Nina.Nina
|
Здраво Мајки, барав низ темите, ама за жал не најдов тема која се однесува на облеката за најмалите. Оваа тема ја отварам за да се информираме за бебешката облека, од каде најчесто купувате, далил сакате брендирана облека што налага и повисоки цени, или повеќе барате квалитет по пристапни цени? Јас преферирам да купувам облека од проверени места, со добар квалитет и пристапни цени. Имав искуство со брендирана облека и беше катастрофално, парчиња што се смалуваат и собираат по неколку перења, материјали што се туткаат... Исто така би можеле тука да дискутираме и за попусти и поволности низ бебешките бутици. Многу се радувам на вашите мислења, и се надевам ќе цвета темава, како што цветаат нашите најмали.
|