto imam problem so zapek pa zedovme Novalak IT protiv zapek i sum mnogi zadovolna od mlekoto sega ima redovna stolica inaku mnogu se macese Probaj i ke se uveris kolku e efikasno mlekoto pozdrav

(Одговор на членот mila 3)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: исхрана на недоносените бебиња
29.2.2012 10:37:51   
mamick
Јас имам близнаци родени во 32 недела. Цел месец беа во инкубатор. Во втората недела почнаа да пијат измолзено млеко, најпрво преку сонда, а после 2 дена со шише. Јас редовно се измолзував за да го одржам млекото, 3 пати дневно носев во болница. Кога постигнаа тежина од 1700 почнаа да ги вадат од инкубатор за да цицаат. За среќа го имаа задржано рефлексот. Сега имаат 8 месеци и уште ги дојам. Од 3,5 месеци почнав да им додавам Aptamil еднаш или два пати на ден. Aptamil го препорачуваат заради Immunofortis complex-от. Инаку, од Aptamil има повеќе вида, меѓу кои и за недоносени и бебиња склони на запек. Пробајте можеби ќе помогне. Поздрав

(Одговор на членот bebence1)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: исхрана на недоносените бебиња
15.1.2014 18:00:22   
Mimi33
И мојата ќерка е сеуште во инкубатор во Плодност и ја хранат со шприц user posted image душичка малечка....но среѓа што брзо напредува и фала му на бога што е се во ред со развојот...многу сум уплашена што ќе биде кога ќе не пуштат дома...дали ќе можам со толку мало бебенце user posted image А за дома Др.Маргарита ќе ни даде инструкции за храната дома како и што понатаму.....

(Одговор на членот mamick)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: исхрана на недоносените бебиња
17.1.2014 0:30:52   
Nardi
Мила Мими33, тоа твое мало чупенце ќе ги надмине сите врсници.Немој да се секираш како ќе се снајдувате дома,мајчинскиот инстикт ќе те води. Одржувај ја лактацијата ,а кога ќе си дојдете дома одма почнете со гушкање,ставај ја на града.Ако не сака да цица,измолзувај се и ако имаш доволно млеко не и давај никакво друго,само на мајчино да е.Ќе гледаш како цвета,секој ден се повеќе и повеќе.

(Одговор на членот Mimi33)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: исхрана на недоносените бебиња
17.1.2014 23:14:22   
Mimi33
Фала ти Нарди на поддршката..вистина така е кога ќе дојдеш дома сама си,и ќе гледаш да направиш се најдобро и најубаво па се надевам ќе биде така...Да тоа сигурно најдобро е да ја одржам лактацијата и засега имам млеко супер па се надевам и дома ќе е такаuser posted image да се надеваме дека бебенцето ќе сака и нема мнгу да се противи хехеехе


(Одговор на членот Nardi)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Машко име
Admin



Ведран (35%)

Јане (15%)

Јован (50%)


Број на сите гласови: 139

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!