Кадифени срца
Автор:
Редакција Рингераја
Кога патуваме на брановите на храната и емоциите, кадифените срца се станица која не смееме да ја заобиколиме. А кога еднаш на неа ќе застанеме, не одиме понатаму додека целосно не ги изедеме и не преточиме медени емоции во нашите срца...
Подготовка
Маргаринот, медот и шеќерот загрејте ги на ниска температура да се растопат. Во подготвената смеса ставете ги јајцата, какаото, брашното, циметот, морското оревче и прашокот за пециво. Замесете тесто и оставете го да стои околу еден час во фрижидер. Исукајте го тестото малку подебело и со помош на калап извадете срца. Ставете ги во плех обложен со хартија и печете на 175 C околу 10 минути. Изладените срца потопете ги во чоколадна глазура и ставете ги на решетка да се стврднат, а потоа залепете ги со мармалад. Колачињата чувајте ги во кутија неколку дена, за да омекнат.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
Состав
- 75 гр. маргарин
- 200 грама багремов мед
- 100 гр. шеќер
- 1 јајце
- 40 гр. какао
- 400 гр. брашно
- 1/2 лажичка цимет
- рендано морско оревче
- 2 лажички прашок за пециво
- 2 лажици мармалад од сливи
За глазура:
- 200 гр. чоколадо
- 80 гр. маргарин
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
micichka
preeska mi se skrsi toplomerot vednas go sobrav so pravosmukalka...sega mi e strav da ne sum nazgazila nekoja ziva...oti znam deka preku kozata moze da se prenese vo organizmot!!kazete mi iskustvo :))
Ima li nekoj seriozni posledici ?? (68%)
Kako da se spasam od zivata ?? (14%)
ve molam piset_e komentar ako imate iskustvo !! :( (18%)
Број на сите гласови: 71
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

