Saturn
|
Еве некои мои финти за бебе или мало дете да јаде: - иако не се препорачува сол, кога веќе сум имала проблем сум додавала малце сол во јадењето со зеленчук и кога не ставам нешто од животинско потекло додавам и некоја лажичка кисело млеко за да биде повкусно (пр, ориз со спанаќ или компир со брокула ги мешам и со 2-3 лажички кисело млеко, за бебе од 6,7,8,9 месеци) - го седнувам на столче за јадење пред компјутер и му пуштам baby einstain за да му го одвлече вниманието и да не е многу свесно дека јаде - или на масичето пред него ставам некои пластични или гумени играчки за да се занимава додека го хранам, значи повторно вниманието да не му е во јадењето, туку во играчките - тој што станува нервозен кога треба да се храни бебето, подобро да не му дава да јаде бидејќи бебињата и децата се осеќаат и ако „зрачиме“ со таква енергија, веројатно им се уклучува „црвеното светло“ за нејадење. Кој има баба или некој што може бар за почеток да помогне, или таткото, тој или таа нека го храни бебето. Или па, одлучете дека денес еве нема да се нервирам и да не јаде, од утре ќе се нервирам и ќе преземам други мерки за да пројаде, ама сега нема да се нервирам ,ако сака нека јаде, ако не сака, нека не јаде. - За анемично бебе јас имам додавано малку легофер во сокчето и издробено ц-витаминче за деца до сокот. Подобро е со свежо изцеден сок, повкусен е тој. Нормален хемоглобин за деца е од 95 нагоре, а не од 120. Можеби и од топлово време на бебињата и малите деца им е проблем да јадат во количини кои ние ги сметаме за ок. Потполно сочувствувам со сите мајки што имале ваков проблем. Ќерка ми имаше и малце рефлукс и баш беше голем проблем, многу мачно. Сега е ок.
(Одговор на членот oliva)
|