|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ранко Рајовиќ:Детскиот мозок се развива со движење

Редакција Рингераја, 11.9.2020
Доктор Ранко Рајовиќ е лекар, невроендокринолог, основач на „Никола Тесла центар (НТЦ) – отсек за млади таленти“ , кој ги постави темелите на НТЦ системот за креативно учење

image
/11


 

Иако во рамките на програмата на НТЦ се работи со деца, акцентот е ставен на едукација на родителите, воспитувачите и учителите, како личности кои непосредно се задолжени за развој на детето и неговите потенцијали.

Целта на образованието според  мислењето на доктор Рајовиќ, мора да биде развој на функционално знаење и креативност, што не беше случај со начинот на учење и образование на просторите од поранешна Југославија.

„Сите ние бевме убедени дека нашите училишта се најдобри, дека нашите деца се најдобри. Меѓутоа, кога почнаа ПИСА тестирањата (Меѓународна програма за проценка на постигнувањата на учениците), констатиравме дека нашите деца се меѓу последните во Европа. Тие не се снаоѓаат кога од нив се бара да ги поврзуваат информациите. А тоа значи употребливо, функционално знаење. И токму од тоа знаење зависи и нашиот БДП. Па на што да се надеваме за следните 20 години, ако нашите деца од 15 години се под европскиот просек?! Единствено Словенија е во подобра позиција, таа се наоѓа меѓу првите пет држави во Европа. Под просекот се Србија и Хрватска, многу далеку се БИХ и Црна Гора, и на последно место, не само во Европа, туку и во светот, е Македонија. Иако многумина сметаат дека овој тест не е важен, моментално тој е единствениот показател на знаењето во одредени земји“, истакнува тој.

Рајовиќ смета дека родителите се тие кои први мораат да преземат мерки, потоа на ред  доаѓаат образовните институции и државата.

„Се поставува прашањето која е главна работа на секое дете? Па, да се движи и притоа да падне, па и да се повреди за да научи како треба да се дочека при падот“, вели Рајовиќ, кој е еден од најистакнатите стручњаци за ран развој на интелигенцијата кај децата.

Тој смета дека најголемата грешка што денес ја прават родителите, е претераната заштита на децата. Се разбира дека тие тоа го прават од најголема љубов, но мора да ја знаат границата помеѓу заштита и претерана заштита на децата, која го попречува раниот развој на детето.

Последните истражувања покажуваат дека секоја нова генерација деца е сè послаба, затоа што родителите со својата претерана заштита, едноставно не дозволуваат детето да ги развие сопствените биолошки потенцијали.

„Едукацијата на родителите е многу важна. И ден-денес  кога ги прашувам родителите колку е важна генетиката, а колку опкружувањето, за развој на детската интелигенција, мислењата се поделени. Замислете дека многу интелигентни родители добиле син. Тој син веќе пет години живее сам во својата соба и не комуницира со никого. Дали тоа дете ќе ја наследи интелигенцијата од своите родители? Не, тоа дете ќе биде ментално заостанато. Значи, тука гледаме дека опкружувањето во кое се развива детето има стопроцентна важност. Потоа се прашуваме, а што со генетиката? И генетиката е 100 % важна, но развојот на тој генетски потенцијал зависи од опкружувањето.“

Честа појава  е и форсирањето на децата истовремено да посетуваат и по неколку активности надвор од училиштето, и во тој случај им останува премалку време за играње, што не е добро.

„Не смееме да ги тераме децата од активност во активност, или пак да им дозволиме да играат на компјутери или таблети неограничено време“, вели Рајовиќ. „Компјутерот не е игра и не може да го замени родителското внимание и посветеноста. Работа на родителите е да го направат детето што посреќно и поснаодливо. Времето кое родителите го поминуваат со детето, нема замена.“

Користењето на модерните технологии кај децата  е во ред, сè додека е контролирано од страна на родителите, бидејќи во спротивно, може да предизвика и штетни последици. 

Доктор Рајовиќ појаснува колку е важно родителите да разликуваат што е добро, а што не за детето, зошто е нешто добро а друго не е, и како да му помогнат на детето кога ќе направи грешка.

„Кинезите би рекле дека грешките создаваат искуство, а искуството е почеток на мудроста. Никој не сака да прави грешки на сметка на своето дете. Затоа е најдобро да се едуцираат, за да не дојдат во ситуација да грешат. Децата брзо растат, а грешките тешко се поправаат.“


На која возраст детето треба да ги именува...
Едно од најчестите прашања кои ги добивам од родителите е, кога е вистинското време за нивното дете да ги научи да ги ра...
3
КОВИД-19 кај деца: Дали постои причина за ...
Природно е дека родителите се најмногу загрижени за ширењето на заразна болест. Сепак, фактите покажаа дека коронарниот ...
3
Како да ги заштитиме децата од загадениот ...
Во многу региони на земјата нивото на загадување на воздухот ja надминува максималната вредност. Тоа го изложува на ризи...
3
Битолско чоколадно млеко со 10 витамини за...
Внесувањето здрави и корисни состојки што го поттикнуваат развојот на детскиот организам е една од главните грижи на сек...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

.
Jana9

Dali nosite flasirana voda so vas ili ja piete voda od sekade bes problem?

Pijam flasirana (0%)

Pijam od cesma (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!