Монте
Автор:
Редакција Рингераја
Обидете се да го јадете само еднаш:)
Подготовка
Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот, додадете вода па уште малку матете. Додадете ги сите останати состојки и матете колку што е потребно за да се изедначат состојките. Печете на 180 C околу 20 минути. Печеното тесто прелијте го со преливот (со врелото млеко додадете несквик и добро измешајте) за белиот крем одвојте неколку лажици млеко за да го растворите густинот. Преостанатото млеко варете го со шеќерот. Откако ќе зоврие додадете густин. Да се меша неколку минути и да се додаде ванилиниот шеќер. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се лади. Во изладениот крем измешајте го маргаринот. За темниот крем ставете ја слатката павлака на тивок оган, додадете ги двете врсти чоколадо и мешајте додека не се стопи чоколадото. Оставете да се лади барем 2 часа. Ако сакате посладок крем додадете 1-2 лажици шеќер. Изладениот бисквит премачкајте го со бел крем, па со темен крем.
Време на подготовка од: 90
Време на подготовка до: 120
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 5
Состав
Тесто:
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици топла вода
- 3 лажици брашно
- 3 лажици какао
- 1/3 прашок за печиво
Прелив:
- 1/2 дцл. млеко
- 2 полни лажици несквик
Бел крем:
- 6 дцл. млеко
- 5 лажици шеќер
- 6 лажици густин
- 2 пак. ванилин шеќер
- 20 гр. бело чоколадо
- 150 гр. маргарин
Темен крем:
- 200 гр. темно чоколадо
- 100 гр. млечно чоколадо
- 5 дцл. слатка павлака
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
micichka
preeska mi se skrsi toplomerot vednas go sobrav so pravosmukalka...sega mi e strav da ne sum nazgazila nekoja ziva...oti znam deka preku kozata moze da se prenese vo organizmot!!kazete mi iskustvo :))
Ima li nekoj seriozni posledici ?? (68%)
Kako da se spasam od zivata ?? (14%)
ve molam piset_e komentar ako imate iskustvo !! :( (18%)
Број на сите гласови: 71
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

