Посни пирошки со фил од ајвар
Автор:
Редакција Рингераја
Сигурни сме дека ајварот на многумина им е омилениот намаз. Ако и вие спаѓате во таа група, ви препорачуваме да ги направите овие посни пирошки и да уживате во нивниот вкус за појадок или ужина
Подготовка
Подготовка: Во длабок сад за месење ставете ги квасецот, шеќерот, една лажица брашно и додајте 100 мл млака вода. Убаво измешајте ги состојките за да се растопи квасецот. Потоа, садот ставете го на топло место за време од 5 до 10 минути, за да нарасне квасецот. Брашното просејте го низ сито. Во садот со нараснатиот квасец, додајте ги брашното, ладно цеденото масло, солта и постепено додавајте млака вода. Продолжете со месење за време од неколку минути, додека добиете меко тесто. Тестото оставете го двојно да нарасне за време од 20 до 30 минути. Нараснатото тесто поделете го на два до три дела. Од секој дел, со помош на сукало исучете кора со дебелина од 5 милиметри. Потоа, со калап за пирошки или со чаша, од кората исечете кругови. Во секој круг ставајте по 1 мала лажичка ајвар, а потоа формирајте пирошки. Во претходно намрсен плех редете ги пирошките и оставете ги да нараснат за време од 30 минути. Во мал сад ставете го сенфот и додајте малку вода. Измешајте ја смесата. Секоја пирошка премачкајте ја со смесата од сенф и вода, а потоа наросете сусам по желба. Вака припремените посни пирошки печете ги во загреена рерна на 250 степени, за време од 20 минути, додека добијат убава румена боја. На здравје!
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
Состав
1 кг брашно
1 коцка свеж квасец
50 мл масло
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка шеќер
млака вода по потреба
ајвар
1 лажица сенф
сусам за наросување
-
забава Бремените
Автор: bobik Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Анкета
Jana9
Odite na bazen?
Da (50%)
Ne (50%)
Ponekogas (0%)
Број на сите гласови: 4
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

