Есенски сон
Автор:
Редакција Рингераја
Есенско сонување во вид на колач
Подготовка
Пенесто изматете ги маргаринот и шеќерот, додавајќи една по една жолчка. Додадете го млекото и мешавината од брашно со прашок за печиво. Измешајте и додадете сецкано чоколадо и лажица по лажица снег од белки. Испечете го тестото во подмачкан плех (25 х 30) Ставете го млекото на оган и додадете го румот. Врелиот колач прелијте го со млекото и оставете го да се излади. Со миксер пенесто измешајте ги јајцата со две лажици шеќер брашно и ванилин шеќер.Додадете ги в о млекото кое врие и мешајте додека кремот не се згусне. Тргнете ги од оган, покријте ги со проѕирна фолија и оставете да се излади. Пенесто изматете го маргаринот додадете го пирето од костени и додадете го во изладениот фил. Премачкајте го тестото. На пареа стопете ја Нутелата и слатката павлака и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Оставете го преливот да се излади и премачкајте го колачот. Оставете го колачот најмалку два часа во фрижидер пред послужување.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
Состав
За тесто
3 жолчки
140 гр. шеќер
100 гр. маргарин
3 лажици какао
1 лажица ситно сецкано темно чоколадо
4 лажици млеко
80 гр. брашно
1/2 пак. прашок за печиво
снег од 3 белки
Прелив
6 лажици врело млеко + 1 лажица рум
Крем
2 јајца
4 лажици брашно
1 пак. ванилин шеќер + 2 лажици шеќер
3 дл. млеко
120 гр. маргарин
250 гр. пире од костени
Глазура
4 лажици Нутела
1 дл слатка павлака
рендано чоколадо
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
AnMari
Kako da se odvikne deteto od stravovite od temnicata?
So postepeni kazhuvanja (100%)
So odenje vo temni prostorii i sokazhuvanje deka nema nishto tamu (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

