|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Опстипација кај бебињата
20.5.2009 8:47:44   
mami
Кај малите деца многу често се случува да настане опстипација и по неколку дена што е сосема нормално. е сега доколку малечкото не успее да се олесни и по 1 недела тогаш е време за доктор. Обично опстипацијата(запек) настанува како резултат на воведување цврста храна, покрај млекото, или пак премин на адаптирано млеко.
Кај Лука се појави ама траеше нешто помалку од еден месец и цело време му дававме кашички од сливи и сокчиња и јаболку многу па некако се изрегулиравме инаку секое какање ни беше со вриштење и дигање ноџиња во вис за да му биде полесно.
Како вие го решававте овој проблем?

< Поракaта ја уредил Elena -- 20.5.2009 18:06:45 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Опстипација кај бебињата
8.7.2009 20:50:34   
mami
незнам што да правам- докторката вика Легофер за железото а нему му ствара запек и кутрото многу тешко кака додека го пие сирупот, незнам веќе што храна да му давамuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Опстипација кај бебињата
8.7.2009 22:08:00   
Еца
Истиот проблем го имавме и ние. Решение еве сега давај му праски, диња, лубеница, супи од зеленчук со повеќе брокула, давај му патлиџан, краставици.Доколку успееш да му воведеш од оваа храна ќе приметиш подобрување на столицата. И внимавај колку бисквити, кексичи, суви работи јаде, тие создаваат запек.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Опстипација кај бебињата
13.9.2009 13:31:59   
mami
откако го прекинавме легоферот и поминавме на природен сок за железото се е во ред со столицата..јаде диња како лудо(ја обожава) и праски и грозје..ма секакво овошје сака- што е супер..следната недела сме на боцкање за ѓелезото па ке видиме до кај сме стигнале

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Опстипација кај бебињата
13.9.2009 13:46:31   
niki
Bravo za maliot decko, nie kako rasteme se poveke se soocuvame so tvrda stolica i toa zosto se poveke odbiva da jade ovosje i zelencuk, sega za zelencuk sme svedeni na grav i patlidjan se drugo nesaka a ovosje potkasnuva po nekoj zalak ama i toa bi go preskoknala. Uf uf ke moram nekoja akcija da sprovedam.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Опстипација кај бебињата
14.9.2009 0:44:08   
Еца
Луѓе Мила има 1 месец и три недели и веќе цела недела имаме проблем со какњето(ако може така да се каже)бидејќи ми кака на два до три дена, зарем новороденче не треба да как во денот барем 4 5 патиuser posted image само е на цицање.Докторката ми рече дека не е страшно, но мене не ми е сеедно. Имал ли некој сличен проблем кај своеот бебеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Опстипација кај бебињата
14.9.2009 1:02:47   
Еца
Често пати кај доенчињата кои само цицаат се случува поретко да се празнат, дури и еднаш неделно, бидејќи мајчиното млеко целосно се вари, па и самата столица е многу оскудна и најчесто е неапсорбирани протеини, цревен секрет(слуз) и многу гасови.
Додека доенчињата кои се на адаптирано малеко имаат повеќе остатоци во цревата и вистинската опстипација кај нив е многу почеста.

user posted image user posted image user posted image Сега малку се смиривuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Опстипација кај бебињата
12.10.2009 11:32:40   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: betpet

Здраво рингераја мајки,кажете ми ги вашите искуства со запек кај бебиња,односно неможење на бебето да се искака.Се храниме со вештачко млеко Аптамил и само се напрега еве цел ден и не може да се искака,па поради тоа и не може да јаде колку што треба.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Опстипација кај бебињата
12.10.2009 11:52:01   
ripce
Ние пиевме повеќе течности... и сега кога ќе видам дека во текот на денот не е какал, му давам повеќе течности, ни помага сокче од круша, јаболка, слива

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Опстипација кај бебињата
12.10.2009 12:38:44   
mis.
Бет пет сигурно запек му создава аптамилот.Бидејќи е мало за дохрана со сокчиња можеш да му даваш чајче од анасон еве бекутанот,плантехсот се добри за мали бебиња.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Опстипација кај бебињата
13.10.2009 2:19:23   
mami
Ако Аптамилот му создава запек, пробај со друго млеко..на внук ми не му пријаше аптамилот ама затоа на Хипп млекото му е екстра, никакви нус појави...секое дете различно го прифаќа млекото

