|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ларингитис
15.1.2010 16:18:18   
Iva
Овие денови немав многу време, па еве дури сега пишувам и воедно ја отварам оваа тема.

Во понеделникот Михајло качи висока температура 39, му ставив чепче и температурата се симна, но вечерта почна да кашла. До утре дента кашлањето стана страшно. Кашлаше буквално како куче. Сува непродуктивна кашлица. Температура не качи висока, но сепак имаше по малку. Кога го однесовме на лекар ни кажаа дека има Ларингитис. Веднаш му направија една инхалација. Докторката ни кажа дека ако после инхалацијата не му омекне кашлицата, ќе треба да го однесеме во Козле да прими инекција ( се примало само една) за да му се смири кашлањето. За среќа инхалацијата помогна и докторката ни препиша само Амоксиклав кој треба да го пие на 12 саати по 4мл.

Сега Михајло е подобар, уште пиеме Амоксиклав, кашлањето веќе стана продуктивно ( што е добро во овој случај) и температура не качува повеќе.

Лошото во целиот случај и што нас многу не исплаши е тоа дека во вакви случаеви, кога добива напад на кашлање може детето и да се загуши.


Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ларингитис
15.1.2010 16:19:53   
Iva
    Гркланот (larynx) е важен респираторен орган кој се наоѓа под ждрелото и го спроведува земениот воздух кон душникот, но во него се наоѓаат и гласните жици. Еден дел од гркланот (epiglotis) има важна функција да го спречи одењето на хранта во душникот. Со оглед на близината на носот и грлото често е на удар на бактериите кои можат да додедат до запаление- ларингитис. Гркланот е малечок особено кај децата, па скоро секое негово воспаление е пропратено со отежнато дишење.
  
   Што го предизвикува ларингитисот? Најчеста причина за ларингитис се вирусите кои се населуваат во слузокожата и обично предизвикуваат отекување на гласните жици и дополнително го отежнуваат движењето на гркланот. Поретко, но далеку поопасни се бактериите кои можат да доведат до доста тежок облик на ларингитис. Благодарение на вакцината против бактеријата Haemophilus influenzae овие форми на ларингитис се многу ретки. Поради отоците на гласните жици детето е засипнато и се јавува оној вибрирачки звук, кој наликува на свирење.                      
Тоа свирење е всушност треперење на гркланот кое настанува кога воздухот под притисок поминува кон душникот и после кон белите дробови. Се слуша кога детето вдишува но е најдраматично кога тоа кашла.   Најголемиот број деца заболуваат од вирусен ларингитис, кои најчесто поминуваат без температура, а општата состојба на детето покрај кашлањето, е добра. Кога нападот ќе помине, детето е расположено, но обично следниот напад е многу набрзо. После неколку дена инфекцијата сама поминува, но останува прашањето како да му се помогне на детето за време на таков напад?                                                 
Прво, без паника! Ако нема висока температура, ако не е сино околу устата, имајте на ум дека се работи за вирусен ларингитис, релативно безопасна болест и покрај драматичното покажување на истат. Иако звучи чудно, родителите би требало: со врела вода добро да го запарат, замаглат купатилото. Потоа да го внесат детето да вдише топол, влажен воздух. После минута до двве, изнесете го и држете го покрај отворен прозорец да вдише надворешен студен воздух. Кај поголемиот број случаеви нападот поминува речиси моментално. Трикот е во наглата промена на температурата и влажноста на воздухот, што допринесува до попуштање на стиснатиот грклан. Детето обично после тоа се смирува, продолжува да спие или се орасположува. Со тоа си отварате простор за мирен разговор со педијатарот и консултација за натамошниот третман. Ако ова постапка не помогне, треба да се обратите веднаш кај лекарот.

