vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Сте пробале ли некогаш да направите шницли од свежи печурки? Ручек за сечиј вкус, па пробајте и вие...
Измијте ги печурките и исушете ги на кујнска крпа, а потоа исечкајте ги на покрупни парчиња. Во тенџере на оган загрејте го маслото и пропржете ги печурките набрзина. Потоа, во тавче испржете кајгана од три јајца. Во меѓувреме, трите парчиња леб потопете ги во млеко. Потоа, настрана, во еден подлабок сад измешајте ги кајганата и печурките и додајте го лебот на крај. Додајте ги зачините и едното јајце и измешајте убаво, а потоа формирајте шницли со раце. Ставете ги во лебните трошки и пржете во многу врело масло. Послужете ги со убава салата или јогурт. На здравје!
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3
200 гр свежи шампињони
4 јајца
2 лажици масло за јадење
сол, бибер, вегета (по желба)
3 парчиња бајат леб
лебни трошки
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...