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:02:06   
Mammy
Ние имавме проблем со запек кај Арман откако почнав да му давам кашички на база на ориз. Детето три дена не какаше, само плачеше. Купивме специјален сируп за деца од смоква и слива, како и чепчиња за деца. И конечно се олесни. Така да препорака до мајките да внимаваат со кашичките со ориз кај бебиња од 5 месеци.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:05:27   
mami
mammy може да му е и само реакција на потврда храна воопшто. Си му давала пред тие, други кашички?
и зошто сируп, обична кашичка од слива или водичката во која си сварила неколку суви сливи помага веднаш

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:07:33   
mis.
Обично не треба постојано да се дава храна која предизвикува запек посебно да се внимава на банана,ориз и морков.Треба да се комбинира со друга храна како круша јаболко кои ја нормализираат столицата и се дозволени како прва храна кај бебињата.

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:11:15   
Mammy
Не знаев за водичката од сливи..а бе вчера немав интернет иначе ќе ве консултирав докторки мои..user posted image
Памет за друг пат..

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:11:35   
mis.
Ние кога имавме проблем со опстипација ни дадоа глицерински чепчиња кои не ни помогнаа.Ќе одеше по голема нужда и пак исто стагнација и до една недела.што се покажа дека е гладно и воведовме друга храна и се стабилизира.Сум чула дека и топломер намачкан со павличева маст пикнато во гзе може да го олесни бебенцето.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:15:21   
mami
:))) затоа сме тука. Бидејќи си почнала пред месец дена со кашичките, сосема е нормална опстипацијата од причина што цревата не се уште навикнати да варат нешто повеќе од обично млеко па работат малку потешко. Обично се регулира за брзо време. Само давај му од време на време кашичка од слива- земи компот од сливи и само во блендер среди го, или како сокче дај му

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:16:55   
Mammy
Е тоа за топломер, една сестра од Јане Сандански ми кажа, кај машки деца да не се мери температира со топломер во газето, ниту пак да се прави провокација за какање..Не знам зошто user posted image
Тоа само кај девојчиња..
А инаку ставивме и чепче специјално за деца од Фитофарм.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:17:14   
mami
јас го легнував на кревет, го соблекував, ноџињата свиткани со колената кон стомачето и му го мачкав анусот со многу крема- ми беше страв да не му распука од толку сврсто гомце, и го притискав со коленцата врз стомачето и успеваше

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:19:42   
mis.
Мами и јас на истиот начин а не знам зошто кај машки неuser posted image
Да тие на фитофарм и јас сум ставала од нив,глицерински чепчиња во постаро време ставале сапун.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:20:43   
Еца
и кај Мила деновиве се појави опстипација и јас веднаш исфрлив банана и морковче и давав само јаболче и во текот на денот се олесни. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Опстипација кај бебињата
25.1.2010 14:23:24   
mami
кашичка од јаболко е права работа. Лука од првиот ден кога почнавме со дохрана јаде по едно јаболко дневно- прво беше кашичка, па рендано, па сега се сечкани парчиња. Луѓе столицата му е редовна ко швајцарец- иле е некаде околу 12 -13ч напладне или вечерта кај 7.30-8 пред бањање. Не сме утнале денuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Опстипација кај бебињата
29.1.2010 13:25:38   
Еца
вчера имав драма дома, user posted image Мила не можеше да сед искака, плаче, вришти, пушти едно гоuser posted image како брабушче и башка малку крвче и се појави, веднаш ја намачкав убаво со крема, па и го масирав мешето, пак пушти малку со плачење, земав ја ставив во коритот малку во потопла водичка и го масирав мешето и на крај едвај се искакаuser posted image денес ќе и дадам само јаболче user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Опстипација кај бебињата
29.1.2010 13:57:01   
Mammy
Еца, крушката мене ми помогна. Таа е подобра од јаболкото за таа работа. Пробај.









_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Опстипација кај бебињата
29.1.2010 14:01:24   
big_mama817
а да пробаш со сирупот ос сливи и смокви се дава кај бебињља од 6 месеци па нагоре пробај ефикасен е јас на син ми дадов пред неколку дена и се нормализираше

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?