Кога мора итно да се оди на лекар? Ретко, но многу опасно воспаление на гркланот е последица на инфекцијата со бактеријата(Haemophilus influenzae) која брзо се размножува во грлото и прави оток токму околу оној дел кој при голтањето го затвора гркланот (epiglotis). Отечениот  epiglotis го стеснува и онака тесниот отвор за воздух,па детето навистина се гуши. Дел од бактериите продираат во крвотокот и предизвикуваат многу висока температура.    
   Веднаш треба одите на лекар ако:
- Детето има температура преку 39 степени. Ако се случи свирењето на градите и температурата да се јават истовремено, не треба да чекате. Важно е да се утврди дали се работи за споменатата инфекција на гркланот (epigotitis) која бара неодложна антибиотска терапија со јаки антибиотици кои се даваат исклучиво преку вена за побрзо да делуваат.   
- детето почнува да помодрува околу устата и изгледа многу лошо. Ова е сигурен знак дека нема довол кислород во организмот и е потребна итна терапија.    
- Детето тешко и убрзано дише. Ова мачење при дишењето ( кое стручно се нарекува диспнеа) многу убаво се гледа кога детето ќе се соблече. Меѓуребрените простори се вовлекуваат, како и јамицата испод брадата. Тоа е последица на огромниот напор кои го вложуваат мускулите кои учествуваат во дишењето, за да го протераат воздухот кон долниот дел на дишните патишта.    

Кашлањето и Ларингитисот Кашлањето е редовен го прати воспалението на гркланот. Тоа настанува поради оштетувањето на слузокожата која е поради присуството на вирусите или бактериите "оголена”, па лесно се надразнувааат краевите на малите нерви кои се, кога е детето здраво добро скриени во неоштетената слузокожа. Надразнетите нервни завршетоци го покренуваат рефлексот на кашлање, а поради ова непродуктивно, упорно (суво) кашлање веќе натечената слузокожа дополнително се оголува, а веќе оштетените гласни жици стануваат уште повеќе отечени. Сето ова изгледа многу драматично: детето тешко дише, понекогаш изгледа како да се бори за секој здив, а како "по правило” се се случува ноќе, така да обично детето и родителите завршуваат во некоја од дежурните клиники.  

< Поракaта ја уредил Iva -- 15.1.2010 16:21:24 >

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ларингитис
20.1.2010 18:51:05   
Sasoxp
Moeto malecko imase vospaleno grlo i sega koga se zamori nemoze da se smiri od kaslanje.

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ларингитис
21.1.2010 9:43:09   
mami
Ива како е Михајло? му помина?

(Одговор на членот Sasoxp)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ларингитис
31.1.2010 17:31:57   
Iv14
Kerka mi zna cesto da ja fati laringit...koga i da fati nekoj virus nejze na grlo i udira...dr. ni rece da kupime loratidin sirup i koga ke i se javi larongitot 2-3 veceri da i davam edna lazicka sirup pred spienje...obicno pomaga. Negokas pominuvame samo so toa...bez antibiotska terapija. inaku i inhalacija vikaat deka pomagala ama nie ne sme probale.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ларингитис
31.1.2010 17:48:58   
mis.
ив14 лоратадинот е за алергија и најчесто докторите го даваат доколку мислат дека кашлицата е алергиска реакција.И кај нас многупати поминува само со лоратадин а немаме никаква алергија само имаме слаба сува кашлица со зарипнат глас.

(Одговор на членот Iv14)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Ларингитис
21.10.2010 16:01:04   
big_mama817
бидејки два-три дена Тарик беше засипнат во неделата го прегледа мојата докторка бидејки се жалеше на грлото ми рече воспалено е и ме праша што антибиотик имам и рков цефалексин и ми реце да почнам да му давам и неколку дена не беше во градинка да се стабилиира и сега фала богу е добар стварно незна што ке правам со тоиа неково дерење а од тоа уше повеќе му се надразнува грлото

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Ларингитис
9.5.2011 21:40:44   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: podarok

