|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Исхрана за време на доењето

Редакција Рингераја, 24.10.2021
Додека доите зголемена е потребата за калории. Разновидната и здрава исхрана во која уживавте во бременоста треба да продолжите да ја консумирате и понатаму

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Доилките треба да внесуваат дополнителни 500 калории дневно, бидејќи во спротивно може да се намали количината и квалитетот на млекото. Исто така многу е важно и внесувањето на голема количина течности.

 

За успешно доење препорачуваме:

  • Разновидна и умерена исхрана
  • Редовни оброци и редовно внесување на течности
  • Доволно време за оброк во мир

За време на доењето забранети се диетите, бидејќи со намалено внесување на калории, во млекото преминуваат штетни материи од организмот. Диета планирајте откако ќе престанете да доите.

При изборот на храна најважно е секојдневно да внесувате храна од сите 5 групи: житарици, овошје, зеленчук, месо и млечни производи. Во споредба со исхраната за време на бременоста, за време на доењето зголемена е потребата за јаглехидрати. Во вашето мени треба да вклучите:

  • Овошје - најмалку два пати дневно: банани, јаболки, кајсии, овошни сокови, компоти или суво овошје
  • Зеленчук - најмалку два пати дневно: зелен лиснат зеленчук, моркови, краставици, пиперки, спанаќ, домати, тиквички...
  • Млеко и млечни производи  за доволна внесување на калциум.
  • Морска риба и јодирана морска сол за доволно внесување на јод.
  • Јајца
  • Немасно месо за доволно количество на железо
  • Интегрални житарици, овесни снегулки, хељда, просо, сусам, грав, како и разновидни јаткасти плодови за доволно внесување на железо, витамин Б и магнезиум.

Течности

За време на доењето треба да се внесува околу 3 литри течности дневно. По секое доење се препорачува да се пие чаша течност. Добри пијалоци се:

  • Вода, минерална вода;
  • Рстителни и овошни чаеви: на пр. чај од коморача, анасон и ким кои го поттикнуваат создавањето на млекото
  • Овошни сокови (свежи или мешани со вода) или лимонада


Додека доите избегнувајте:

  • Сокови со вештачки засладувачи
  • Чаеви, кафе и други пијалоци кои содржат кофеин. Детето внесува кофеин преку мајчиното млеко и може да стане вознемирено и нервозно. Кофеинот може да предизвика грчеви и болки во стомакот. Доколку не можете без утринско кафе, напијте се веднаш после доењето, за да се намали кофеинот во вашето тело до следниот подој.
  • Алкохол: ако ги слушате вашите баби и пиете пиво за зголемување на лактацијата, пијте до 2 дцл, веднаш после доење. Немојте да уживате во алкохолот секојдневно.
  • Чајот од нане избегнувајте го, бидејќи ја намалува лактацијата. 

Продолжение...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаци дека телото е дехидрирано после раѓање
По породувањето, телото поминува низ големи промени. Крвавењето, потењето, заморот, недоволниот внес на течности и, кај ...
5
Телото по породувањето не е исто. Еве што ...
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хормонални промени. Потребно е време организмот посте...
5
Исхрана по породување
Породувањето не завршува само со доаѓањето на бебето. Тоа е и нов почеток за телото на мајката.
4
Еј, мамичке! Сакам да ти кажам нешто
Гримасите кои бебињата ги прават со лицето не се само симпатични – тие се обидуваат да комуницираат на тој начин. Еве шт...
4




Анкета

Име за момче
linak

Дали ви се допаѓа името Јаков?

Да (51%)

Не (49%)


Број на сите гласови: 146

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!