Америчка пита од тиква
Автор:
Редакција Рингераја
Најубавата американска семејна пита
Подготовка
Замесете тесто од брашно, маргарин, сол, шеќер, кора од лимон и јајце. Ако не успевате да го замесите додадете 1-2 лажици ладна вода. Завиткајте го во фолија и ставете го пола час во фрижидер. Сварете ја тиквата на пареа. Пасирајте за да добиете пире. Така направеното пире измешајте го со топеното сирење и двете јајца, медот и зачините. Ако смесата е сува додадете малку млеко. Обликувајте го тестото во калап за пита и избоцкајте го со вилушка за да не испука. Ставете го во рерна околу 10 минути на 220 степени. Потоа ставете ја смесата од тиква и сувата брусница. Печете 45 минути на 180 степени, или додека рабовите на тестото не потемнат.
Време на подготовка од: 70
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 5
Состав
Тесто
300 гр. брашно
150 гр маргарин
1 јајце
2 лажици шеќер
сол, кора од лимон
Смеса од тиква
300 гр. пире од тиква
200 гр. топено сирење
2 јајца
50 гр. сушена брусница
млеко по потреба
100 гр. жолт шеќер
2 лажици мед
ванила, рум цимет, индиско оревче кора од портокал
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
AnMari
Kako da se odvikne deteto od stravovite od temnicata?
So postepeni kazhuvanja (100%)
So odenje vo temni prostorii i sokazhuvanje deka nema nishto tamu (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

