Домашна пилешка супа
Автор:
Редакција Рингераја
Вкусен оброк за Вас и Вашите дечиња
Подготовка
Земете големо, длабоко тенџере и ставете го пилето (пилешките гради). Во тенџерето ставете ги зеленчуците, освен зачините. Прелијте се со еден литар ладна вода и оставете да се вари на средна температура. По еден час, со вилушка проверете дали пилето е варено. Пилето е варено ако има бела боја од надвор и од внатре. Откако пилето ќе биде сварено извадете го и вниматело исчистете го од коските. Месото ситно исечкајте го и вратете го во супата. Ставете ги јуфките и зачините. Коренот од целер извадете го од тенџерето. Кога јуфките ќе бидат сварени, извадете го ловоровиот лист. Ловоровиот лист најдобро е да се извади бидејќи има силен и интензивен мирис кој може да го надвладее целото јадење. На крај, во супата ставете малку сок од лимон или јаболков оцет.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
Состав
1 цело пиле (може и пилешки гради)
2 моркови, исечкани на тркалца
1 голем кромид, ситно исечкан
1 чешне лук, ситно исечкано
пола корен од целер
1 компир, излупен и исечкан на ситни коцки
1 цел домат
2 пиперки, зелена и црвена исечкани на коцки
1 ловоров лист
300 гр замрзнат грашок
250 гр јуфки
една китка ситно сецкан магдонос
сол, бибер
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
Jana9
Dali odite na fudbalski natprevari?
Da (0%)
Ne (100%)
Ponekogas (0%)
Број на сите гласови: 1
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

