Непечена торта со јаготки
Автор:
Редакција Рингераја
Фина освежувачка торта. Може да се користи било кое овошје
Подготовка
Измелете ги бисквитите и бадемите и додадете го растопениот маргарин. Добро измешајте за да се соединат состојките. Смесата ставете ја на дното на подмачкан калап. Оставете го на ладно додека го подготвувате филот. Натопете го желатинот со ладна вода и оставете да набабри. За тоа време измиксирајте ја хоплата со шеќер во прав и кон тоа додадете ја павлаката, сокот од лимон и се` добро измешајте Земете го набабрениот желатин и загрејте го во микробранова или на шпорет на ниска температура да се стопи и во тенок млаз додавајте го во смесата од хопла и кисела павлака, миксирајќи цело време. Јагодите измијте ги, исчистете ги и оставете ги цели. Наредете ги густо, една до друга на подготвената подлога и полијте ги со филот. Одозгора ставете рендана кора од лимон. Ставете ја тортата да се излади во фрижидер и послужете.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
Состав
200 гр. бисквити
100 гр. мелени бадеми или лешници
100 гр. растопен маргарин
За фил:
300 мл. хопла
300 мл.павлака
150 гр. шеќер во прав
12 гр. желатин во прав
3 лажички сок од лимон
500 гр. јаготки
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
Jana9
На колку години положивте за автомобил?
18-20 (30%)
20-25 (20%)
25-30 (0%)
30-35 (0%)
35... (0%)
Не немам положено (50%)
Број на сите гласови: 10
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

