Смоква - кокос ролат
Автор:
Редакција Рингераја
Брз, едноставен и вкусен ролат, совршен за слави и имендени
Подготовка
Сомелете ги смоквите, додадете им маргарин исечкан на листови, ореви и шеќер во прав и се добро измешајте со рака додека не добиете компактна смеса. За делот од кокос измешајте го кокосот, шеќерот и маргаринот исечкан на листови. Додадете рум и мешајте со рака додека смесата не се соедини. По желба може да направите еден поголен ролат или два помали. Ако правите два помали ролати преполовете ги двете смеси. Исто така само одберете кој дел сакате да Ви биде надворешен, а кој внатрешен. Ставете на работната маса проѕирна фолија и на неа ставете го белиот дел, одозгора ставете проѕирна фолија и исплескајте ја смесата. Над белиот дел со нож разнесете го делот со смокви, додека потполно не го прекриете белиот дел. Направете ролат и ставете го да се стегне во фрижидер. Исечете парчиња со тенок нож.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Број на лица: 3
Kомплицираност: 2
Состав
За дел од смокви
200 гр. смокви
100 гр. маргарин
100 гр. шеќер во прав
50 гр. мелени ореви
За дел од кокос
150 гр. кокос
150 гр. шеќер
150 гр. маргарин
2 лаж. рум
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
AnMari
Kako da se odvikne deteto od stravovite od temnicata?
So postepeni kazhuvanja (100%)
So odenje vo temni prostorii i sokazhuvanje deka nema nishto tamu (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

