|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Лековитата моќ на морето

Редакција Рингераја, 24.7.2015
Ти најдобро го познаваш своето дете. Знаеш колку брзо расте, како се менува од ден на ден и како реагира во дадени ситуации. Затоа е најдобро да се усогласи индивидуалноста на детето со долгоочекуваниот семеен одмор

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Ако сте во период на растење на заби на пример, тоа е придружено со голем број на болести или моментални болки, и не е соодветен момент за промена на климата. Разгледајте ги сите овие "мали" детали за да заштедите и на себе и на целото семејство евентуални проблеми и несакани емоции.

Ако главниот твој страв е дека на плажите се "шетаат" летни вируси, би можело месец пред патувањето детето да прима пробиотици (живи микробиолошки хранливи додатоци), се разбира по консултација со неопходниот специјалист. Ова ќе ја осигури добрата состојба на дигестивниот систем.


Корист од даровите на природата

Сега е време да се грижиме за стимулирање и зајакнување на имунолошкиот систем на малото дете. Морето ве очекува! Еве како да ги искористат предностите на неговите дарови и што е потребно за нивна апсорпција:

1. Шетање детето по крајбрежниот појас на плажа - на влажниот песок. Ветрот носи не само свежина - користа од него е голема, бидејќи содржи бројни минерали. Ако детето може само да оди, пуштете го да бега босо по брегот (ова е областа каде што најтешко се оди). На овој начин се зајакнува мускулниот систем. Нека прошетките по плажа бидат во раните и подоцнежните часови, за да има навистина корист, а не штета.

2. Јодна пареа - една од најголемите предности на морето, е што е особено корисно ако детето има проблеми со болести на дишните патишта. Можете да дишете пареа од јод, шетајќи покрај морето само рано наутро - при изгрејсонце (кон 5-6 часот). 30 минути се доволни за стимулирање на имунолошкиот систем. Не е потребно да го будите детето - тоа може спокојно да го продолжи сонот во количката.

3. Изберете место за одмор каде сте релативно убедени дека морската вода е чиста.

4. Ако можете, организирајте летен одмор, така што по морето детето веднаш да оди на планина, дури и за 1 ден. Ова е многу корисна постапка. Разликите во височината и во температурите се состојби кои претставуваат стрес за имунолошкиот систем и соодветно негово зајакнување. Пред паузата сепак, консултирајте се со педијатар, кој исто така ќе даде своја проценка за здравјето и состојбата на детето. Секогаш е потребна точната мерка, за да има максимална корист.

5. Позитивните емоции од контактот со водата и од играта со песок го зајакнуваат имунолошкиот систем на неверојатен начин. Запомнете  дека психоемоционалната клима е многу важна за детето. Затоа насмевките на мама и тато се исто така дар, потребен за здравјето. А морето ни предизвикува  повеќе расположение, хармонија и мир.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да знаете дека пелената е вистинската...
Изборот на вистинската големина на пелена е важен за удобноста на бебето, но и за спречување на протекување, иритации и ...
4
10 можни причини за грчеви по менструацијата
Грчевите се многу чести пред и за време на менструацијата, но може да се појават и по завршувањето на истата. Во ов...
4
Подготовка и чување на млекото во лето
Високите температури кои ни претстојат наметнуваат многубројни грижи и прашања во врска со безбедната подготовка и чувањ...
3
Најчесто поставувани прашања за прихрана н...
ШТО Е ПРИХРАНА? Прихраната претставува воведување нови прехранбени производи во исхраната на бебето, а кои не се мајчино...
3




Анкета

Доење.
пеперутка16

Во првиот месец или два јас:

го доела бебето на нејзино барање. (67%)

го повивав бебето, го доев 3 часа, но се снајдов меѓу нив најдобро што можев. (33%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!