|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај младата авторка Ева Ристевска

Марина Кљајиќ Петковски, 17.2.2022
На прв поглед - повлечена и срамежлива девојка, која сака да води долги и длабоки разговори. Како автор, се обидува преку нејзините зборови да покаже дека и добрите и лошите чувства се дел од нашиот живот

image
/11


Ева Ристевска е млада писателка родена на 9.11.1999 која живее во село Дрмени, Ресенско. Денес, студентка во четврта година на Теориска математика на ПМФ. На прв поглед - повлечена и срамежлива девојка, која сака да води долги и длабоки разговори. Како автор, се обидува преку нејзините зборови да покаже дека и добрите и лошите чувства се дел од нашиот живот.

Со еден збор - која е Ева?

„Вљубена во долги и метафорични описи тешко е да се опишам себе си со еден збор, но ако морам, именка која најдобро ме доловува би била – Уметник." 

 

Рингераја:  Кога ја откри љубовта кон пишувањето?

Имаш ли учества на литературни конкурси, освоени награди, објавени други дела..? 

Ева: Уште како дете, уживајќи во пишаниот збор, пишував за душата користејќи го псевдонимот Црна ружа - со што во основно и средно образование добив неколку награди на конкурси за пишување состави. На четиринаесет години започнав со пишувањето на мојот прв роман - „Ангус“, кој самостојно го издадов на крајот од прва година средно во 2015 година. Пред „Ангус“, до мојата тринаесет годишна возраст се фокусирав на збирка раскази како и делови од приказни за деца, но никогаш не се осмелив јавно да објавувам, секако најмногу поради неукоста во процесот на издавање како и младата возраст.

 

Рингераја: Кога започна со пишување и како сфати дека тука 'лежи' книга?

Ева: После промоцијата на мојот прв роман, кој наместо да го продавам се решив да го подарувам на секој кој ќе изрази желба, продолжив со активно пишување низ наредните четири години во кои се посветив во пишување кратки текстови - „Мемоари без наслов“ или делови од мојот живот, од кои се роди романот „Звукот на тишината“.

Рингераја: Колку време беше потребно за да ја напишеш книгата?

Ева: Ја пишував на несекојдневен начин при кој никогаш не започнав од почеток како стандарден роман, едноставно си собрав сите мои „Мемоари без наслов“ кои подоцна ги сврзував во форма на роман чиј тек природно си доаѓаше сам од себе. Сето тоа, со паузи, континуирано учење и студирање траеше четири години.

Рингераја: Кажи ни нешто повеќе за книгата – кратка содржина и најважните работи за приказната. За што се работи, што те инспирираше да ја напишеш, дали имаш некаква лична допирна точка или искуство со темата на која пишуваш?

 

eva

 

Ева: Оваа приказна зборува за животот, злосторствата кои може да ги направи еден човек, за тагата, љубовта, зборува за секојдневните проблеми со кои се соочува секоја индивидуа, зборува за корумпираниот свет кој ја опкружува една навидум осамена девојка, чии проблеми носејќи ги на своите рамења ја претвориле во сосема друга личност - пред се од предизвиците кои ги носи нашето општество. Инспирирана од западното германско движење и нивните идеали, во книгата има и вистинити елементи – личности и случувања кои имаат историско влијание во Германија од каде што е и идејата за истата држава да биде локацијата каде што се одвива приказната.

Звукот на тишината гласно зборува дека во секоја неочекувана темна сенка се крие блага светлина која можеме да ја дофатиме и да се извлечеме од ќошето во кое сме се заглавиле. Приказната започнува со почетокот на новата учебна 1960 година во средно училиште во Долна Саксонија и една девојка по име Клара која започнува ново поглавје од нејзиниот живот. Низ целата приказна се проткаени и мрачни сеќавања и личности од минатото кои ја засенуваат и нејзината сегашност. Запознавајќи се со група на истомисленици, Клара запловува и во водите на политиката, придружувајќи се на група средношколци и студенти кои се глас на револуцијата против тоталитаристичкото општество. Низ приказната е проткаена и сенката на еден убиец кој се вмешува и во минатото и во иднината на Клара и ги поврзува сите конци на приказната.

Рингераја: За која читателска публика е наменета?

Ева: Сметам дека секој поединец кој има желба за мистерија, драма и романса, проткаени со таинствена метафора би бил дел од таа таргет група. Покрај тоа, мислам дека најмногу би се пронашле млади луѓе кои запловуваат во несигурниот средношколски свет, но и секој еден поединец кој се соочува со душевна болка чиј глас сака да излезе на виделина.

Рингераја: Каков беше процесот околу издавањето на истата? Каде читателите можат да ја набават?

Ева: Можеби еден од моите најголеми предизвици во кои сум успеала освен факултетот, беше макотрпниот процес на средување и издавање на „Звукот на тишината“. За разлика од Ангус, која само ја предадов на Ѓурга и тие се погрижија за остатокот, Звукот на тишината ме исцрпи целосно додека напорно се трудев да ја издадам и да ја доближам до читателите. Процесот за самостојно издавање е голем предизвик и навистина тежок, со оглед на тоа што јас се решив  целосно сама да го направам дизајнот и уредувањето, проредот, маргините, конвертирањето на текстот како и дизајнирањето на самата корица која ме долови тотално мене како личност и ја реализира мојата најблиска другарка, ми требаше и доста истражување на алатките и самостојна подготовка. Но тука не завршува процесот. Кога книгата беше спремна за принтање, знаев дека сум само до половина. Промовирањето, патувањето од еден издавач до друг, лекторирањето, ги пронаоѓав сосема сама. Сето тоа комбинирано напоредно со студиите по Теориска математика на ПМФ беше за мене навистина тешка реализација.

