Посни грицки со сончоглед и сусам
Автор:
Редакција Рингераја
Овие грицки се одлично мезе за со пиво, фантастична ужинка во било кое време од денот, идеални за носење на патување и за долги филмски вечери во домот. Уживање на милион начини!
Подготовка
Ставете ги сите состојки во поголем сад за месење и замесете ги. Тестото убаво се меси за добро да се соединат состојките. Потоа, со помош на сукало се формира кора со дебелина околу 1 см. Со помош на калапи се сечат форми од кората. Добиените форми се ставаат во намрсена тава со малку маргарин, а од тестото кое останува, се повторува истата постапка како претходно, се додека не се потроши. Формираните грицки се печат околу 20 минути на температура од 200 степени.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
Состав
250 мл масло
250 мл пиво
250 гр сусам
250 гр лупен сончоглед
1 лажиче сол
2 кесички прашок за печиво
брашно по потреба (околу три шолји)
-
забава Бремените
Автор: bobik Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Анкета
Jana9
Odite na bazen?
Da (50%)
Ne (50%)
Ponekogas (0%)
Број на сите гласови: 4
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

