|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ролање
13.12.2012 16:05:33   
vezilka RR
Велат дека дете, на ролерки може да се застане уште на 3 години, но тогаш мора да се придржува, за да ги научи движењата. Сериозното ролање може да почне од 5 или 6 години, а брзината се развива на 9 - 10 години. Родителите, освен ако и самите ролаат, обично се противници на ролерките, од страв дека ролањето секогаш води до некоја повреда.

Ролањето е корисно?

Прво, кај детето се развива координацијата на движењата. Второ, мускулите на грбот постојано се развиваат при возењето и движењата со рацете. Трето, кај девојчињата рамномерно се обликуваат мускулите и на рацете и на нозете.
После една до две недели вежбање ќе забележите изненадувачки физички промени кај вас. Ќе бидете послаби, вашите мускули ќе бидат потонирани и посилни.

Какви ролерки се потребни?

Секако, на прво место е квалитетот на ролерките. Рабовите на патиките мора да имаат сунѓер или да се меки над зглобот. Кога се возат ролерки, задолжително е носење на чорапи доколена, без оглед колку е надвор топло!!!

Постојат ролерки во еден број, но и такви чија големина се подесува. Таквите детето може да ги користи неколку години.

Доколку детето е поголемко и ногата не му расте така брзо, тогаш најдобри се оние во еден број. Ролерите секогаш треба да се за 1-2 броја поголеми од чевлите. Димензиите на тркалцата се приспособени на големината на ролерите. Ролерите за најмладите треба да се цврсти, а тркалцата треба лесно да се вртат.

Додека рола, детето треба да биде лесно облечено, без џемпери. Лесни тренерки се најдобар избор, а ако е времето потопло може да се носат и блузички со куси ракави (девојчињата не треба да носат фустанчиња или здолништа). На колената и лактите се ставаат штитници, а на рацете специјални заштитни ракавици. Кацигата е задолжителна.

Каде да се возат ролерите?

Доколку детето вози по специјални патеки, треба да знае дека се вози од десната страна. Доколку вози низ парк или низ населбата каде што живеете, треба да вози по бетон и не треба да јаде или да пие ништо додека вози. Со ролерите не треба да се симнува по скали, а посебно треба да одбегнува она што на децата често им текнува: на ролери, да се држи за велосипедот на другарчето додека тоа вози.
Исто така, никако не се советува возење по нагорнини или надолнини.

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ролање
13.12.2012 16:07:23   
vezilka RR
Дали вашите деца ролаат и кога започнаа? Внука ми сега полни 5 години и за роденден ми побара да и купам ролерки, па малку испитувам терен околу оваа тема.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ролање
13.12.2012 16:33:57   
acemace
Rolanjeto e super za rekreacija, kerka mi pocna na 6 godini,na pocetok dodeka ucese bese mnogu stresno za nas zasto mnogu se paga normalno duri nauci da drzi ramnoteza ama poslenon stop sakase da rola.Obavezno na pocetok treba da se koristat stitnici i toa i za race i za noze, za da ne se povredi. Vo sekoj slucaj super e za trosenje energija

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ролање
13.12.2012 16:49:18   
Beatris
Јас сметам дека е супер спорт, јас сум ролала, преубаво чувство, за вежба/рекреација нема подобро. Само кај нас нема култура за такво нешто. Одев на кеј скоро секој ден додека не ме собра точак од спротивната страна додека си збореше дечкото на телефон. Ја скршив раката, другата ми беше исечена од жиците на точакот. Среќа што возев со опрема и стегачи инаку ќе си ја барав раката по кеј. Да не спомнувам дека возат мотори по стазата, а неколку пати пред мои очи имаат собрано/бутнато дечиња во тревата што родителите ги учат да ролаат. Страшно! Додека не постави некој некого таму да казнува непрописно однесување сметам дека е исклучително ОПАСНО! И тоа за возрасни, а не па за деца. Додека возат по 4 тетки точаци во иста линија на цела стаза за да си прават муабет, додека никој не ги казнува дебилите што изведуваат акробации и плашат луѓе со точаци и ролери, јас таму не стапнувам а не па дете да учам да вози...

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот acemace)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?