Меѓутоа, сега гордо можам да кажам дека книгата може да се најде скоро низ сите книжарници во  Скопје како и да си ја нарачаат читателите дирекно од мене со што секоја нарачка е персонализирана, изработена со многу љубов и бесплатна достава од мене.

 

eva1

Рингераја: Која е пораката која ја пренесува книгата ?

Ева: Пораката на книгата се крие во прашањето - Колку гласно се слуша „Звукот на тишината?“

- Би рекла дека ничии зборови не би одговориле на ова како што успеа тоа да го долови една многу драга личност за мене до која допрела и не спои баш таа “Тишина”. Цитирам зборови од нејзината моќна рецензија: “Звукот на тишината станува мојот единствен глас во бесот на секојдневитето. Има ли некој помоќен, посилен и појак звук од звукот на тишината?“ Така што со гордост можам да кажам дека “Звукот на тишината” допрел до срцата на многу луѓе со што ја исполнав својата цел – некој да се пронајде во моите зборови и да го слушне гласот кој се крие во секој од нас.

Рингераја: Што е оригинално и уникатно во твојата книга? Зошто мислиш дека има потенцијал да допре до читателите?

Ева: Не знам како би оценила уникатност, сметам дека секое дело е уникатно, носејќи дел од душата на авторот кој го напишал. За мојата книга би рекла дека е обоена со чувства, младешки и во поголемиот дел ладни и темни, но покажува дека секој може да носи во себе илјадници тајни, да се бори со анксиозност, со депресија и пак да изгледа “нормален” за општеството. Можеби уникатното е тоа што пишувам од моја лична перспектива, како една девојка плови низ свет обоен во меланхонија, но додавам и вистинска историја, фикција и грам мистерија, за да доловам една широка палета со боите на животот на една средношколка.

Рингераја: Членуваш во книжевните групи на социјалните мрежи. Сметаш ли дека се читаат и ценат македонските автори? Имате ли некој омилен меѓу нив?

Ева: Откако една од моите читателки ме покани да учествувам во книжевните групи, станав дел од една голема фамилија од топли луѓе кои ме потикнуваат секој ден да творам со нивната константна поддршка. Токму и дел од тие луѓе беа причина за Звукот на тишината да се распространи насекаде во Македонија. Тука открив колку всушност се ценат македонските автори, што претходно воопшто не сум се сретнала со таква група на луѓе. Секако, сеуште за жал, многу бројни се и оние кои кога ќе прочитаат дека е наше, македонско, веднаш се оддалечуваат и не ни даваат ниту шанса. Не сум се сретнала со многу македонски автори, меѓутоа имав можност да учествувам директно со моето искуство во издавањето на првата книга на една наша македонска авторка - Илина Јовановиќ, чие постигнување на нејзината прва книга ме израдува како да е мое, така што не можам никој македонски автор да го ставам како омилен пред неа.

 

eva2

Рингераја: Работиш ли на нешто ново?

Ева: Никогаш и не престанувам со творење, тоа ми е во душата – доловувањето на секојдневните мисли, чувства, сцени или едноставно набљудување на човековата природа и психа, сето тоа конвертирано во зборови. Дали ќе се роди ново дело, ќе покаже само времето.

Рингераја: Како изгледа еден твој ден?

Ева: Како вљубеник во уметноста, дозволувам самото расположение да ме води, со што секој ден ми е различен. Меѓутоа, како апсолвент на Теориска Математика, обврските секојдневно си бараат од мене константно учење и посветеност. Се на се, се трудам тоа мало слободно време да го користам правејќи го она што ме опушта – Слушање на музика, свирење на пијано, пеење, цртање на портрети во доцните ноќни часови како и гледање на моите омилени серии. Но, иако сум интроверт кој ја обожува удобноста на домот, се пронаоѓам и во природата, па сакам да заловувам во светот на планинарењето, едноставните кратки прошетки низ празни улици или диви полиња, па дури и слушање на гласна музика во кола.

Рингераја: Што читаш, кој ти е омилен жанр? Омилен автор? Омилена книга?

Ева: Тешко е да се одлучам за омилена книга и автор – ги има многу во кои уживам и секој ракопис си носи дел од душата на авторот. Писатели кои ги издвојувам се: Ирвин Д. Јалом, Достоевски, Ман, Песоа и Гете. Ако би морала да бирам, од книги би ги издвоила “Човековата потрага по смисла” од Франкл, “Гавранот” од Едгар Алан По, “Смртта во Венеција” од Ман, “Кога Ниче плачеше” од Јалом, како и “Злосторство и казна” од Достоевски.

Еден од ликовите кои оставиле печат врз мене е токму Андреј - главниот лик од новелата “Судбината на човекот” отсликан од Шолохов, кој го слика теророт предизвикан од човечкиот поматен ум, го отсликува руското општество на начин кој му дава големина на обичниот човек, ставен во услови на загрозена егзистенција.

Ќе завршам со ликот Раскољников кој е вистинска контемплација за доброто и злото, а самиот роман “Злосторство и казна” – за мене критика на нихилизмот.

И благодариме за издвоеното време на Ева и и посакуваме многу успеси во иднина.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
9
Капите како моден додаток
Капите се нешто што мора да го имате како зимски додаток затоа што се клуч за подобар изглед во комбинација со било кој ...
3
Фотографии: Првиот концерт на Северина
По долгата пауза од бременоста и породувањето, Северина го одржа првиот концерт во преполната дискотека Аурора во Далмац...
3
Анџелина Џоли повторно блеска!
Анџелина Џоли и Бред Пит присуствуваа на берлинската премиера на филмот „World War Z“
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?