Англиска пита од јаболкa
Автор:
kikicka
kikicka Ви препорачува
Подготовка
Омекнатиот путер го гмечиме со вилушка,го додаваме брашното и 6 лажици вода и мешаме со рака. Добиеното тесто го оставаме во прозирна фолија замотано и го ставаме на 10мин во фрижидер. Така оладеното тесто го делиме на два еднакви дела.Првиот дел го ставаме во калапот за печење,и со прстите го оформуваме рамномерно на долниот дел од калапот. Потоа го бодиме тестото со вилушка. Јаболкате ги лупиме и сецкаме на мали коцки или пак може и едно рендано јаболко. Така на исецканите (рендани) јаболка го додаваме сокот од лимонот,го додаваме сувото грозје,шеќерот,густинот,ванилиниот шекер и циметот.Состојките ги мешаме и овој прелив од јаболка го ставаме врз тестото. Останатиот дел од тестото,го ставаме на набрашнетата работната површина и со помош на сукало го развлекуваме тестото до саканата големина и го ставаме врз преливот од јаболка.Полека го притискаме за убаво да се залепи на смесата,и да не излегува од страната. Печиме 30 минути на 170 степени во загреана рерна. Така изладена питата ја вадиме од калапот и ја премачкуваме со мармаладот од кајсија и по желба ставаме шеќер во прав. Бон апетит! :))
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 3
Состав
250гр.- брашно
170гр. -путер
1вреќичка-Ванилин шекер
6 лажици вода
1кг.-Јаболки
1 лимон
4лажици шеќер
3 лажици густин
100гр.-суво грозје
цимет
2 лажици мармалад од кајсија(или било кој)
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
Jana9
На колку години положивте за автомобил?
18-20 (30%)
20-25 (20%)
25-30 (0%)
30-35 (0%)
35... (0%)
Не немам положено (50%)
Број на сите гласови: 10
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