Бебушко од изутрина почна да подкашлува, и одеднаш му се смени гласот. Гласот му стана дебел рапав и кашлањето со чуден звук. Немам искуство за вакво нешто со постариот и отидов веднаш кај матичната. Таа ја постави дијагнозата  ларингит но несакаше ништо да му даде и правец во Козле. Таму ја потврдија дијагнозата , ни дадоа almacin, salbutamol i го инхалираа. Ме збуни тоа што докторот размислуваше дали да не задржи или ќе можеме ноќта да отидеме ако треба. Ве молам ако некој има искуство со ова да сподели бидејки имам многу непознати а матичната ќе ја видам дури утре.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Ларингитис
10.5.2011 11:48:17   
anedespo
Ne se grizi, tie zadrzuvaat sekogas koga imaat prazni kapaciteti.
Laringitot moze da bide alergiski ili virusen. (preku krvna slika go odreduvaat) Antibiotikot go davaat kako prevencija na prefrlanje na infekcijata na belite drobovi, zasto i infekcijata se naogja vo dole vo grloto, pa mnogu e lesno da se spusti nadolu. Virusniot pominuva za 2-3 dena.
Disenje vo WC polno so parea napravena od topla voda ja smiruva kaslicata.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Ларингитис
11.5.2011 9:58:42   
mila mama
Nie imavme laringitis koga user posted image bese 4 meseci, najverojatno i bese od suviot vozduh, zatoa sto bese zima i parnoto rabotese non stop. Stavav non stop vlazni krpi na parnoto i caj od kamilica na sporet na edinica kolku da isparuva malku i da disime (inhalirame) za da ja vlaznime sluznicata na disnite patista. Ni pomina za okolu 3-4 dena. Se razbira treba da vnimavas dali dobro dise bebusot, i ako se gusi vednas na lekar.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Ларингитис
27.5.2011 21:51:57   
stela
Dali vi se ima sluceno da se javi laringitis kaj vaseto bebence ili detence od rastenija, cvekjinja vo domot? na mojot bebus po tret pat toa mu se slucuva koga odime kaj moite i sedime nekolku dena tamu, a koga ke si otideme doma po nekolku dena mu pominuva. Ne znam od sto mu e. Zimoto si mislev deka mu e od suviot vozduh, no pak mu se povtori pred edna nedela, a temperaturata e normalna i ne se zagreva. si pomisliv deka mozzebi e od domasnite cvekjinja koi moite gi imaat vnatre, a kaj nas doma nema. sto mislite vie, ima li nekoj sl. iskustvo?

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Ларингитис
22.7.2011 12:28:36   
*miki mami*
Sin mi pred tri dena zasipna nemase temperetura,ne mu tece noseto ne kasla samo bese zasipnat i od toplovo ne jade se javiv kaj  amticnata mi rece sirup avil... ima li nekoj iskustvo so ova???

(Одговор на членот stela)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Ларингитис
22.7.2011 16:11:33   
zapce
Еве и Матеј прво почна со ларингит и температура и матичната му даде аугментин сируп и лоратадин, потоа качи многу висока температура 39,5 и отидовме на детско таму само го боцнаа за ларингитот да го отпушти, таа се ставал по потреба, сега е отпуштен со кашлањето но веке трет ден имаме висока температура и мака мачиме да ја симнеме, се тушираме, пиеме сирупче, антибиотик. Докторите велат дека грлото не му е многу црвено а од што има три дена температура навистина не знамuser posted image
П.С  Мики мами ние досега не сме пиеле Авил-сируп, обично за ларингитот(затоа што не ни е првпат) му даваат Лоратадин, или инхалација, и ми препорачуваат да не му давам топло ништо, ниту да јаде ниту да пие.


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот *miki mami*)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Ларингитис
20.10.2011 14:08:16   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: anedespo

Ne se grizi, tie zadrzuvaat sekogas koga imaat prazni kapaciteti.
Laringitot moze da bide alergiski ili virusen. (preku krvna slika go odreduvaat) Antibiotikot go davaat kako prevencija na prefrlanje na infekcijata na belite drobovi, zasto i infekcijata se naogja vo dole vo grloto, pa mnogu e lesno da se spusti nadolu. Virusniot pominuva za 2-3 dena.
Disenje vo WC polno so parea napravena od topla voda ja smiruva kaslicata.



