Турски симит
Автор:
Редакција Рингераја
Со ориентален вкус
Подготовка
1. Во еден длабок сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во него. Во неа издробете го квасецот, додадете го шеќерот и млаката вода. Измешајте колку да се стопи квасецот. Не мора да чекате да стаса. 2. Додадете ја солта и зејтинот и замесете меко тесто кое не се лепи за рацете. Убаво изработете го тестото (месете околу 10 мин.). Ставете го во набрашнет сад и оставете да стаса убаво. 3. За тоа време, испржете го сусамот во едно тавче „на суво“. Не додавајте зејтин, путер или сл. 4. Подгответе го и премазот со тоа што во еден подлабок и широк сад ќе го ставите маџунот, водата и брашното и убаво ќе промешате. 5. Откако стасало, измесете го повторно и поделете го на шест дела од кои ќе направите топчиња. 6. Земете едно топче и во средина со палците направете дупка. Со помош на плаците оформете го симитот, но притоа немојте да тегнете туку само внимателно „гмечете“ го тестото. 7. Секој симит најпрво потопете го на кратко во премазот од маџун и потоа „извалкајте“ го во сусамот. 8. Ставети ги во плех на хартија за печење и печете ги на 200° 25-30 минути. Тестото е со неутрален вкус, какво и треба да биде. Кој сака посолено, тогаш солта во тестото зголемете ја на 1 до 1 1/2 лажичка. Симитите непечени, можете и да ги замрзнете и по потреба да вадите и да печете и така да имате топли симити за појадок. Доколку ги печете замрзнати, тогаш времето на печење се продолжува за 5 минути. Добар апетит!
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 50
Kомплицираност: 3
Состав
550 гр. брашно
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажици зејтин
1 свеж квасец
250-300 мл. млака вода
Премаз
100 мл. гроздов сируп (маџун)
200 мл. вода
1 лажица брашно
За посипување
150 гр. сусам
-
забава Бремените
Автор: bobik Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој род...
Анкета
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)

