|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Милена Станковска - Бирајте здрави производи за децата

Represent Communications, 28.7.2022
Милена Станковска - Секогаш бирајте здрави и проверени производи за вашите најмили, особено во првата година од животот на детето

image
/11


Мал милион прашалници како огромен облак надвиснуваат, правејќи стрес и уште поголеми прашања.

Едно од оние кои ги мачат новите мајки секако е моментот на исхрана. Уште на самиот почеток? Ќе биде ли доволно мајчиното млеко? Колку е здрава формулата доколку е потребна дохрана? Кога да внесеме цврста храна? Домашно подготвена или купена?  И дали воопшто се доволни 24 часа за сè?

Милена Станковска е позната македонска ТВ водителка и инфлуенсерка и од неодамна мајка на две деца. Лана Марија има 4 години, а Јоана 6 месеци. За тоа како успева да балансира меѓу бескрајните обврски дома, и како доаѓа да одговорот на прашањата околу исхраната на најмилите кои несомнено сите мајки си ги поставуваат.

Станувам во 6:30, ја подготвувам Лана Марија за во градинка, потоа се буди Јоана и денот започнува. Додека е посвежо шетам со Јоана, потоа следи подготовка за првиот оброк и се што е потребно за едно шестмесечно бебе. Потоа доаѓа Лана Марија од градинка и попладнето го поминуваме во игри или разговор за тоа што научила во градинка, потоа се симнуваме пред зграда за да си игра со другарките. Секако наоѓам време колку што можам и за себе, да завршам некоја обврска, да се видам со другарките и слично. Не е лесно, но кога се сака сè се може. Најфокусирана периодов сум на децата затоа што сум и на породилно отсуство така што според нив ги прилагодувам останатите обврски,“ вели познатата тв водителка и инфлуенсерка Милена Станковска.

milena

 

Динамиката на растот, развојот и особеностите на биолошката структура на детскиот организам, ја поставуваат неговата исхрана на централно место. Добра, здрава и балансирана исхрана подразбира употреба на биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби и да обезбедат квалитативен и квантитативен внес на важни хранливи материи. Само на тој начин се обезбедува хармоничен раст и развој на децата и заштита од заболувања. Со немлечна исхрана се препорачува да се започне во периодот меѓу 4 и 6 месец (од 17 до 26 недела) согласно препораките од педијатарот. Немлечната исхрана ги опфаќа сите групи намирници освен мајчиното млеко и млечната формула и таа постепено се воведува во исхраната на доенчето. До крајот на првата година бебето треба и може да ги проба сите вкусови, а што повеќе храна ќе се внесе во првата година, подобро и поразновидно ќе јаде и подоцна во детството.

Но, со сите тековни обврски колку воопшто имаме време за бирање на свежи и органски производи, и колку сме сигурни дека се од контролирано потекло. Токму затоа, кашичките и пирето кои се купуваат се идеална храна за деца поради строго контролираниот квалитет и можноста да се користат и надвор од дома. Тие се одлично решение и кога сезонското овошје или зеленчук не се достапни или кога мама не може да постигне да подготви оброк. Тие ги содржат потребните витамини и минерали, железо, магнезиум, калциум и селен во вредности прилагодени за потребите на децата. Важно е храната да не содржи адитиви, конзерванси и ГМО и производството да се одвива во контролирана чиста средина. Важно е дека во кашичките што се купуваат не се додаваат шеќери, туку со самата технологија на производство се зачувува слаткоста на производот.

 

milena1

 

„ Сметам дека секоја мајка знае што е најдобро за своето дете. За жал се поретко има органски производи во пазарите и маркетите, а со Нутрино знаеме што користиме. Јас ги користам и производите на Нутрино и подготвувам домашна храна. Според мене тоа е најдобро за моите деца, Лана Марија ги обожава. Сите вкусови ги сака, а мислам и дека Јоана кога ќе почне да зборува ќе ми каже дека многу и се вкусни.  Не можам да издвојам еден вкус, затоа што сите се вкусни, но еве ако морам да кажам барем еден што и јас лично го користам тоа е нутрино житната каша со какао,“ вели Милена. 

 

milena2

 

Од неодамна на нашиот пазар е присутна потполно нова детска храна НУТРИНО која се произведува во Србија и целосно одговара на потребите на бебињата во одредена возраст и која претставува храна подготвена по највисоките Европски стандарди како што се „панели за чиста соба“ или поточно врвна превентива која се користи само во медицинската и фармацевтската индустрија. Научете го детето да јаде здрави и квалитетни оброци, богати со витамини и минерали, а вкусовите кои ќе ги засака ќе му помогнат на детето и подоцна да сака и да јаде здрава храна.

 

milena3

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5
Народен лек против кашлица, бронхит и лари...
Овој напиток може да ја излечи и најкомплицираната кашлица, која не успева да ја излечи современата медицина
4
Домашна VS супа од кесичка
Ширум светот, во различните цивилизации и култури, супата отсекогаш била исклучително ценета заради своите закрепнувачки...
4
Кога во семејството имате близнаци
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?