Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Летото е убава можност за подготовка на разновидна храна
Модрите домати пресечете ги на половина и издлабете ги околу 0,5 cm. (средината оставете ја за фил). Посолете ги и оставете ги да постојат околу 15-20 минути. Измијте ги под млаз вода и оставете ги да се исушат Сварете го оризот, прелијте го со ладна вода и процедете го. На масло испржете го исецканиот лук, додадете го ситно исечканиот модар домат. Додадете го оризот, ајварот и останатите зачини Половините од доматот наредете ги во тава за печење и наполнете ги со филот. Одозгора наредете кругови исечкани домати и ставете ги во рерна да се печат околу 45 минути.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
2 модри домати
малку сол
1 лажица масло
1 поголем домат
Фил:
60 гр. ориз
1 лажица масло
30 гр. микс од интегрални снегулки
1/2 лажица масло
1/2 лажица бибер
1/2 лажица црвен бибер
1 лажица ајвар
1/2 лажица мелен сушен зеленчук
малку лук во прав