Пита со јаболкa
Автор:
Редакција Рингераја
Интересен начин на подготовка на пита
Подготовка
Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и изрендајте ги. Исцедете ги, додајте шеќер и цимет и измешајте. Ставете две кори на работната површина, на едниот крај намачкајте од смесата со јаболкa и завиткајте ја кората. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите корите или филот. Во тавче премачкано со масло, наредете ги завитканите кори, притоа внимавајќи да не се допираат меѓусебно. На крај, премачкајте го горниот дел од питата со малку масло и ставете ја да се пече 40 минути во загреана рерна на температура од 180°C. Доколку питата брзо добие златна боја, покријте ја со алуминиумска фолија. Откако ќе се испече, оставете ја питата да се олади половина час. Послужете ја на парчиња со должина од 6 см и одозгора наросете шеќер во прав.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 3
Состав
2кг киселкасти јаболкa
1кг готови свежи кори за пита
1дл масло
150г шеќер
Цимет
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
AnMari
Kako da se odvikne deteto od stravovite od temnicata?
So postepeni kazhuvanja (100%)
So odenje vo temni prostorii i sokazhuvanje deka nema nishto tamu (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

