|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

5 (Скриени)непријатели на кожата

Убавина и Здравје, 10.12.2010
Внимание!! Можеби ја мачите вашата кожа, а не сте свесни за тоа. Ослободете се од лошите навики – пробајте ги У&З решенијата за вас

image
/11


Скриен непријател бр.1

Спиење со шминка

Шокирачки е податокот колку многу жени не ја отстрануваат шминката пред спиење, што и не е голем проблем ако Ви се случи еднаш или двапати во месецот. Но ако го правите тоа секоја ноќ, дефинитивно ќе имате проблем со затнати пори и со акни.

Спас за кожата:  Во миговите на голема исцрпеност или поспаност секогаш имајте при рака шамивчиња за отстранување на шминка. Во идеални услови, измијте го лицето со средство за чистење во форма на гел, а потоа со млака вода. Темелното испирање е многу важно, бидејќи задржувањето на препаратите во порите на кожата предизвикува нивно затнување и појава на акни. 


Скриен непријател бр. 2

Претерано чистење на кожата на лицето

На пазарот постојат различни видови ексфолијатори – зрнести препарати за чистење на кожата, пилинзи и микродермоабразиви за домашна примена. Многу жени претерано ги користат овие препарати што предизвикуваат иритација на кожата и засилено лачење на маснотии. Имено, кога ќе  ја отстраните природната маснотија, кожата се обидува да ја надокнади, произведувајќи ја во големи  количества. Претераната ексфолиација може да предизвика долготрајна штета: маѓепсан круг на губење на течностите и пропаѓање на клетките. Крајниот исход може да биде црвена кожа, на која полесно ќе се појавуваат брчки.

Спас за кожата:  Ако Вашата кожа е нормална, ексфолирајте ја еднаш неделно. Ако е мрсна и акнеста, тогаш правете го тоа двапати неделно. Ако е сува и чувствителна, или исклучително чувствителна, темелното чистење еднаш месечно е сосема доволно. На крај, ако при употреба на нов препарат почувствувате затегање или печење на кожата, веднаш измијте го со вода.


Скриен непријател бр. 3

Нездрава или недоволна исхрана

Ако се изгладнувате за да влезете во новиот фустан или редовно грицкате чипс наместо овошје или зеленчук, губите важни витамини и други хранливи материи.

Спас за кожата:  Жените најчесто не земаат доволно биотини и омега – масни киселини, а тоа се два клучни фактора за здравјето на кожата. Најголемо количество од тие материи се наоѓа во интегралните житарки, млечните производи во рибата и јаткастото овошје. Исто така, јадете спанаќ и зрнесто овошје, бидејќи се богати со антиоксиданси. На крај, ако внесете доволно корисна храна, нема да има место за различни “глупости“ , без разлика колку и да копнеете по нив.


Скриен непријател бр.4

Недостаток на сон

Недостаток на сон влијае врз општото здравје, но и врз кожата. Нашиот организам ненаспаноста ја доживува како вонредна состојба и излачува големо количество стрес – хормони. Тие му сигнализираат на организмот да ги транспортира кислородот и хранливите материи од клетките на кожата во внатрешните органи. А кога кожата не добива доволно храна, ги губи еластичноста и сјајот, па пука, се појавуваат темни подочници и отоци.

Спас за кожата: Тука нема компромис – ноќниот сон мора да трае минимум седум часа. Во случаите кога не можете да го постигнете тоа, немојте да гледате ТВ или да седите пред компјутер пред  да одите на спиење. Научните истражувања покажаа дека блескавата светлина (како онаа од компјутерот) ја намалува продукцијата на мелатонин – хормон што го регулира циклусот сон – будна состојба, па предизвикува невозможност да заспиете. За свеж изглед по една непроспана ноќ користете серум.

 

Скриен непријател бр. 5

Циклично губење и враќање на килограмите

Честото дебелеење и слабеење ги слабее влакната на кожата, поради што таа се опушта и се создаваат ситни брчки. Дури и губењето на само 2,5 килограми ако е рапидно, може да предизвика различни проблеми на кожата.

Спас за кожата: Ако Вашата кожа ја загубила еластичноста поради слабеењето – дебелеењето, користете лосион за зацврстување на кожата. Тие ќе помогнат, но во одредена мера. Многу поважно е да бидете помудри : слабејте не повеќе од еден килограм неделно, тоа е безбедно и за организмот и за кожата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
18
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Поддржуваме мали бизниси: Cacao potentia
Cacao potentia го создадов прво за себе и за своето семејство и сега е достапно за сите кои се љубители на какао и здрав...
4
Која е тајната на бразилските убавици?
Бразил овие денови е центар на најдобриот фудбал. Убавите бразилски успеваат да држат чекор со сјајните фудбалери. Адриа...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?