ne daj boze da pritreba ama na laringit nikako ama nikako topla voda,parea i slicno.
voda da ama ladna.so ladna voda da se prskaat plockite vo kupatiloto.i inhalaciite se ladni.nie lezevme vo kozle pa preporakite se od tamu.pokraj pneumonijata,bronchitisot sin mi imase i akuten laringit pa go furavme toa.
inace i majka mi ima hronicen laringit i poradi nego cel zivot ne ja raboti profesijata za koja sto ucela a toa e nastavnik.taka i od nejze znam deka za laringit isklucivo ladno.
pokraj ladnoto ne smee da se dava i topla hrana,ne biskviti,gricki,blago i zacini.
treba neutralna i mlaka hrana.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Ларингитис
7.1.2012 16:45:06   
kikicka
Евемемене овде имаме ларингит и пиеме амосиклав од вчера како стана од спиење и почна при кенкашето даиспушта чуден звук и денес правец кај матичната,и така сга сме самонасирупот ичат паткантарион и дава да пивнува не е штешен нели,за храна кога се карамекога сама јади али сепакне е тоа тоа,и сега кажете даливо топла вода иливоладна вода читам овде една вели топла една ладнаuser posted image user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Ларингитис
7.1.2012 23:19:06   
bliznaci2007
Kaj mene sinot si pati od laringitis od ragjanje a kaj devojceto vo ublazena forma. Laringitisot deluva strasno t.e.kasljanjeto zvuci strasno no toa e vospaluvanje na glasnite zici. Zatoa se preporacuva inhalacija so fizioloski rastvor a samiot vozduh e laden pri inhaliranje,gi sobira glasnite zici.Mene vo Kozle mi rekoa deka nikako toplo pri laringitis samo ladno i loratadin obavezno.Nrmalno ni davaat i antibiotik za da ne dojde do bronhitis.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Ларингитис
8.1.2012 8:12:42   
kikicka
Грешка сум напишала АЛМАЦИН пиеме,синоќа направивме пареа во њц и после надвор два три пати вдиши,дететоо убаво му дојде,сакаше надвор плачеше ме тегне за раце накај врата,ваљда едобро така на свеж воздух кога им е грчцето воспаленоuser posted image Незнам што др.данаправам преку ден е добра ке сеискашла али го голта аманавечер додека спие кашла од временавреме.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот bliznaci2007)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Ларингитис
8.1.2012 8:15:10   
kikicka
Знае линекој ималонекоикапки кои ги врзуваленанекојначин блгмчињата и така полесно се какале???

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Ларингитис
27.2.2012 11:48:34   
Luci
После 5 дена одење во градинка и Ларингит закачивме. Во саботата качи многу вискоа температура 38,8 се испаничив до даска, прв пат качува толку висока Т. Отидовме на дежурен во амбуланта и од таму на детска клиника. Го прегледа д-р, направивме крвна слика, леукоцитите му беа 13, малце покачени и ни рече дека станува збор за ларингит, ни препиша антибиотик Алицеф. Во меѓувреме Т му спадна 37,5. Си дојдовме дома и пак почна да качува, иако испи парацетамол и алицеф, Т се качи до 39,6, го умотав во млак пешкир и пак трк на клиника. Паника ме фати ненормална зашто не сакаше да пие никакви течности, ќе ми издехидрираше дететоuser posted image таму ајде пак не прегледуваше истата докторка од претходно и плус уште двајца други. Се двоумеа дали да не задржат или не, па одлучија да не пуштат со тоа што ни дадоа Ибупрофен сируп за Т и му направија инхалација. Само што дојдовме дома него скорз му спадна Т се до вчера вечер кога пак му се качи 38,3 и после Ибупрофенот и ладење во млак пешкир спадна на 37 за пак ноќеска да качи 38,8 и да му спадне на 37. Во меѓувреме цело време се закашлува и гласот му е ептен засипнатuser posted image Од овие болести више глава не кренавuser posted image user posted image user posted image Ке одиме после кај матичната за и таа да го прегледа, евентуално да смени терапија и више мислам дека ова ќе му е е задњи антибиотик зашто здравје Боже планирам на хомеопат да си го лечам детево. Го отруја од антибиотици, скоро секоја недела сме со антибиотик како тргна во градинка!

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Ларингитис
27.2.2012 12:05:15   
kikicka
луци и ние како закачивме ларингит еве пак грлото воспалено ,башка и вирозата не фати ,пиевме алмацин помина и псоле 2 недели пак исто иниеотидовме на дежурен и не задржаа не испошиба со антибиотици и инфузии и свашта веќе, да и помине и јас планирам со хомеопатија ,се надевам дека на М брзо ќе му мине нема да се искомплицира работава е ептен за никаде гушки за вас.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Ларингитис
27.2.2012 12:48:11   
Annet
има бисолвон капки јас и давам на И и помагаат,сега кога настина,после инекциитее.....и давав само капки и за нос капки бисолвон ја мачкав не ја однесов на лекари подобра е ..е не само антибиотици им даваат на бебиња,не дозволувам веќе....
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Знае линекој ималонекоикапки кои ги врзуваленанекојначин блгмчињата и така полесно се какале???


