|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Разводот е стресна ситуација за родителите и децата подеднакво.

image
/11


 

 

Прилагодување на новонастанатата ситуација

Бидејќи разводот е голема промена прилагодувањето и корекцијата на животните услови треба да се воведуваат постепено. Треба да се имаат во предвид следните типови на живеење:

  • Еден родител има старателство над детето
  • Двајцата родители имаат старателство, двајцата донесуваат одлуки, но детето живее со едниот, а го посетува другиот родител
  • Двајцата родители имаат старателство и го делат местото на живеење

Не постои едноставно решение. Некои деца го делат своето време со обата родители, на други им е потребна стабилноста на домот и посета на другиот родител. Некои родители одлучуваат да останат во истиот дом – ова се случува многу ретко и треба да се избегнува.

Што и да изберете, потребите на детето треба да ви бидат во преден план. Избегнувајте да го инволвирате во конфликтот и да го користите како оружје. Кога ќе треба да одлучите што ќе правите за празници, родендени, одмори, останете фокусирани на она што е најдобро за детето. Важно е родителите да ги решат овие проблеми, а не да ги тераат децата да избираат.

Во текот на пред-тинејџерските години, кога децата имаат сопствени активности-кои не ги вклучуваат родителите, треба да се прилагодите на нивната листа на приоритети. Во идеални услови, децата на разведени родители се најзадоволни кога имаат конзистентна поддршка од обата родители, но приоритет им е училиштето и социјалниот живот. Бидете подготвени и флексибилни за потребите на детето.

Вашето дете може да одбие да го споделува слободното време со Вас, или може да заземе страна. Ако тоа се случи – не сфаќајте го лично. Обидете се да го одржите распоредот и да ја потенцирате важноста од вклученоста на двајцата родители.

Можеби детето ќе сака да го помине цело лето, семестар или учебна година со родителот кој не му е законски старател. Ова не значи дека детето сака и да живее со него. Во секој случај, задоволете ги неговите желби.

 

Родителство под притисок

Тешко е да се одржи Вашата улога на родител кога минувате низ било кој вид на емоционална криза. Можете да бидете доведени во ситуација да побарате емоционална поддршка од децата, или да ги натерате да ви поднесат извештај што другиот родител прави. Немојте да го правите тоа – мајките и татковците треба стабилно да стојат на нозе и да не покажат слабост пред децата. Колку и да се обидуваат да ве разберат низ какви тешкотии поминувате – тие се сепак деца.

Доследноста и дисциплината во домот е многу важна. Секојдневните обврски, правила, домашни работа, одењето во кревет навреме, ќе ја намали напнатоста. Многу е важно да се задржи нормалниот тек на живот со одржување на рутинските обврски, јадење, спиење, придржување кон куќните правила и дисциплина. Ако премногу ги релаксирате децата и ги испуштите конците од раце, ќе ги направите децата несигурни и тешко ќе го вратите авторитетот кој сте го имале кај нив. Спротивставете се на детскиот порив за кршење на рутината и не допуштајте им премногу слобода. Имајте на ум дека децата не се расипуваат од бескрајните прегратки и утешни зборови, туку од купување работи кои треба да ја заменат Вашата љубов.

Разводот е најголемата криза која може да го снајде семејството. Но ако вие и вашиот партнер можете да останете во добри односи заради Вашите деца, тоа за нив може да претставува извор на енергија, дури и ако сте основале ново семејство.

 

Затоа запомнете:

  • Помогнете им со нивните болни чувства околу разводот. Ако вие се приспособите, Вашите деца ќе го сторат тоа исто така. Ако вие ја надминете Вашата емоционална криза, децата нема да го чувствуваат товарот од Вашата загриженост.
  • Бидете трпеливи со себе и со детето. На раните предизвикани од загубата и повредата после разводот им треба време да зацелат.
  • Препознајте ги знаците на стрес. Консултирајте го наставникот, лекарот или терапевтот како да се справите со проблемите кои ќе ви го пресретнат патот.

Само со добра поддршка од Ваша страна, децата ќе успеат да се прилагодат и да живеат нормален живот откако нивните родители ќе се разведат.

 

Развод - прв дел

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
6
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?