Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Без разлика дали сте само патник во авионот или родител на бебе кое плаче во авион, воопшто не е пријатно. При полетување и слетување, бебето чувствува голема промена, особено во ушите поради притисокот, па затоа е сосема разбирливо за него да почне да плаче.
Постојат многу причини за ова.
Бебето не се чувствува пријатно, може да биде уморно, гладно, осамено. На некои бебиња дури и им е досадно. Сепак, постои посебно мислење на експертите дека клучот е непријатното чувство во ушите.
"Една од главните причини за плачење на бебето во авионот е недоволно развиеното изедначување на притисокот во средното уво. Кај бебињата, Евстахиевата цевка сеуште не се развила", посочи д-р Баер за порталот Live Science.
Евстахиевата цевка го контролира притисокот во средното уво изедначувајќи го со околниот. Претежно е затворена, а се отвора при при прозевање, голтање, џвакање, што овозможува да помине притисокот. Кога атмосферскиот притисок нагло се менува, се појавува чувство на блокада во увото.
Проблемот особено се појавува кога авионот ќе слета, затоа што е многу потешко да се изедначи кога се менува од низок на повисок атмосферски притисок.
Возрасните лесно го изедначуваат притисокот во ушите со прозевање, голтање или со постапка на ненадејно издишување додека носот и устата се затворени.
Кога полетува и слетува авионот, обидете се да го одржите бебето будно, оставете го да јаде во тие моменти. Ако бебето има инфекција на горниот респираторен систем, избегнувајте летање.
Важно е да се знае дека оваа болка кај бебињата е привремена, не може да создаде долготрајни проблеми и обично се смирува за неколку минути, кога притисокот ќе се изедначи.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...