(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Ларингитис
1.7.2012 6:30:56   
jana81
aj i jas da se priklucam na ovaa tema. Dragi rr-mamicki mi se cini deka vo zivotot ne sum bila poisplasena i pozbuneta. Nokeska okolu 1 casot B se zakasla pocna da place i kog a zemase vozduh se slusaa onie cudni zvuci koi do sega nikogas gi nemam slusnato. Inaku B ne e nastinat tuku ima bakterija vo noselo "Branhamella", mu tece po malku a vnatresno mu se stvara sekret koj kolku tolku go cistime so solen rastvor i aspirator.Vak abese zatnat i pred 3-4 nedeli, piese Amoksiklav i se smiri a eve sega pak. Ovaa bakterija e osetliva na hloramfenikol pa ni dadoa mast hloramfenikol dvapati dnevno vo iscisteno nose/ 7 dena. Sinoka koda se sluci ova odma go odnesovme vo ambulanta go bocnaa urbazon i nekoj antibiotik ( ne zapamtiv koj) i zamislete ne mi kazaa nisto za ovaa situacija, ni sto e ni kako e ni od sto e. samo ni rekoa da vnimavame i ako se sluci pak da go nosime pak da go bocnat. Ajde ve molam mamicki ako znaete da mi pomognete da ja razresam ovaa dilema. Me interesira dali ova moze da bide samo edna situacija ili ke bide sklon kon laringitisot cel zivot, ili pak bi se izgubilo so tek na vreme. Procitav dota dobri soveti bas na ovaa strana ama sepak sekoj Vas sovet bi mi bil dobredojden i korisen

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Ларингитис
1.7.2012 6:34:59   
jana81

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

има бисолвон капки јас и давам на И и помагаат,сега кога настина,после инекциитее.....и давав само капки и за нос капки бисолвон ја мачкав не ја однесов на лекари подобра е ..е не само антибиотици им даваат на бебиња,не дозволувам веќе....
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Знае линекој ималонекоикапки кои ги врзуваленанекојначин блгмчињата и така полесно се какале???


[/quo

e zaboraviv da prasam za ovie bisolvon kapki za sto se za cistenje slajmovi ili???Maliot ima mnogu slajmovi duri povraka povremeno jas mu varev i caj od leneno seme ama ne go sakase mnogu da go pie i ne vidov nekoj efekt

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Ларингитис
1.7.2012 23:41:38   
kikicka
Ние пак почнавмесо ларингитот,крвнаслика супер,мрсолчиња куп,кашлање убаво а грло нема. И докторот ни рече јас не давам антибиотик,несум од тие што даваат одма(а прв пат ја однесов кај човекот) и ок. И давав бисолвон ама ништо,освен што ги исповрати блгмите од кашлање и се засркна др. нема. Од денес и ги прекинав бисолвонот и и давам хомеопатскиот против кашлица и затнатоносе,марисол капки со пантенол,ацерола за деца,прополис по 3х8капкина ден со шекерче и сегаи сваривмлеко со лукче и една лажица и дадов пред спиење.Утре ке видиме како сме,сенадевам нема да се влоши ларингитот.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот jana81)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Ларингитис
28.8.2012 14:38:44   
AnnaMolly RR
Не знам баш дали за ларингит се работи, ама од вчера Филип е со зарипнат глас, како на старче некое му е. Температура нема. До душа поткашлува малку, ама не загрижувачки. Прееска збореше нешто и се закашла ептен малку и градите малку му крчеа како шлајм да има. Јас веднаш лекот на Маца го направив и мудавам да пие.
Утре ќе го носам кај докторката, а во меѓувреме му давам сируп од исландски лишај, на природна база бил.

Ми треба мислење, дали ваков (без температура и други симптоми) може да го носам во градинка?

И само да дополнам, нема проблем со јадењето, јаде како и секогаш.

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 28.8.2012 14:39:13 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali odite na koncerti?

Da (20%)

Ne (20%)

Ponekogas (60%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!